Најдени телата на две девојчиња во реката Бојана


  Во градот Скадар е пронајдено тело на уште едно девојче, за кое се верува дека е ќерка на Алма А., која со трите деца скокнала во реката Бојана, јавува новинарката на Балкан Веб. Во меѓувреме, потрагата по телата на мајката и синот на Алма Арази продолжува. Алма А., за која се верува дека била […]

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори


За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои утре ќе ги посетат членовите на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови. Од Државната изборна комисија за МИА изјавија дека утре за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните […]

По „рафалите“, Хрватска купува и нови авиони за гасење пожари


По купувањето на борбени авиони, Хрватска ќе го зајакне вториот дел од воздушната флота, поточно со „канарди“ за гаснење пожари. Главниот командант на пожарникарите на Република Хрватска, Славко Туцаковиќ, во понеделникот за Хина изјави дека сезоната на пожари ја дочекуваат со доволен број „канадери“ и „ертрактори“, а флотата ќе се зајакне за приближно две до […]

Русија се закани дека ќе ја нападне Британија: Последиците ќе бидат катастрофални


Русија за прв пат официјално и се закани на Британија со напади на нејзина територија. „Доколку Украина користи ракети доставени од Обединетото Кралство за да ја нападне Русија, тоа може да резултира со руски напади врз воени цели во Велика Британија и надвор од Украина“, објави руското Министерство за надворешни работи. Британскиот амбасадор Најџел Кејси […]

Далас го продолжи договорот со Кид


НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми. Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) […]

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи


Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот […]

Се подготвува изборното Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај


Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика. -Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како […]

Се сретнале Мицкоски и Таравари, разговарале за идната влада


  На два дена пред изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево се сретнал со лидерот на отцепеното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, кое е дел од изборната коалиција „Вреди“.  Се сретнале само тие двајца, на средбата не биле другите членови на коалицијата на албанската опозициска коалиција.  Информацијата прв ја објави ТВ 21, […]

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо


Пет работници го загубија животот додека работеле на поправка на канализациски систем во близина на италијанскиот град Палермо. Еден работник е тешко повреден и е пренесен во болница.  Како што јави италијанската агенција Анса, несреќата се случила во градот Кастелдачија додека работниците, вработени во компанијата „Амап“ која управува со градскиот водовод и канализација во Палермо, […]

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи


Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 […]

Осум фрази кои ги кажуваат пасивно-агресивните луѓе: Сакаат да бидат учтиви, а гаѓаат со отровни стрели 


Комуникацијата игра клучна улога во нашите секојдневни интеракции, а зборовите што ги избираме може значително да влијаат на тоа како се перцепираат нашите пораки. Психолозите тврдат дека треба да внимавате на одредени фрази кои луѓето ги користат многу често за да советуваат некого, да изразат несогласување или да дадат совет, а кои можат да предизвикаат […]

Цените на шеќерот на надолна траекторија


Цените на шеќерот на светските берзи веќе извесно време се на надолна траекторија. Најголемиот светски производител и извозник на шеќер, Бразил, во сезоната 2024/2025 година ќе има послаба од очекуваната жетва на шеќерна трска, која сепак е доволна за рекордно ниво на финално производство на шеќер. Бразил, исто така, ќе преработи 686 милиони тони шеќерна […]

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин, Германија не


  Франција утре на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот следен шестгодишен мандат ќе ја претставува нејзиниот амбасадор во таа земја, изјави француски дипломатски извор за Ројтерс. Изворот рече дека Франција ги забележала резултатите од изборите на 18 март во Русија, остро осудувајќи го репресивниот контекст во кој тие се одржаа. Германија претходно […]

Странски туристи пронајдени во бунар во Мексико, биле застрелани во глава


Телата на тројца туристи пронајдени во бунар во северозападно Мексико имале рани од куршум на главата, соопштија локалните власти, а пренесува Би-Би-Си. Австралиските браќа Џејк и Калум Робинсон (30 и 33) и нивниот пријател, Американецот Џек Картер Роуд (30) исчезнаа на 27 април додека сурфаа во Енсенада, а нивните тела беа пронајдени во саботата. Роднините […]

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото


Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење […]

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија


Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј […]

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата


Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата […]

Минималните плати во ЕУ – највисоки во Луксембург, најниски во Бугарија


Загарантираната минимална плата од оваа година во Хрватска е 840 евра бруто или приближно 677 евра нето. Владата редовно се фали со континуирани повеќегодишни зголемувања на минималната плата. Сепак, и по овогодинешното зголемување, Хрватска е во долниот дел од рангирањето на земјите од ЕУ кои пропишуваат национална минимална плата, пишува Даница.хр. Највисок минималесц има во […]

Во Москва објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во рамки на меѓународниот проект и едиција „100 словенски романи“ деновиве во издание на Центарот за книга „Рудомино“ од Москва беше објавен преводот на руски јазик на романот „Бродот. Конзархија“ од македонски писател Томислав Османли. Преводот на руски јазик го направи Олга Панкина. „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се […]

Значаен пад на цените на нафтата минатата недела


На глобалните пазари минатата недела цената на нафтата падна за околу 7 отсто бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 7,3 отсто, на 82,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот […]