Како подлогата од пеглата секогаш да ви биде блескава? Се што ви треба го имате дома


Дознајте како многу брзо и лесно да ја исчистите пеглата за облека.

За да ja исчистите пеглата, прво ќе треба да посетите аптека. И можеби ќе најдете неколку таблети обичен парацетамол во вашиот домашен прибор за прва помош.

Како да се исчисти подлогата од пеглата
Ќе ви требаат 2 таблети парацетамол кои треба да ги згмечите, тоа можете да го направите со помош на лажица. Потоа вклучете ја пеглата за да се загрее, но исклучете ја функцијата за пареа, за да не се изгорите. Кога пеглата се загрева, треба да ја нанесете таблетата на железната основа.

Таблетата ќе се стопи под влијание на топлина и добро ќе ги раствори дамките. Можете нежно да ги триете честичките од таблетата со памучно стапче за ушите на особено валканите места. На крајот потребно е да ја избришете подлогата од пеглата со крпа или пешкир. Вашата пегла ќе биде исто како и денот кога сте ја купиле, пишува веб-страницата News Hochu.