Контроверзниот пратеник на Фон дер Лајен поднесе оставка неколку часа пред да почне со работа


  Спорот што се закануваше да ја засени кампањата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседателка на Европската комисија заврши откако германскиот колега од нејзината партија Христијанско-демократска унија се откажа од новата улога како нејзин специјален пратеник за малите бизниси. Маркус Пипер поднесе оставка од функцијата платена 17.000 евра месечно неколку часа […]

(Фото) Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!


„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога – Bitsiani! Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски! Bitsiani водичот за оваа матурска […]

Герасимовски прави нов плоштад пред просториите на општината


Ново урбано катче, нов плоштад, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан герасимовски, а веќе го огради просторот каде ќе биде поставена унсталација.  – Работиме на ново урбано катче на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало. Станува збор за модерна конструкција „Урбан атрактор“ на површина од 56 метри квадратни […]

Според Таравари, пресудите за „Монструм“ биле фабрикувани за невини Албанци


  Претседателскиот кандидат на албанската опозиција, Арбен Таравари, пресудите за страшното злосторство ги нарече монтирани, а делото „фабрикувано од параполитичките структури“. Тој ги нарече петтемина осудени „невини Албанци“. „’Монструм’, ‘Сопот’, ‘Бродец’, ‘Алфа’, ‘Диво Насеље’ и други, сите се имиња кои нѐ потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува […]

Уште еден пациент пренесен со медикоптер, овојпат од Унгарија до Македонија


Денеска беше реализиран успешен транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“ – инаку полициски хеликоптер на МВР) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот […]

Арсовска инсинуира дека министерката за култура знаела за пожарот во Универзална пред 9 часот, а не пријавила


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска соопшти дека Градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот во изминатата недела. Арсовска постави повеќе прашања, упатени до Министерството за култура и до фирмата изведувач. Таа потенцира дека Градот останува сопственик на објектот. -Зошто министерката за култура […]

Дали Македонија ризикува да ги влоши односите со Србија?


  Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека Македонија е коспонзор на резолуцијата за масакрот во Сребреница и дека на седницата на владата на која ќе се расправа за Отворен Балкан тој ќе предложи излегување на државата од оваа иницијатива има едно едноставно прашање – кој ја води сега надворешната политика. Дали […]

У свом филму: Интервју на Влатко Стефановски за ХРТ (видео)


Виртуозот на гитара Влатко Стефановски во Скопје деновиве даде интервју  на славната ТВ новинарка Тончица Чељуска , за емисијата „У свом филму“ на ХРТ. Стефановски е чест гостин во Хрватска,  со хрватскиот кантавтор Џибони, омилен во Македонија, соработуваше на неговите албуми во Хрватска. Стефановски беше специјален гостин на Џибони, во февруари, на концертот во СЦ […]

Што е направено до сега во рамки на Отворен Балкан, тој донесе многу придобивки


  Во деновите кога се прават првите процени од отворањето на пазарот на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија, една од придобивките на Отворен Балкан, Бујар Османи, министер за надворешни работи во техничката Влада чиј главен мандат е организирање фер и демократски избори, најави дека на владина седница ќе бара повлекување на нашата земја од […]

Турција е земја во фокусот на фестивалот за литература во Скопје


Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран […]

Средби со домашни и од регионот писатели на Саемот на книгата во Скопје


Овој Саем на книгата, од 18 до 24 април, во Спортската сала „Борис Трајковски“, на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и на автори од регионот […]

Дури 200 деца една година ќе имаат терапија за ГЕРБ со донација на „Алкалоид“


Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до […]

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи


 До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и […]

„Време на бетон“ – премиера на новиот документарец за Скопје на Игор Иванов – Изи


Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан во четврток, 18. април во Кино Фросина.   „Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот […]

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село


Општините Свети Николе и Ново Село стануваат дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата, во основните училишта под нивна надлежност ќе се одржат работилници за булинг овозможени од „Макпетрол“, а кои што ги предводи психолог со опсежно искуство со проблемот. Компанијата и двете општини потпишаа меморандуми за соработка. За учениците, како […]

Олимпискиот оган тргна од античка Олимпија да шири мир во време на војни (ВИДЕО)


  (Од нашиот известувач) ОЛИМПИЈА, Пелопонез – Олимпискиот оган вчера „тргна“ од античка Олимпија за да го најави почетокот на најголемите спортски игри кои годинава, од  26 јули, ќе се одржат во Франција. Долгото патешествие на огнот започна со симболичното самопалење во античкиот град на Пелопонез, проследено со величествена церемонија, за да продолжи следните 11 […]

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи (видео)


Силно невреме ги погоди Авганистан и Пакистан и предизвика поплави кои досега однесоа повеќе од 70 животи. Најмалку 39 лица загинаа во Пакистан откако силно невреме го погоди југозападниот дел на земјата. Силни поплави се забележани и во соседен Авганистан, каде животот го загубија 33 лица, а стотици куќи беа оштетени, соопштија авганистанските власти. Најпогодена […]

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак


Втора година по ред, Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава. Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани на основа на нивните […]

Малолетник крадел автомобил во Tетово, па со него удрил во „голф“


Утрово во 2.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 1 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ […]

Министерката за култура на првата клапа од снимањето на „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума


Дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, се снима денеска во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево. На првата клапа на филмот, кој е во продукција на „Систерс и брадер Митевски“, ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов. – Овој […]