Затворени гласачките места, Македонија доби претседател


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Според податоците на ДИК […]

Пендаровски: Ако навистина има бојкот во некои делови од земјата, тоа нема да биде демократски


Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба. – Изборите поминуваат во мирна атмосфера, барем во првите неколку часа од изборниот ден. Јас се надевам дека така и ќе завршат, како што личи на држава која што веќе три […]

Џафери гласаше и на претседателските и на парламентарните избори


Техничкиот премиер, Таљат Џафери утрово го исполни гласачкото право и смета дека се исполнети сите услови за одвивање на изборниот процес. – Очекувањата е да заврши денот мирно, значи без проблеми. Јас сум убеден во тоа дека така и ќе биде. Впрочем граѓаните покажаа високо ниво на култура во гласачкиот процес уште на 24 април. […]

Мицкоски: Овие политичари коишто во своето име имаат „европски“ ја злоупотребуваат Европа


  Масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, да ги победиме сценаријата на партијата која што нема „е“ од европски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа […]

Ковачевски: Очекувам граѓаните да донесат одлука со која ќе обезбедиме просперитетна иднина


Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува демократски избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат својот глас и со тоа ќе одлучат каква ќе биде иднината на државата. -Денеска очекувам слободни и демократски избори, како во првиот круг од претседателските избори. Очекувам граѓаните масовно да излезат и слободно да […]

Митрески очекува успешен изборен процес


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески и носител на листата во Изборната единица 5 ги повика сите граѓани да го искористат своето демократско право на глас на денешните парламентарни и претседателски избори. По остварувањето на своето граѓанско право на глас во избирачкото место 1861 во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, тој […]

Сиљановска: Ако бидам избрана, прво ќе се сретнам со соседите, нема да одам во Брисел


  „Се надевам дека граѓаните ќе сфатат оти избирачкото право е нивно, едно од најважните политички права, ќе го употребат и ќе го изберат кандидатот по нивна мерка“, изјави денеска кандидатката за претседател на државава поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, по гласањето на претседателските и парламентарните избори. Таа рече дека очекува Бугарија, бидејќи […]

Европската народна партија одби да потпише писмо за осуда на политичкото насилство на крајната десница


  Расправија избувна меѓу политичките партии во Европа откако десноцентристичката група на која ѝ припаѓа Урсула фон дер Лајен одби да потпише писмо со осуда на крајната десница и серија напади врз политичари во Германија, Белгија, Шпанија, Шведска и Ирска. Во отвореното писмо се повикува Фон дер Лајен да „отфрли секаква нормализација, соработка или сојуз […]

Ако мислите дека шопска салата е наша – Бугарија со неа е на деветто место


  Taste Atlas објави листа на 50 најдобри салати во светот, меѓу кои се две српски, шест грчки, четири турски и две бугарски, меѓу кои и шопската. На прво место е грчката салата Дакос, додека третото место на листата го зазеде класичната грчка салата како што ја знаеме. Шопската салата, како бугарска национална салата, го […]

Овие победнички на Евросонг ќе пеат во Малме – ќе можете и вие да им се придружите


Малме – Второто полуфинале на 68. Избор за песна на Евровизија, во четврток, од 21 часот, ќе им понуди на гледачите дома единствена шанса да бидат дел од шоуто. За време на „Најголемото пеење на светот“, за време на паузата, ќе имаме неколку евровизиски икони кои ќе излезат на сцената за да ги изведат некои […]

Британија го протера рускиот одбранбен аташе – бил шпион


Руското одбранбено аташе, „непријавен шпион“ ќе биде протерано од Велика Британија како одговор на „растечката закана“, соопшти денеска британската влада. Ова доаѓа како дел од големиот пакет мерки за „насочување и попречување на операциите за собирање на руски разузнавачки информации“ во Велика Британија, се вели во соопштението на владата. Како дел од потегот, Британија ќе […]

Кои се највредните компании во секоја земја од Југоисточна Азија


Југоисточна Азија се појавува како економска сила во изминатата деценија. Сепак, постојат многу забележливи разлики во големината на најголемите корпорации со јавно тргување во земјите во регионот. Во оваа визуелизација, ја мапираме највредната компанија во секоја земја од Југоисточна Азија, според нивната пазарна капитализација во тековни американски долари од 18 април 2024 година, пишува Вижуалкапиталист. […]

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 100, а 128 лица се водат како исчезнати


Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана. Спасувачките служни информираа дека 128 лица се водат како исчезнати. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во вторникот побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две […]

Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа


Софија– Двајца носители на листа и фаворити на претстојните избори во Бугарија се наоѓаат на американската црна листа поради корупција. Лидерот на Преродба, Дељан Певски е на американската црна листа од 2021 година. Додека Васил Божков, носител на листа на партијата ЦЕНТАР е на црната листа на САД од 2021 година и се соочува со […]

Струјата од чисти извори стигна до 30 отсто на глобално ниво


  За прв пат, 30% од произведената електрична енергија ширум светот беше од чисти извори на енергија бидејќи бројот на соларни и ветерни фарми продолжи брзо да расте, пишува Асошиетед прес. Од видовите чиста енергија произведена минатата година, најмногу произвеле хидроелектричните брани. Тоа е исто како и во повеќето години. Сепак, сушите во Индија, Кина, […]

Излезноста до 17 часот покажува дека Македонија денеска ќе избере претседател


  На претседателските избори до 17 часот гласале 707 илјади гласачи односно 39,33 отсто, според 99 проценти од обработените гласачки места според податоците од веб-страницата на ДИК. Ова  значи дека цензусот сигурно ќе биде постигнат за Македонија да може денеска да избере претседател.  Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на прес-конференција презентираше податоци за претседателските […]

Реал ќе биде крунисан на 14 мај


 Реал Мадрид ќе го добие шампионскиот пехар во Ла Лига по дуелот на домашен терен против Алавес во рамки на 36 коло, пренесува денеска шпанскиот весник Марка. Раководството на Реал претходно побара титулата да не му биде врачена на следниот натпревар, на 11 мај против Гранада на гостински терен. Тогаш се појави информација дека на […]

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина


 Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија постигнаа начелен договор приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, соопшти денеска белгиското претседателство со ЕУ. – Тие пари ќе бидат искористени за поддршка на обновата на земјата и за воена одбрана на Украина во контекст на руската агресија, објави белгиското претседателство на […]