Мицкоски од Гостивар рече дека ДУИ ги злоупотребува Албанците


  Македонија е одземена од народот, а контролата во рацете на стотина души кои управувале со земјата со криминал и корупција, рече вечерва на митингот во Гостивар претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема поголем тендер од кој артановци, бујаровци и зечевци не собираат процент“. Според него, „Артан, Бујар и Талат си се […]

Станбена криза во Холандија, паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра


Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза. На огласите за недвижности на Фондот е огласен за 495.000 евра и е најскап во земјата, пишува холандскиот медиум RTL. Има […]

Возачите на Ферари ги изненадија сите и се појавија во сино наместо црвено


Италијанскиот конструктор Ферари најави дека на шестата трка сезонава, која ќе се одржи викендов во Мајами, ќе претстави посебен визуелен идентитет на болидот за да ја прослави 70-годишнината од неговото присуство во Северна Америка. Имено, Ферари ќе вози со посебни сини детали на црвен болид и со тоа ќе отстапи од својата традиција, а возачите […]

Џабир Дерала ја доби наградата „Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа“ за 2024 година


  Претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала, ја доби наградата „Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа“ за 2024 година, која ја доделува Друштвото за Југоисточна Европа (Südosteuropa-Gesellschaft) СОГ од Минхен, Германија. „Длабоко сум почестен и благодарен што ја добив наградата ‘Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа’ за 2024 година. Ова признание не е само лично достигнување […]

Жан Рено го објавува својот прв шпионски роман


Францускиот актер Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“. „Морав да го напишам овој роман – тоа беше предизвик што си го поставив себеси. Отсекогаш сум сакал необични и романтични човечки приказни”, рекол актерот, пренесува Фигаро. Тоа ќе биде приказна за една млада жена која живее мирен живот и […]

Владата го поништи зголемувањето на автоосигурувањето


  Владата на денешната седница ја врати цената цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Во соопштението од седницата се вели дека владата ја усвоила информацијата со предлог-измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Битиќи дека барал од компаниите да гласаат за него


  ВМРО-ДПМНЕ го обвини вицепремиерот за економија и коносител на изброната листа на СДСМ во ИЕ 2 дека ја злоупотребил својата функција барајќи од компаниите да гласаат за него. Портпаролката Марија Митева наведе писмо во кое, наводно, Битиќи упатува апел при тоа цитирајќи дека го барал нивниот гласбидејќи го водел секторот, кој помогнал со финансиска […]

Пендаровски шокиран од дебатата со „празно столче“ на МТВ


  По двете едноподруго претседателски дебати на ТВ 21 и Телма вечерва, наводно, требало да има и трета во три дена – на МТВ. Но таа останала само со Гордана Силјановска-Давкова. Така барем тврди кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, а Стево Пендаровски вели дека никогаш немало таков договор и дека Силјановска со обилна режиска помош на МТВ […]

Ова се највредните компании во главните економии на ЕУ


Следниот инфографик ги прикажува највредните корпорации во 11 големи економии на ЕУ, врз основа на нивната пазарна капитализација заклучно со 15 април 2024 година. Сите бројки се добиени од Companiesmarketcap.com. ИЗВОР: VISUALCAPITALIST.COM Ново Нордиск моментално вреди повеќе од 550 милијарди долари, што ја прави највредната компанија во Европа досега. Фармацевтскиот гигант е специјализиран за лекови […]

Раст на берзите во САД по изјавата на Федералните резерви за зачувување на каматните стапки


Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување. Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите. – Инфлацијата сè […]

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал


Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите. Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ […]

ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори


 Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Република Северна Македонија, прв круг. Според заклучокот, за изборите одржани на 24.4.2024 година, вкупен број на избирачи запишани во избирачки список имало 1 814 317 гласачи од кои гласале 905 622. Неупотребени гласачки ливчиња биле 908 720, важечки […]

Цените на нафтата под 84 долари


Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот под нивото од 84 долари под влијание на сигналите од водечките производители дека може да ја намалат понудата во втората половина од годината и шпекулациите за полнење на стратешките резерви во САД. На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за јулска испорака беше за […]

Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај


Мостот Беласица после речиси една година е целосно отворен за сообраќај. Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај. Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само […]

Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје


Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР. „Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел […]

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи трпението поради чекање за влез во ЕУ


Земјите од Западен Балкан се строго поделени меѓу Западот и Русија, а некогаш силната поддршка за пристапување во Европската Унија сега се намалува, покажува неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и […]

Изгласана е новата Влада на Србија


Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ. За новата влада гласаа 152 од 213 присутни пратеници, 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници. Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од […]

Маж кој се бори со рак доби 1,3 милијарди долари на лотарија


Имигрант од Лаос кој се бори со рак го освои џекпотот од 1,3 милијарди долари на американската лотарија Пауербол. Официјални лица кажаа дека 46-годишниот Ченг Сефан го купил во Портланд добитниот тикет за извлекувањето на 7 април. Тој избра да му бидат исплатени 422 милиони долари по одбиените даноци, што рамномерно ќе ги подели со […]

Зоран Милановиќ со поддршка за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија (ВИДЕО)


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во специјална видео-порака на Фејсбук пред вториот круг на претседателските избори му даде поддршка на Стево Пендаровски, нарекувајќи го „мојот пријател Стево“. Милановиќ вели дека на Македонија ѝ треба претседател кој ќе биде гласот на нејзините граѓани, заштитник на нивните права и бранител на државните интереси. Тоа се тешки задачи, […]

Како работеше ОКТА во првиот квартал годинава


Во првиот квартал од 2024 година, глобалната економија покажа мешани достигнувањa, одбележани со позитивни показатели од една страна и долготрајни предизвици од друга. Сепак, нарушувањата во синџирот на снабдување продолжија, зголемувајќи ги стапките на инфлација и ограничувајќи го производството во одредени сектори. Геополитичките тензии и несигурноста околу трговските политики дополнително придонесоа за нестабилност на пазарот, […]