Шолц: Патот до ЕУ за некои земји од Западен Балкан е многу, многу долг…


Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува „Дојче веле“. Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија, пред сѐ, зависи од условите што земјата членка мора […]

Ескобар потврди дека на крајот на месецов ја напушта функцијата специјален пратеник за Западен Балкан


Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека верува оти Црна Гора ќе биде следната членка на ЕУ. Тој на онлајн брифинг со новинарите рече дека неколку земји од Западен Балкан цврсто се на патот на евроатлантските интеграции и дека е задоволен од тоа. – Тоа посебно важи за […]

Американската тениска федерација ќе плати висока глоба по тужба за сексуално насилство


Њујорк – Американската тениска асоцијација мора да ѝ плати отштета на тенисерката Кајли Мекензи (25) во износ од девет милиони долари по тужба за сексуален напад, објави денеска Атлетик. Тенисерката ја поднесе тужбата во 2022 година. Во текот на судскиот процес беше откриена вмешаност на нејзиниот тренерот во сексуално насилство. Инцидентот датира од 2018 година, кога […]

САД ги повлекоа лиценците на американските добавувачи на Хуавеи


Американските власти повлекоа повеќе лиценци кои им дозволуваа на компаниите како Интел и Квалком да извезуваат чипови за лаптоп и друга електроника на санкционираниот кинески гигант Хуавеи. Повеќе извори ја потврдија оваа информација за Ројтерс, а еден од нив истакна дека компаниите не биле информирани дека повлекувањето на лиценците и дозволите ќе стапи на сила […]

Истрагата не најде биолошки траги од убиеното девојче Данка


  Вишото јавното обвинителство во српскиот град Зајечар за весникот „Данас“ ги потврди информациите кои се појавија во одредени медиуми дека новите вештачења на ДНК кои пристигнале во обвинителството не покажуваат дека има биолошки траги од убиеното девојче Д.И. „Во досега добиените резултати од ДНК нема биолошки траги од девојчето. Сепак, важно е да се […]

Вучиќ: Ми се смејат кога велам дека ќе донесам летачко такси во Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг дека му се смееле кога рекол дека во Белград ќе воведе летечко такси и дека Србија веќе разговара со една кинеска компанија со цел ваков превоз да се воспостави до 2027, кога во Белград се одржува ЕКСПО.   „Засега нема да го откријам […]

Снимен вител; Метеоролог: Тоа е торнадо (видео)


Вител е регистриран на Јадранското Море, во Словенија. Метеоролог објасни дека сепак се работи за торнадо. Како што јави загрепската телевизија N1, во вторник рано попладне на словенечко-италијанската граница се појави виор. Според првичните информации излегол на брегот кај градот Миље, а потоа се упатил кон Јадранското Море каде се распаднал. Како што пренесува трстскиот […]

Бербер си го нападнал малолетниот чирак на Бит Пазар


Во вторникот, во 13.37 часот во СВР Скопје, Ф.Х.(44) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот, нејзиниот малолетен син, кој работел како чирак во берберница на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од сопственикот на берберницата М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Со трактор прегазил жена во Р`жаничино, Скопско


Во вторникот во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Р`жаничино, Скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР […]

Со фанфари во Марсеј пристигна бродот што го носи олимпискиот факел


  МАРСЕЈ – Се зголемува возбудата во јужниот француски град Марсеј, каде што величествениот брод со три јарболи што го носи олимпискиот факел пристигна од Грција пред церемонијата за добредојде на зајдисонце во средата. Организаторите на Париските игри ветија „фантастични“ прослави во градот, каде Старото пристаниште е ставено под високо обезбедување. Факелот беше запален во […]

Излезноста до 15 часот за претседателските избори е 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44


До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 или 33,73 отсто. За парламентарните избори се пристигнати податоци од 2.136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416. 915 или 37,44 […]

Жарко Пуховски за Татковинското движење: Тие се малигни и сакаат да бидат како АфД


  Познатиот хрватски политички аналитичар Жарко Пуховски за телевизијата Н1 го коментираше договорот на ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ и Татковинското движење да формираат мнозинство за новата влада. „Татковинското движење (ТД) кога ќе порасне би сакало да биде Алтернатива за Германија (АфД), но за разлика од нив немаат никаков интелектуален политички потенцијал да ја преземат […]

Ова е индиската милијардерка со најскап накит на Мет Гала


  Во понеделник, 6 мај, индиската бизнисменка Суда Реди — од Хајдерабад, која е мажена за П.В. Кришна Реди – излезе на црвениот тепих на Музејот на уметност Метрополитен во свилена тоалета од слонова коска која содржи десетици цвеќиња, извезени цвеќиња и рачно корсетирано елече со мал автопортрет на кој држи роза. Надополнувајќи го нејзиниот […]

Едно дете во кома, уште 12 повредени при пад на рингишпил во Србија


Во Куршумлија, Србија се урна рингишпил, при што повредени се повеќе деца, од кои едно во кома, како што јавија српските медиуми. Повредени се дури 13 деца, а некои медиуми јавуваат за шест повредени, од кои три потешко. Како што објави „Блиц“, 13-годишно момче е во кома, додавајќи дека две деца се тешко повредени. „Едното […]

Пустец ја отвори туристичката сезона


Во организација на Општина Пустец, традиционално, со низа активности означен е почетокот на туристичката сезона, при што се презентирани природни убавини, културни богатства, македонските традиционални јадења, традиции и обичаи. -Повеќе ресторани и производители на храна и мед на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Пустец, пред црквата „Свети Архангел Михаил“ имаа штандови со свои производи […]

Уште еден социјалдемократ е физички нападнат во Германија


  Уште еден политичар е физички нападнат во Германија. Берлинската сенаторка за економски прашања Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија (СПД), беше повредена во вторникот попладне во напад во библиотека во германската престолнина. „Госпоѓа Гифи ненадејно била нападната одзади од маж во библиотека […] околу 16,15 часот со торба полна со тврда содржина и удирана во […]

Кој е Бенџамин Ингросо: Овој настап предизвика делириум на Евросонг (видео)


Малме – Шведскиот пејач Бенџамин Ингросо кој настапи како гостин, синоќа, на првото полуфинале, во Малме Арената, го имаше најзабележителниот настап.  „Настапот на Бенџамин Ингросо беше еден од главните моменти на вечерта“, „Честитки, одлична изведба“, „Леле, никој не ни кажа дека Шведска има нов крал“, „Натпреварувачите можат да бидат среќни што не е во финалето […]

Пред точно 138 години беше послужена првата Кока Кола – и тоа во аптека


На 8-ми мај, сега далечната 1886 година, беше послужена првата Кока-Кола во светот, но не во кафуле, туку во аптеката Џејкобс во Атланта, Џорџија. Тоа беше креација на д-р Џон Пембертон дизајниран во форма на тоник за вообичаени заболувања. Пембертон немаше поим што се подготвува за неговиот производ, компанија и индустрија што ќе прерасне во […]

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење


Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ. „Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и […]

Осветлен стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, но околу него уште е градежна зона


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека се завршени работите поврзани со поставување рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. На бетонски столбови долги околу 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на стадионот во Битола. „Со изградбата на новата северна трибина и со проектите […]