Бела куќа: Израелското затворање на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“


 Белата куќа  соопшти дека затворањето на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“, откако Израел испрати тенкови во јужниот град Рафа и ја презеде контролата врз преминот со Египет. „Премините што се затворени треба повторно да се отворат, неприфатливо е тие да бидат затворени“, нагласи портпаролката Карин Жан-Пјер на брифинг.  Таа додаде дека уште еден премин, […]

Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација


Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ. Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 […]

Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра


 Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,7%), по што следуваат валутите и депозитите (30,1%) и монетарното злато (11,1%).

Не знаат да се опуштат: Хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината


Грижењето за иднината е вообичаен феномен, а стравот од непознатото може значително да влијае на нашето секојдневие. Додека некои луѓе не се грижат за деновите што претстојат, други постојано се грижат за тоа што може да тргне наопаку. Еве во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не можат да ја прифатат сегашноста: Девица Девиците […]

Џиџи Хадид со нов изглед и уникатна тоалета со 3D жолти ружи на Мет Гала


Њујорк– Иако Џиџи Хадид не прошета на црвениот тепих со Бредли Купер, таа сепак ги вртеше главите! Во чест на темата оваа година, која е „Градината на времето“, инспирирана од изложбата „Заспани убавици: повторно будење на модата“, супермоделот се одлучи за тоалета на Том Браун. Белата тоалета  со раменици се состоеше од 3D жолти ружи […]

Луѓето кои имаат копии од специфични гени речиси сигурно ќе развијат Алцхајмерова болест


Луѓето кои носат две копии на генот APOE4 речиси сигурно ќе добијат Алцхајмерова болест и ќе се соочат со симптоми на порана возраст, објавија научниците во студијата, а пренесува британската агенција Ројтерс. Оваа прекласификација би можела да го промени истражувањето на оваа болест, дијагнозата и пристапите кон лекувањето, велат научниците чие истражување е објавено во […]

Припадници на АРМ ќе учествуваат на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово


На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната 20-та седница донесе неколку одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежби и во операција на НАТО. Како што информира прес-службата на Владата,  донесена е одлука за испраќање припадници на АРМ за учество во вежбата „BEYOND HORIZON 24“ во Бугарија, […]

Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука за суспендирање на Шенген системот и воведување гранични контроли на сите граници во пресрет на Европското првенство во фудбал, објавија германските медиуми. Првенството ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава. Минатата година министерката се колебаше со месеци за носење ваква одлука, иако беше […]

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре


 Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.  -Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе […]

Од песок, може да се облече само еднаш. Тајла го носеше најбизарниот фустан на Мет Гала


Пејачката на „Water“ Тајла пристигна во песок на нејзиниот прв црвен тепих на Мет Гала. Работејќи со стилистката Кејти Кијан, јужноафриканската пејачка носеше извајана тоалета од Балмен, која го претставуваше „песокот на времето“, изјави таа за La La Anthony на црвениот тепих. „Навистина сакавме нешто надвор од кутијата за оваа година, првпат сум на Мет“. […]

Тркалезна маса: „Зелените“ иновации ќе станат нова реалност, а „зеленото“ образование секојдневие


Компаниите мора да работат на развивање зелени иновации, како и на создавање кадар со кој ќе може да го спроведат процесот на зелена трансформација. Но, за да се овозможи создавање стручен кадар, потребно е поврзување со образовните институции и успешно работење и создавање образовни центри за развивање зелени иновациски вештини. Компаниите мора да бидат активни […]

Која е целта на посетата на кинескиот лидер Ши на Белград


  Посетата на кинескиот лидер Ши Џинпинг на Европа започна во понеделникот во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, а одржа трилатерална средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и државен банкет вечерта во Елисејската палата. Денеска Макрон го одведе Ши до превојот Турмале на 2.000 метри во […]

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал на изборен материјал


 Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Како што информираат денеска од МВР, не […]

Мишел Вилијамс испиша историја со накитот на Шанел на Мет Гала


Има ли подобро парче накит за носење на изложбата насловена „Заспаните убавици“ од оној дизајниран да разбуди цела индустрија? Синоќа, на годишниот Мет Гала во корист на Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметноста, актерката Мишел Вилијамс носеше репродукција на дијамантски ѓердан со реси првично дизајниран за колекцијата на Коко Шанел од 1932 година. […]

Ја претепал сопругата со тврд предмет


Денеска, во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Н.И.Ц.(46) од Република Бугарија, затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да гласаат за двата вида избори или само за еден


Државната изборна комисија упати апел до гласачите и до избирачките одбори во пресрет на утрешните двојни избори. Според членот на ДИК, Бобан Стојаноски, избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден вид одеднаш. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за […]

ССК за цените на автоосигурувањето: Сериозно општество не треба да си дозволи вакви екскурзии


Уште еден доказ за неорганизираност на нашето општество, за честото носење избрзани одлуки, без јасна предвидливост, непријатна ситуација од која сите ги чувствуваме последиците. Вака денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Трајан Ангелоски ги оцени последните случувања околу цените за осигурување на возилата. Според него, треба точно да се знае која мерка е […]

Град Скопје се бори со меѓуврсничкото насилство


Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите од сите градски средни училишта задолжени за справување со врсничкото насилство кај младите. Координаторите ги презентираат училишните извештаи за состојбите од оваа проблематика во училиштата, а ги презентираат и мерките и […]

„Како дише Ким Кардашијан“: Сребрениот фустан на Мет Гала ги загрижи фановите


Ким Кардашијан (43) прошета на црвениот килим пред Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк,  но нејзината тоелата предизвика одредена конфузија и загриженост кај обожавателите. За годишниот гала настан, кој се совпадна со изложбата „Заспаните убавици: повторно будење мода“ на Институтот за костими, Кардашијан носеше сребрен фустан во стилот на корсет на Џон Галијано, кој и […]

Конзервацијата на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново е во последна фаза, најави Костадиновска-Стојчевска


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска информира дека по неполни четири години, интервенциите за целосна заштита на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново се во последна фаза, со што сонот и заложбите на генерации експерти од заштитата се реализирани. „Црквата на Ангелот од Курбиново трпеливо чекаше на достојно внимание. И го доби, и стана наш врвен приоритет. Црквата доби статус – добро […]