Во Центар се менуваат 3.982 светилки со ЛЕД осветлување


Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3.982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за […]

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори


  Претставници на политичките партии и коалиции, денеска во Кристалната сала на Собранието го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за изборите што ќе се одржат на 8 мај. Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес. „Кодексот е потврда […]

Интересот за тутунопроизводство останува, но не и задоволството од цените


Во полн ек е расадопроиводството за новата реколта тутун. Расадувањето на новото производство се очекува за 15-тина дена. Според Државниот земјоделски инспекторат планирањата за новата реколта се на ланското ниво за околу 26 000 тони тутун и се надеваат дека временските прилики нема да го преполоват родот. -Производителите од земјава со отупните компании до 31 […]

Хеда Габлер ја симболизира борбата за родови права и еднаквост. Драмски театар со нова премиера


„Хеда Габлер“работена по текст на авторот Хенрик Ибзен е новата претстава во продукција на Драмски театар Скопје. Премиерата ќе се игра во сабота на 20 април со почеток во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е […]

„Не верувајте им на сејачите на магла“: Порака од Пендаровски до велешани


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Велес им порача на граѓаните да не им веруваат на „сејачите на политичката магла“ и дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност. Патот кон ЕУ денес е закочен […]

Случувањата на Блискиот Исток ги прават цените на енергентите непредвидливи, вели Бислимоски


Ситуацијата на Блискиот Исток и последиците врз цените на нафтата, беше главната тема на денешниот состанок на Бордот на регулатори на Енергетска заедница, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски за МИА од Атина вели дека не е исклучен „ефект кон цените на нафтените деривати“.  -Новите геостратешки случувања на Блискиот […]

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови


АД Електрани на Северна Македонија информира дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија. – Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти


Основната каматна стапка останува на ниво од 6,30 проценти. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но сепак ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики што влијаат врз побарувачката во […]

Битка за специјализантите во кампањата


  За нивните барања изразени на неколкудневните протести расправаше Владата, за нив се зборува на митинзите, за нив се пишуваат објави на социјалните медиуми. Штрајкот на приватните специјализанти обликува дел од изборната кампања. Владата на вчерашната седница заклучи веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија со кои ќе се предвидат севкупните права и […]

Изгорената шалтер сала на Пошта нема да се реконструира, барем засега


  Шалтер салата на главна Пошта, во центарот на Скопје, која изгоре во пожар пред повеќе од 11 години, ќе остане необновена, затоа што Министерството за култура не се договорило со претпијатието. „Во однос на реконструкцијата за шалтер-салата, за жал не. Мене ми беше тоа многу голема желба, затоа што имавме и проект имавме и […]

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход


Владите на Европската унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход, или 33 милиони на час или БДП на една Финска, бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од 5 отсто, според анализата на Оксфам. Само еден процент од најбогатите во […]

Училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите


Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата“. Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за […]

Би-Би-Си: Бројот на убиени руски војници во Украина надмина 50.000


Анализата на Би-Би-Си (BBC) покажа дека бројот на убиени руски војници во Украина надмина 50.000. Во текот на втората година од војната, бројот на загинати беше речиси 25 отсто поголем отколку во првата. Руската Би-Би-Си, независната медиумска група „Медијазон“ и доброволците броеле смртни случаи од февруари 2022 година. Според наодите, повеќе од 27.300 руски војници […]

Министерката за култура ќе ја даде на суд Арсовска за „лагите“ околу Универзална сала


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, категорично ги отфрла тврдења на градоначалничката Данела Арсовска дека знаела за пожарот во Универзална сала, а не пријавила, нарекувајќи ги лаги и најави тужба. „Веста за пожарот се ширеше толку брзо што за многу краток период беа преплавени социјалните медиуми од кадешто дознав јас и во истиот тој момент […]

Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21 април во Diamond Mall


Ако сте вљубеници во цвеќињата, кои се симбол на убавата страна на животот, Diamond Mall е вистинско место за вас. Од 17 до 21 април, под мотото „Расцветај“, ќе се одржи цветен фестивал, со кој симболично ќе се прослави периодот кога природата раззеленува и расцветува. Во рамките на фестивалот, голем број цвеќарници ќе ги престават […]

„Ареа“ подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија


19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки […]

Во Брисел се одржува Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија, учествува и првиот човек на МЕМО


  Управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски денеска во Брисел ќе учествува на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија, каде ќе има обраќање на Панел-дискусијата „Дали интеграцијата на договорните страни на Енергетската заедница ќе обезбеди посилен единствен европски пазар за електрична енергија“. Покрај, Шутиниски на панелот […]

„Килибар и младост“ – нова поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска


Гордана Михаилова Бошнакоска, една од најмаркантните македонски поетеси, во поетската едиција на „Макавеј“ ја објави новата поетска збирка „Килибар и младост“. Оваа нова поетска обзнана на реномираната поетеса е проследена со предговор на поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и со поговор на писателот Гоце Смилевски. Со оваа книга Гордана Михаилова Бошнакоска го продолжува успешниот […]

Кој ќе оди на Мет Гала 2024, а кој ќе ја пропушти најважната модна ноќ?


Можеби сезоната на награди е завршена, а модниот месец одамна помина, но најочекуваната модна ноќ допрва треба да дојде – Мет Гала. Секоја година, во првиот понеделник во мај, Upper East Side е нападнат со мноштво А-листери, холивудски миленици, музички идоли и елитни дизајнери подготвени да се искачат по скалите на Музејот на уметност Метрополитен […]