Ивана Кнез ги спои тоалетите и накитот на импресивна ревија, ова се креациите инспирирани од познати филмови


Дизајнерката Ивана Кнез, позната по тоалетите и уникатниот накит, се врати на модната сцена со драматична ревија која ја остави младата публика со отворена уста – со инвентивноста и  сексапилноста, синоќа, на отворањето на Скопје фешн фестивал во Дајмонд мол.  Кнез, на почетокот, на присутните гости под маски им ја сервираше цела своја кариера, на […]

Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО


Министерот за здравство Илир Демири, заедно со Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година, соопштија од Министерството за здравство (МЗ).   Демири потенцирал дека СЗО е постојан партнер на МЗ во заложбите за […]

Наградата ,,Најгласни” за ученичката заедница од делчевската гимназија ,,М.М.Брицо”


 Ученичката заедница при гимназијата „Методи Митевски – Брицо” од Делчево ја освои наградата ,,Најгласни” која ја доделува фондацијата Конрад Аденауер, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, Сојуз на средношколци и Агенција за млади и спорт. Наградата се доделува на ученичката заедница која најмногу демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Во рамки […]

Дрезденската награда за мир ќе му биде доделена на Навални


Овогодинешната Дрезденска награда за мир треба постхумно да му биде доделена на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални. Неговата сопруга, Јулија Навални, ќе ја прими наградата на 12 мај во главниот театар во источниот германски град, Штаатсшауспиел, беше објавено денеска. Организаторите – Иницијативата за награда за мир во Дрезден, Штаатсшауспиел Дрезден и Вселенскиот информативен центар – […]

Авионите „Ф-16“ ќе стигнат предоцна во Украина


  Вооружените сили на Украина нема да можат ефикасно да ги користат американските борбени авиони „Ф-16“ во војната со Русија, бидејќи ситуацијата на бојното поле драматично се промени, изјавија високи украински офицери за „Политико“. „Секое оружје има свое време. Во 2023 година беа потребни ловци ‘Ф-16’; тие нема да бидат соодветни за 2024 година“, рече […]

И Ванковска ќе го враќа „достоинството на нацијата“ во кампањата


  Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ Билјана Ванковска денеска официјално ја започна кампањата за претседател. Ванковска ветува чесна и интересна битка, дебата која нема никому да му биде здодевна, барем кога таа ќе презентира. „Најавив и останувам на тоа дека ќе бидам една и единствена, која ќе се разликува по она што го […]

Илија Димовски и Влатко Ѓорчев пак ги нема на листите на ВМРО-ДПМНЕ


  Делува по малку изненадувачки, но двајцата веројатно најобучени говорници во Собранието од опозицијата ги нема на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ ни за овие парламентарни избори. За Илија Димовски и Влатко Ѓорчев парламентарната територија и натаму останува недостапна. Илија Димовски, со кого многумина не се согласуваат, но ги респектираат неговите умешности во парламентарните расправи, последниве […]

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?


 Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите […]

Таравари ќе нѐ изнесе од Отворен Балкан зашто Курти така сака


  Арбен Таравари, како претседателски кандидат на коалицијата „Вреди“, во која свои преставници има и косовскиот лидер Албин Курти, вчера повторно отиде во Косово по поддршка.   Освен што се сретна со својот, по сѐ изгледа неформален политички спонзор, Таравари се фотографираше и со синот на покојниот Арбен Џафери, Илир Џафери, порачувајќи дека „Промените почнаа“ […]

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале


  Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до […]

ДЗР: Бавната гасификација – со негативно влијание на енергетската транзиција


И по изминати 13 години, изградбата на магистралните гасоводи не е целосно завршена и дел од нив не се ставени во употреба, но, исто така отсуствува долгорочен план за развој на дистрибутивен систем на природен гас во државата, целосно самофинансирање на дејноста – пренос на природниот гас и реализацијата на идните активности за интерконекција со […]

Џорџ Лукас, креаторот на „Војна на ѕвездите“, е најбогатиот славен милијардер во светот


Одлуката на Џорџ Лукас да ја продаде својата продукциска компанија во 2012 година секако се исплатеше. Креаторот на „Војна на ѕвездите“ сега е најбогатиот славен милијардер во светот со нето богатство од неверојатни 5,5 милијарди долари, на врвот на годишното рангирање на Форбс на најбогатите од А-листата. Според изданието, најголемиот дел од богатството на холивудскиот […]

Приведено лице од Косово поради криумчарење


Во средата,во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, […]

Сезона на митинзи – Скопје блокирано, вооружете се со трпение


Денеска почнува изборната кампања за претседателските избори, а тоа значи мака за скопјани. Вечерва, голем митинг подготвува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, традиционално пред Владата, па веќе од вчера мостот „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Илинденска“ се забранети за сообраќај. Се носеа реквизити за поставување на бината, озвучувањето, осветлувањето. Тоа направи голем метеж во сообраќајот во попладневните […]

Што се случува со Ворен Бити – холивудскиот срцекршач не е виден во јавноста две години


Тоа беше горд момент. На 25 март, 23-годишната Ела Бити го имаше своето деби на Бродвеј заедно со Сара Полсон во драмата „Соодветно“. Но, додека мајката на дипломката на Џулијард Анет Бенинг (65) беше во Њујорк за таа пригода, нејзиниот татко Ворен Бити беше забележително отсутен. Навистина, 87-годишникот исто така не се појави во текот […]

Научниците сакаа да прогласат нова епоха. Светската геолошка организација одби


Пресврт во светот на геологијата – по децениски дебати, светското референтно тело конечно одлучи да не го признае антропоценот, период кој се карактеризира со траги од човечко присуство насекаде на планетата, како посебен период во геолошката историја на Земјата. Иако непобитно е влијанието на човековите активности, како што е вртоглавиот пораст на стакленички гасови, ширењето […]

Ова се среќни датуми во април за секој хороскопски знак


Среќни датуми во април за вашиот хороскопски знак, еве кој датум ѕвездите се особено поволни за вас Април, месецот во кој природата се буди, носи нова енергија и ја отвора вратата за бројни можности. Секој хороскопски знак има посебен ден во кој ѕвездите се особено поволни за неговите желби и планови. Астролозите претставуваат листа на […]

Граѓаните кои наполнија 18 години и немаат никаков документ – ќе се фотографираат без термин


Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош. Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а […]

Писателката и сценаристка Дора Шустиќ на книжевна резиденција во Скопје


Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во првата половина од април престојува Дора Шустиќ. Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана […]

Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија


Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во Долниот дом на италијанскиот Парламент, пренесоа светските агенции. Гласањето го донесе опозицијата и се однесуваше на врските на екстремно десничарската партија Лига на Салвини со Русија. Гласачите ја обвинија партијата на Салвини, која е дел од владината коалиција на премиерката […]