Иџет Мемети ќе треба да се јавува во суд – одземен му е пасошот


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му определи мерки на претпазливост на И. М., второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание за што веќе информираа од ОЈО. „По денешното произнесување на осомничениот во присуство на […]

Побарувачката на чипови и вештачката интелигенција ги вивнаа приходите на Нвидиа


Бизнисот на американскиот производител на чипови и софтвер, Нвидиа е петкратно поголем благодарение на нагорниот тренд на вештачката интелигенција. – Следната индустриска револуција почна! Многу компании и земји соработуваат со Нвидиа за да ги префрлат традиционалните центри за податоци од трилиони долари на забрзано пресметување и да изградат нов тип на центри за податоци – […]

Хаос на судењето за масакрот во Младеновац: Родителите на жртвите го нападнаа осомничениот


Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац веднаш штом бил внесен во судница го нападнале масовниот убиец У.Б., по што убиецот Урош Блажиќ веднаш бил изнесен од судницата. Хаос на судењето за масакрот во Младеновац: Родители на жртвите го нападнаа У.Б. Од судницата секунда подоцна беше изнесен У.Б. Родителите викаат, на еден од нив му […]

Зошто сите се чудат за новиот портрет на Кејт, принцезата од Велс?


Новиот портрет на Кејт, принцезата од Велс, предизвикува различни реакции на интернет, само една недела откако портретот на нејзиниот свекор, кралот Чарлс Трети, се соочи со сличен одговор. Портретот на Кејт Мидлтон, сопругата на најстариот син на Чарлс, принцот Вилијам, беше нарачан од магазинот „Татлер“ како дел од серијата портрети на членовите на британското кралско […]

Како подлогата од пеглата секогаш да ви биде блескава? Се што ви треба го имате дома


Дознајте како многу брзо и лесно да ја исчистите пеглата за облека. За да ja исчистите пеглата, прво ќе треба да посетите аптека. И можеби ќе најдете неколку таблети обичен парацетамол во вашиот домашен прибор за прва помош. Како да се исчисти подлогата од пеглата Ќе ви требаат 2 таблети парацетамол кои треба да ги […]

Паркот на франкофонија добива паметно осветлување


Во Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилки како дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Овие светилки не само што носат различен и декоративен дизајн, туку и се предвесници на технолошки напредок. Ќе бидат поставени во паркови, шеталишта, основни училишта, градинки и на други клучни локации. Вкупно 715 парчиња […]

Камерниот оркестар од Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска со македонски изворни песни во Рим  


Во организација на Министерството за култура, а во рамките на културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“, во Ватикан, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, концерт ќе одржи Националната установа Камерен оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со солистката Нада Талевска-Спасовска. На програмата на концертот во чест на […]

Туристичка промоција во Берлин со вмрежување на македонски и германски туроператори


Со цел вмрежување и соработка со македонски и германски туроператори во македонската амбасада во Берлин се одржа промотивен настан на иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), во рамки на Меморандумот за соработка потпишан со Алијанса на независни туристички агенции од Германија (ASR). Присуството на претставници од Агенцијата за промоција и поддршка […]

Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на фестивалот РУТА во Сараево 


Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во среда на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво […]

Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“


  На 28 мај, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.    За посетителите кои се заинтересирани да […]

Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење


Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното […]

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени


Пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во торнадото што во вторникот го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за јавна безбедност во Гринфилд, град со околу 2.000 жители, соопшти дека бројот на повредени е дури и поголем од моментално познатото. Националната метеоролошка служба го оцени торнадото со ЕФ-3, што значи […]

Во килибарниот поетски свет на Гордана Михаилова Бошнакоска – изобилство од нестивнати емоции и прележани мудрости (галерија)


Публиката од сите сфери на живеење, синоќа, во КИЦ „вкуси“ од богатата лирска трпеза  на Гордана Михаилова Бошнакоска (1940, Битола), редок спој на дама и плоден автор во македонската литература. Овој пат во килибарниот светлосен свет на нејзината меморија и преку илузијата на сонот, на промоција на најновата поетска збирка „Килибар и младост“, во издание […]

Шведска ќе и даде на Украина дополнителни 6,5 милијарди евра воена помош


Шведскиот премиер Улф Кристерсон соопшти дека неговата земја ќе и даде на Украина дополнителни 6,5 милијарди евра воена помош распоредена во текот на три години за да се спречи инвазијата на Русија. – Оваа поддршка ќе помогне да се финансираат долгорочни донации на дополнителен воен материјал и купување на нов материјал за директно снабдување од […]

Уапсен заменикот на моќниот генерал на Путин


Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми. „Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер […]

Полна месечина во Стрелец 23. мај носи големи промени: Најмногу ќе влијае на три хороскопски знаци


Според астролозите, полната месечина во Стрелец на 23 мај носи големо влијание и промени. Енергијата на полната месечина во Стрелец на 23 мај 2024 година е исклучително моќна и сонлива. Не учи да покажуваме и да примаме благодарност за сето добро што се случува, а особено е љубезен кон оние кои знаат да ги ценат […]

Сончево со умерена облачност, температурата до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната од […]

ЦУК: 1.477 повици на 112 во последното деноноќие, поплавувања и штети од пороен дожд и град


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, а граѓаните барале помош заради поплавувања и штети од пороен дожд, град, како и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата. Регионалниот ЦУК […]

(Видео) Силен топлотен бран во Мексико. Мртви мајмуни паѓаат од дрвја


Во услови на силен топлотен бран и суша, загрозените мајмуни паѓаат мртви од дрвјата во југоисточните тропски шуми на Мексико во последните неколку недели. Локалните медиуми јавуваат дека во државата Табаско, каде температурите оваа недела би можеле да надминат 45 степени Целзиусови, биле пронајдени дури 85 мртви мајмуни. Државната агенција за цивилна заштита преку соопштение […]

Без струја Волково и делови од Аеродром и Кисела Вода


Корисниците од улиците „100“, „101“, „102“ и „103“ во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров утре од 9 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода, а од […]