Климатските промени ќе загрозат 70 отсто од работната сила


Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила. Во понеделникот Меѓународната организација на трудот (МОТ) оцени дека се заканува „коктел од опасности“. МОТ, која е дел од ОН, проценува дека 2,4 од 3,4 милијарди работници во светот се веќе […]

Волстрит: Силен раст на берзанските индекси поттикнати од добрите деловни резултати


Американските индекси пораснаа втор ден по ред бидејќи силната корпоративна заработка ја намали загриженоста за повисоки стапки. Дау Џонс (Dow Jones Industrial Average) порасна за 244 поени, или 0,6%. S&P 500 доби 1,1%, додека Насдак (Nasdaq Composite) за 1,6%. Спотифај порасна за речиси 14% откако ги надмина проценките на Волстрит за првиот квартал и најави […]

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил


Вашингтон – Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил. Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати. -Потоа, тој ја обиколил […]

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште


Нешвил – Пратениците во американската сојузна држава Тенеси вчера усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште, додека демонстранти од галеријата гласно протестираа против тоа. Нацрт-законот беше одобрен со 68 гласа „за“ наспроти 28 гласови против во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. […]

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“


Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Северна Македонија. Делот […]

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван


Вашингтон – Американскиот Конгрес ноќеска го одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што се случи по неколкумесечен застој заради спротиставувањето на тврдото крило во Републиканската партија, јави ДПА. Во американскиот безбедносен пакет помош, вреден вкупно 95 милијарди долари, покрај Украина, опфатени се и Израел и Тајван, додаде германската агенција. Пакетот помош предвидува 61 […]

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39 276 и во однос на февруари  минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9  […]

Лични документи можат да се подигнат и денеска


 Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до […]

За победа во прв круг потребни 907.159 гласови, во вториот 362.864


Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно […]

Гласање, броење, резултати, жалби


На 3.480 избирачки места во земјава денеска на седмите претседателски избори можат да гласаат 1.814.317 граѓани запишани во избирачкиот список. Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Кој може […]

Се гласа од 7 до 19 часот


 Гласањето на претседателските избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им […]

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи, на 3.480 гласачки места


Денешните седми по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во државата, а право на глас имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот.  Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена […]

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски


Денешните претседателски избори ќе бидат седми од независноста на државата. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на државата. Првиот мандат […]

Mакедонија избира претседател


Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ.  На 3.480 избирачки […]

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 24 април 2024 година, 115-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 251 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минута, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа


Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2 147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија. -Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 380 гласачи или 64 проценти од запишаните, […]

Ова е небото над Атина, сè е портокалово


Небото над јужниот дел на Грција денеска доби портокалова нијанса бидејќи облаците од песочна прашина, кои пристигнуваат од Северна Африка преку Средоземното Море, стигнаа и до Атина. Силните јужни ветрови носеа прашина од пустината Сахара и, откако стигна до атмосферата над Грција, Атина доби бои слични на оние на Марс во вечерните часови. Утре се […]

Адидас и Најк на суд во Дизелдорф поради трите ленти на тренерки


Колку ленти, наредени на одреден начин, треба да има на долните делови на Најк тренерката? Вишиот регионален суд во Дизелдорф се занимава со ова прашање неделава, откако познатиот германски производител на спортска опрема Адидас ја тужеше американската компанија. Трите паралелни ленти се добро познат заштитен знак на Адидас. Во 2022 година, не за прв пат, […]

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор


 Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. –  Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на […]