Зошто Ријана ја немаше на Мет Гала?


Њујорк – Ријана, како модна икона, со легендарни тоалети на најважната модна ноќ во Њујорк,  најави дека ќе оди на Мет Гала во 2024 година, а синоќа беше забележливо нејзиното отсуство. Извор за People изјави дека тоа е затоа што Ријана е болна од грип. Пред гала настанот, Ријана коментираше дека ќе биде таму но […]

Како Вагнер ја смени и операта и музиката


Германскиот композитор беше највлијателниот музичар во неговата ера по Бетовен, повторно измислувајќи ја операта и водејќи го патот кон музичкиот модернизам – сепак поврзаноста на неговата музика со Третиот рајх му остава сложено наследство Од сите композитори, Рихард Вагнер останува најконтроверзен. Ниту еден друг класичен музичар не буди таков фанатизам, за и против. Речиси сите […]

Изложени ликовни творби од ученици по повод Националниот комеморативен ден на Израел – Јом Хашоа


По повод одбележувањето на Националниот комеморативен ден на Израел – Јом Хашоа, кој е посветен на хероизмот во Варшавското гето, денеска во Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје е отворена изложба од ликовни творби на ученици кои учествуваа на наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Учесниците низ своја призма […]

Поетско-преведувачката вечер со проф. д-р Зоран Анчевски на Филолошки факултет


Филолошки факултет „Блаже Конески” организира поетско-преведувачката вечер со проф. д-р Зоран Анчевски, која ќе се одржи на  9 мај (четврток) 2024, во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Разговорот посветен на неговиот поетски и преведувачки опит ќе го водат проф. д-р Калина Малеска и проф. д-р Милан Дамјаноски.   Зоран Анчевски (1954) […]

Во јуни Молдавија и Украина ќе започнат преговори за пристапување во ЕУ 


 Украина и Молдавија се очекува формално да ги отворат преговорите за пристап во ЕУ во последната недела од јуни. Неколку дипломати со кои РСЕ разговараше под услов да останат анонимни се уверени дека ќе се одржи „церемонијална меѓувладина конференција“ (IGC) во Брисел со двете земји непосредно пред Унгарија да го преземе шестмесечното ротирачко претседавање со […]

Само 31 македонски државјанин пријавен за гласање во македонската амбасада во Белград


  Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во македонската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Гласачкото место 5025 во македонската амбасада во Белград беше […]

Украинците објавија видео: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“


Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност (СБУ) објави дека фатила руски агенти кои биле вработени во Украинската државна гарда. Претставници на разузнавањето велат дека руски агенти планирале да го убијат претседателот и други високи владини функционери. Шефот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека […]

ДИК: Гласаат болните и изнемоштени, затворениците, внатрешно раселените и дијаспората


Во земјава денеска во тек е гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор, лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, внатрешно раселените лица и лицата од дијаспората, информираат од Државната изборна комисија. Вкупно 11.095 болни или немоќни […]

Италија ќе забрани соларни панели на земјоделско земјиште


Италијанската влада усвои предлог-закон со кој се забранува поставување соларни панели на земјоделско земјиште, објавија министрите, но сигнализира зелено светло за фотоволтаични системи над полињата и виноградите. Како дел од пакетот мерки за заштита на земјоделството и рибарството, Владата забрани поставување на фотоволтаични системи на земјоделско земјиште. „Ја прекинавме практиката на неконтролирано поставување на фотоволтаични […]

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат европскиот пат


Европската Унија верува дека сите политички сили во Северна Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат, порача денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори.  – Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Северна Македонија во ЕУ […]

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри


Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и […]

Новиот триумвират на Европската унија


Неодамнешните говори на францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски покажуваат колку е променето европското размислување откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја поддржува основната порака на Макрон, подинамична, покохерентна надворешна политика на Европската унија може да биде при рака. Самиот […]

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари за литар, еуродизелот за денар


Од утре малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/литар, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и […]

Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје, во фокусот како до повисоки стапки на раст


Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, на кој главен фокус ќе биде како да дојдеме до повисоки стапки на раст на економијата. -На Тринаесеттото издание […]

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез


Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“. Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски. Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 […]

Руската Влада поднесе оставка по инаугурацијата на Путин


 Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за оставка на владата, што е процедура предвидена со закон кога шефот на државата ја презема функцијата. Досегашниот премиер – Михаил Мишустин, неговите заменици и министри ја продолжуваат својата работа, но во својство на в.д.по инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин. – Согласно член 35 од Федералниот уставен закон […]

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.  Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот […]

Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти


Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април […]

Деца, под закана со нож, ограбиле други деца во Центар


Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена […]

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни […]