Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. „Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и […]

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес


Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на кинеска калиграфија на Ѓоре Ѓелев од Велес, ученик на Институтот „Конфуциј“ во Скопје. Беа претставени 30 дела во кинеска калиграфија пишувани во различни стилови и пренесени мудрости од Конфуциј и од кинеската античка поезија. Изложбата ја отвори кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, а ја […]

Мицотакис ги претстави главните приоритети по реконструкцијата на владата


Справувањето со поскапувањата на цените, поефикасна држава, реструктурирање на примарниот сектор, подобро здравство и образование, би рекол дека сега стануваат наши пофокусирани приоритети, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, што се одржува со новиот состав по вчерашната реконструкција, јави дописничката на МИА од Атина. Реконструкцијата дојде на само неколку дена […]

Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа


Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа. Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила. Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице.

Почина црногорскиот репрезентативен голман Шаркиќ


Голманот на црногорската фудбалска репрезентација Матија Шаркиќ почина ненадејно денеска рано наутро на 26-годишна возраст. Безживотното тело на Шаркиќ е пронајдено во апартман во Будва каде што престојувал. Како што пренесуваат црногорските медиуми, на голманот на црногорската фудбалска репрезентација ненадејно му се слошило изутрината околу 6 часот и 30 минути и неговите пријатели веднаш повикале […]

Американски, канадски и руски воени бродови пристигнаа на Куба


Канадски поморски патролен брод вплови во Хавана во петокот, неколку часа откако Соединетите Држави објавија дека нивниот воен брод се закотвил во американската поморска база во заливот Гвантанамо на Куба, островот каде што руските воени бродови пристигнаа претходно оваа недела. Пристигнувањето на руски, канадски и американски бродови во Куба, островска држава под комунистичка власт на […]

Ова се компаниите од чии акции Бил Гејтс има најголем приход


Со богатство од 132,2 милијарди долари, Бил Гејтс е деветти најбогат човек во светот. Ова богатство го стекнал и со вложување во акции од кои има дневен приход од 1,3 милиони долари. Се очекува во текот на следната година од акциите да има приход од дури половина милијарда долари. Акциите на трите компании од кои […]

Германија спречи нови санкции против Русија


ЕУ не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за клаузулата за подружници и партнери од трети земји за германската економија, пренесува Ројтерс. Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираат за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план […]

Во Прилеп отворена изложба за емиграцијата


Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Испразнетото гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Преку своите дела, Конеска говори за емиграцијата. Отворајќи ја изложбата, Викторија Димеска, историчар на уметност, рече дека станува збор за инсталација со фотографии печатени на пластика, на кои се претставени напуштени куќи, градби и […]

Македонски термини наместо англицизми: Речник со поими од медиумската писменост за наставниците


Во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров, Скопје беше промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. Во овој речник има соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми. Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат […]

САД за уште една година ја продолжија уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан


Претседателот на САД, Џо Бајден за уште една година ја продолжи уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан, оценувајќи оти регионот и понатаму претставува закана по американската национална безбедност и надворешна политика. – Активностите на поединци кои го загрозуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на ситуацијата на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко […]

Меѓународниот олимписки комитет најави Олимпијада на видео игри


Првите олимписки е-спорт игри наскоро треба да бидат додадени во програмата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој сака да ја привлече и задржи помладата публика. ИОК соопшти дека на состанокот следниот месец во Париз ќе побара дозвола од своите членки да го одобрат предлогот за формирање на олимписки видеоигри. Преговорите околу можниот домаќин се во […]

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот во Швајцарија за мир во Украина


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет. […]

Самитот на НАТО ќе опфати повеќе теми, следната недела извештај за споделување на товарот, вели претставничката на САД


Самитот на НАТО во јули во Вашингтон, прво и основно, ќе биде славење на 75 години работа како трансатлантски партнери преку Атлантикот, но ќе се дискутира и на повеќе различни теми и сакаме да поминеме одредено време во разговор за споделување на товарот и фактот дека многу земји напорно работеа во последната деценија во зголемувањето […]

ЕВРО2024: Пивски рестрикции на дуелот меѓу Англија и Србија


Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен. Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, […]

Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта


„По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен преку кој вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век. Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното […]

НБА: Далас со висока победа се избори за петти натпревар


Кошаркарите на Далас се изборија за петти натпревар од финалето во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Бостон на домашен терен со убедливи 122-84. Лука Дончиќ постигна 25 од своите 29 поени во првото полувреме, а Кајри Ирвинг додаде 21 поени за Далас, кој сега ја намали негативата на 3-1 во серијата до четири победи. Најефикасни […]

Се обидуваме да го одржиме пламенот на креацијата: Заврши 58. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите и со концертот на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените синоќа во Прилеп и официјално заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. -Го затвораме 58 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Ги собираме впечатоците, го собираме уморот, се обидуваме да го одржиме пламенот на креацијата и страста во […]

Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина


Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што […]

„Нереална“ слика од фламинго освои награда за ВИ. „Штосот“ е што е вистинска фотографија


Бидејќи сликите генерирани со вештачка интелигенција почнаа да навлегуваат во натпревари за уметност и фотографија во текот на изминатите две години, понекогаш залажувајќи ги жиријата и предизвикувајќи вознемиреност и гнев кај уметниците, фотографот Мајлс Астрај одлучи дека е време да ги промени плимата и осеката. Во категоријата за вештачка интелигенција на натпреварот за фотографија во […]