Русија: Се тресе фотелјата на Сергеј Шојгу по апсењето на неговиот клучен заменик


  Шефот на руското министерство за одбрана Сергеј Шојгу може да ја загуби функцијата во новата влада, која ќе биде формирана по официјалната инаугурација на Владимир Путин за петтиот претседателски мандат. „Форбс“ ова го известува повикувајќи се на извор близок до рускиот воен оддел. Според соговорникот на изданието, претстојната промена во раководството на министерството за […]

ФАО: Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со голем недостиг на храна минатата година


Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 […]

Во Скопје најголема излезност во Карпош, Чаирчани се „разбудија“ и пак се на дното


Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите. Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека пораст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир каде што таму во 2019 година на гласање до 13 […]

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче


Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Европратениците го поддржаа создавањето на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан


Европскиот парламент денеска со 517 гласови „за“, 56 „против“ и 30 „воздржани“ го усвои Извештајот на коизвестувачите, хрватските европратеници Тонино Пуцула и Карло Реслер за Регулативата за создавање на Механизам за реформи и раст на Западниот Балкан, кој претставува финансиски инструмент за имплементација на Планот за раст на регионот.  Како што беше истакнато во текот […]

Хаос во средно училиште – повеќе луѓе избодени со нож? Хеликоптери кружат околу зградата


Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата, откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавуваат британските медиуми. „На сите студенти и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож“, велат од училиштето. […]

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство


Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации. Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и […]

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник


Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина. На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка […]

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери


Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето. Како што информира Бајрами, денеска во ОЈО Радовиш е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден […]

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Според него, од отворањето на гласачките места досега се регистрирани две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Исто така, […]

Одбележана годишнината од погибијата на охридскиот војвода Христо Узунов


Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети. Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското […]

Повеќе скопски села и населби утре без струја


Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците […]

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала


СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет. – На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од […]

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре


 По посета на две избирачки места претпладнево,  претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.  – Досега посетив само две избирачки места […]

Конгресот на САД усвои потенцијална забрана за ТикТок. Еве што следува


Конгресот во вторникот го финализираше законодавството што може да доведе до забрана на ТикТок на национално ниво, што ескалираше со огромна закана за операциите на компанијата во САД. Предлог-законот го усвои Сенатот како дел од широкиот пакет странска помош наменет за поддршка на Израел и Украина. Тоа беше одобрено од Домот во саботата. Сега се […]

(Видео) Избегани воени коњи трчаа низ центарот на Лондон. Еден е облеан во крв


Жителите на Лондон утрово забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеа седла и узди. „Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава за коњи без сопственици кои трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, […]

Најголем еднодневен пад на среброто во последните три години


Сериозното влошување на тензиите на Блискиот Исток предизвика и бегство кон златото или благородните метали, каде што, барем за златото, врвот беше достигнат на 12 април. Имено, тој ден за унца злато требало да се платат 2.431 долар. Монетизацијата на добивката е видлива на почетокот на оваа недела. Ова особено се однесува на среброто, кое […]

Schiaparelli лансираше прв модел на патики, од цената ќе ви се заврти во глава


Модната куќа Schiaparelli отсекогаш била позната по својата иновативност и креативност, но пред се по храбар дизајн, што не секој би се осмелил да го направи. Токму затоа воопшто не бевме изненадени кога овој француски бренд се впушти во уште еден моден потфат. Имено, од Скиапарели го лансираа својот прв модел на патики со потпис […]

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна


  Азиските берзи денеска пораснаа трет ден по ред, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од вчерашните добивки на Волстрит, откако повеќето американски компании објавија заработка подобра од очекуваната. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 7:00 часот порасна за 1,5 отсто, трет ден по ред. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 2,2 отсто, […]

Како Грција ќе добива 100 отсто зелена енергија од Египет


Објавени се тендерите за избор на консултанти за студиите за Електрична интерконекција меѓу Грција и Египет, а првите огласи за тендер се објавени во грчките и меѓународните медиуми. ELICA Медитеранска електрична интерконекција С.М. S.A., членка на Copelouzos Group, која го развива проектот за електрична интерконекција GREGY, ги објави првите два повици за изразување интерес за […]