Инфлацијата во САД во март се зголеми на 3,5 отсто


 Инфлацијата во САД во март се зголеми на 3,5 отсто од 3,2 отсто во февруари, објави денеска американското биро за статистика на трудот. Пазарите очекуваа пониска мартовска инфлација од 3,4 отсто, а сега е највисока од септември 2023 година, се наведува на веб-страницата на организацијата. Во март цените на енергијата пораснаа за 2,1 отсто на […]

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила


Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова се усвојува. Вака едногласно, со пет гласа, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по доставен приговор од кандидатката за претседател на државата на […]

Со автомобил удрено 12-годишно дете во Скопје – возачот избегал


Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што го напушти местото на несреќата. Се работи за 12-годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата. Од СВР Скопје потврдија дека несреќата се случила на крстосница од улиците „Московска“ и „Женевска“, а случајот […]

„Волстрит журнал“: Украина се снабдува со десетици илјади дронови од Кина


Иран продава на Русија илјадници дронови за бомбардирање на украинските градови, а 6.000 треба да бидат произведени во руски фабрики по иранска лиценца, но за нападите на руските позиции на фронтот Украина се снабдува со многу повеќе дронови од партнерот на Русија – Кина. Како што денеска објави весникот „Волстрит журнал“, Украина нашла начин да […]

Во Русија и Казахстан евакуирани над 100.000 лица поради големите поплави


Русија и Казахстан наредија евакуација на повеќе од 100.000 лица по брзото топење на снегот што придонесе за надоаѓање на реките и доведе до нивно излевање и најголемите поплави во областа во последните 70 години. Големите поплави им се заканија на многу населени места во планината Урал, во Сибир, како и Казахстан, во близина на […]

Натпревари на Олимпијадата 2024 може да бидат откажани поради загадувањето на Сена


Претседателот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека пливањето како дел од натпреварувањето во триатлон на Игрите во 2024 година може да биде откажано поради квалитетот на водата во реката Сена. Примероците укажуваат на фекална контаминација. Патогени бактерии се пронајдени на планираните патеки за водните натпревари на Олимпијадата во 2024 година. […]

Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство


 Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Северна Македонија, јавија албанските медиуми. -Обвинистелството испрати допис до Министерството за правда на Северна Македонија, во врска со проверката на лицето Фламур Даути, уапсено за дрога во село кај Прилеп, во оваа земја. […]

Се пореален е бојкот на опозицијата на изборите за град Белград


 Изборите за град Белград се распишани за 2 јуни, коалицијата околу СНС веќе ја предаде изборната листа, а во пресрет на утрешната средба на партитие за изборните услови во Собранието на покана на спикерката Ана Брнабиќ, се пореално е опозицијата поради неисполнување на нивните барања, согласно извештајот на ОДИХР, да ги бојкотира изборите, јави дописникот […]

Од извоз на ориз остварен девизен прилив од 7 милиони евра


Извозот на македонски ориз станува важна ставка во остварувањето девизен прилив и од пласманот на минатогодишната реколта на пазарите во странство е остварена досега рекордна сума, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на оризовите полиња во општина Чешиново-Облешево. – Со новиот модел за субвенционирање оризот стана стратешка земјоделска култура, […]

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи


Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот. Концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на […]

Драстично зголемeн извозот на германско оружје и опрема во првите три месеци од годинава


Вредноста на одобрениот германски извоз на оружје и воена опрема во првите три месеци од годината речиси ја достигна вредноста од првата половина на рекордната 2023 година, пред се, поради зголемените испораки за Украина, јави Хина. Од почетокот на јануари до 27 март Владата на канцеларот Шолц одобри извоз на воена стока во вредност од […]

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда


Земјите кандидати за членство во ЕУ – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област – Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март за додавање на едно лице и една група на листата на […]

Започна увидот по пожарот во Универзална сала


Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар. -Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице […]

Како МОТ го „предвиде“ пожарот во Универзалната сала


Во 2020 година, фестивалот Млад отворен театар, беше отворен со претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“, а денеска овој перформанс може да се смета и за предвидување, барем според насловот. Авторите на претставата Кристина Леловац и Филип Јовановски, тогаш појаснија дека тоа е перфпрманс-есеј на Жан Кокото во прошетка по скопските улици, […]

Два спектакуларни концерти за големото отворање на Grand Casino Admiral!


Влатко Стефановски и Владо Јаневски спектакуларно ќе го отворат новото казино во Limak- Diamond Mall. Grand Casino Admiral Ве кани на големото отворање во Diamond Mall со спектакуларни концерти на нашите најпопуларни изведувачи. Дојдете да ги свртиме заедно среќните коцки , и да се забавуваме со легендите на македонската музика. Ви ветуваме квалитетна забава и […]

Зеленски: Украина разви план за нова контраофанзива


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина развила план за нова контраофанзива. -Да, имаме контраофанзивен план. Немаме алтернатива, но не можам да дадам датум, нагласи Зеленски во интервју за Билд, истакнувајќи дека за да се постигне оваа цел, на украинската армија и треба оружје, вклучително и оружје од САД. Според него, Русија има повеќе луѓе […]

Кавадарци: Љубовникот на мајката ја обљубил нејзината малолетна ќерка


Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка, син физички го нападнал татка си со тврди предмети, кавадарчанец агресивно се однесувал и предизвикал пожар во сопствениот стан. Ова се настаните за кои денеска информираа од СВР Велес.  – Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од […]

Филипче ќе ја укине партиципацијата во здравството


Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во Изборна единица 4,, Венко Филипче, вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“.   На средбата со пензионерите, Филипче потсети на […]

Свиркач тврди дека Боинг 787 Дримлајнер има недостатоци. ФАА истражува


Федералните власти велат дека го истражуваат Боинг откако свиркач изразил загриженост за два модели на широко тело и тврдел дека компанијата му возвратила. Свиркачот Сем Салехпур, инженер на Боинг, тврди дека Боинг користел кратенки при производството на своите авиони 777 и 787 Dreamliner и дека ризиците би можеле да станат катастрофални како што стареат авионите. […]

10 април во историјата – Убиен е мексиканскиот револуционер Емилијано Запата


  Емилијано Запата, водач на селаните и домородните луѓе за време на Мексиканската револуција, е застрелан од заседа и убиен во Морелос од владините сили. Роден како селанец во 1879 година, Запата бил принудно земен во мексиканската армија во 1908 година по неговиот обид да ги врати селските земји преземени од сточар. По почетокот на […]