Меси ја предводи Аргентина на Копа Америка


Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони го објави денеска конечниот список со 26 играчи за Копа Америка. Светскиот шампион Аргентина повторно ќе биде предводен од Лионел Меси и Анхел Ди Марија, кој најави дека ќе се повлече од националниот тим по турнирот, кој започнува во САД на 20 јуни. Во аргентинскиот состав од прелиминарниот […]

Светските лидери разговараат за украинскиот мировен патоказ. Русија е забележливо отсутна


Десетици светски лидери се собраа во саботата во швајцарското одморалиште за да разговараат за тоа како да се донесе мир во опустошената од војна Украина, иако сите надежи за вистински пробив беа пригушени поради отсуството на Русија. Три години по војната, страните остануваат оддалечени како што некогаш биле, при што Киев се држи до своите […]

Осум израелски војници загинаа во јужниот дел на Појасот Газа


Израелската армија денеска соопшти дека осум нејзини војници биле убиени на југот на Појасот Газа, пренесе Бета. Претходно, израелската армија имаше најголеми загуби за еден ден во јануари, кога 21 војник беа убиени во само една пресметка со палестинските борци во Газа. Минатиот месец, израелскиот Врховен суд нареди крај на владините субвенции за многу ултраортодоксни […]

Сиљановска-Давкова се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за мир во Украина што се одржува во Швајцарија, денеска остварила средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како […]

ЕВРО2024: Швајцарија ја освлада Унгарија


Фудбалерите на Швајцарија ја совладаа попладнево Унгарија со 3-1 (2-0) на отворањето на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија. Стрелци на головите за Швајцарија беа Дуах во 12 минута, Едишер (45) и Емболо (90+3), додека неизвесност во дуелот во Келн донесе Варга во 66 минута. Во воведниот натпревар во групата А, домаќинот Германија […]

Зеленски: Мировната конференција ќе го зголеми притисокот врз Москва


Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА. -На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај […]

Принцезата Кејт покрај принцот Вилијам и кралот Чарлс, прв пат по шест месеци на јавен настан


Кејт Мидлтон се појави на балконот на Бакингемската палата од каде со членовите на нејзиното семејство го гледа крајот на денешната прослава на роденденската парада на британскиот крал Чарлс Трети. Таа беше придружувана од принцот Вилијам како нејзин силен поддржувач, откако учествуваше на настанот на коњ. Принцезата од Велс стои до кралот, а снимен е […]

Шведска објави дека руски воени авиони влегле во шведскиот воздушен простор


Руски воен авион го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти денеска шведското Министерство за одбрана. Борбениот авион Су-24 бил пресретнат од шведски Јас-39 Грипен југоисточно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти Министерството, јави ДПА. Министерот за надворешни работи Тобијас Билстром го нарече неприфатливо однесувањето на Русија и најави дека ќе го повика рускиот амбасадор. Инцидентот […]

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите


„Сметам дека оваа организациска поставеност на партијата го дала својот максимум во некои минати времиња. Луѓето бараат нешто ново. Младите бараат нешто ново, не бараат ригидна партиска структура во којашто ќе слушнат наредба во која не учествувале. Сакаат да дадат свој придонес. А ќе дадат свој придонес кога ќе може да комуницираат на соодветен начин […]

Бојчевски: Приоритет на новата влада да бидат здравствените работници кои повеќе од пет години се без здравствено и пензиско осигурување


Приоритет на новата влада треба да бидат вработените во јавното здравство, кои повеќе од пет години работат без здравствено и пензиско осигурување, порачаа денеска Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал (НСЗР) и Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ) кои се обрзаа на соработка со меморандум „Заедно сме посилни“.  – Немаат здравствено и пензиско […]

Пелегрини положи заклетва како нов претседател на Словачка


Петер Пелегрини (48) денеска положи заклетва како претседател на Словачка на церемонијата одржана под засилено обезбедување по обидот за атентат врз неговиот близок сојузник, популистичкиот словачки премиер Роберт Фицо, пред еден месец, пренесе Бета. На посебна седница на Парламентот одржана во седиштето на Словачката филхармонија, Пелегрини во својот говор повика на национално единство. -Ние сме […]

За еден ден во Појасот Газа убиени 30 Палестинци


Палестинското Министерство за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади загинале 30 Палестинци. Од 7 октомври, од почетокот на војната во Појасот Газа загинаа 37.296 Палестинци. Во осуммесечната војна повредени се 85.197 Палестинци.

На двојното убиство во Кратово претходела семејна расправија


Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство денеска соопшти дека при вршење семејно насилство вчера осомничената со умисла ги лишила од […]

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам


Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека празникот Курбан Бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата учејќи нè дека нема големи дела без големи жртви и оти Алаховата помош интервенира […]

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, кое го извршил на 4. месецов во банка на ул. „Бојмија“ во Скопје од каде одзел 2.628.901,55 денари.  Како […]

Прво заедничко претставување на програмите на кандидатите за претседател на СДСМ: Потребен е став за клучни прашања


За СДСМ да се врати како силна политичка партија мора јасно да дефинира став по клучните прашања и да покаже дека вистински се грижи за интересите на своите членови и граѓаните, порача Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, на првото заедничко претставување на програмите на сите кандидати во Кавадарци. „Ни треба став за многу […]

Харис најави нова помош за Украина од 1,5 милијарди долари


Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари. Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина. Помошта е наменета и за хуманитарни цели.

Земјоделците бараат итна средба со Владата за цената на житните култури


Полјоделците од сите региони здружени во Националната мрежа на земјоделци на состанокот во Свети Николе заклучија дека откупната цена од 30 денари за килограм пченица, односно лебно зрно, може да ги спаси од загуба. Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци, вели дека направиле пресметка според која произлегува дека  производната цена на пченицата и […]

Почина поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, почина на 54-годишна возраст по кратко боледување, објави денеска лондонскиот клуб на својата официјална веб-страница. – Потресени сме од сознанието дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше сакан од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент. […]

Утре посебен режим на сообраќај во општина Илинден, се одржува велосипедска трка


Министерството за внатрешни работи извести дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. […]