Украинците гневни на папата, му размислуваат да се предадат


Во интервјуто снимено минатиот месец за швајцарската телевизија РСИ, папата кажа што мисли за оние кои велат дека Украина треба да се откаже бидејќи не успеала да ги одбие руските сили и оние кои веруваат дека тоа ќе и даде легитимитет на посилната страна. Новинарот во своето прашање го употреби изразот „бело знаме“. „Тоа е […]

Санкт Петербург нападнат со дрон, затворен аеродромот


Попладнево огромен пожар избувна во индустриска зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Снимки на кои се гледа пожарот и огромен облак чад се проширија низ социјалните мрежи. Како што јави „Украинска правда“, затворен е аеродромот Пулково, а пожарот зафатил и хангар. Пожарот се проширил на површина од околу 1.000 квадратни метри. Локалните власти […]

„Вреди“ бара Македонија да го уништи софтверот „Предатор“


Коалицијата на албанските опозициски партии „Вреди“ тврди дека  Северна Македонија под владеењето на СДСМ-ДУИ се претворила во “антиамериканско и антизападно гнездо“, како реакција на санкциите изречени кон компанијата „Сајтрокс“. -Како членка на НАТО коалицијата на СДСМ и ДУИ таа стана тројански коњ преку кој мрачните сили ја поткопуваат безбедноста на нашите американски и европски партнери.По […]

Од утре забрана за невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинките


Невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиTеПер вакцината од утре нема да се примаат во детските градинки. Здравствените инспектори почнуваат со вонредни контроли. Забраната и контролата важи и за приватните детски градинки.Истовремено, како што најавија од инспекторатот, ќе се задолжат и вработените во предучилишните установи да изготват списоци со имињата на сите невакцинирани деца. „Решенијата […]

Зардари положи заклетва за вториот претседателски мандат


Асиф Али Зардари, вдовецот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, денеска положи заклетва како 14-ти претседател на Пакистан. На церемонијата во претседателската палата во Исламабад присуствуваа цивилни и воени лидери. Зардари, потпретседателот на Пакистанската народна партија (ППП), е првиот цивил кој е реизбран за претседател за втор петгодишен мандат. Зардари (68) ја предводеше ППП откако […]

Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот  на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и  беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа […]

Претседателот на Израел во Амстердам пречекан со протести


Претседателот на Израел, Исак Херцог денеска присуствуваше на отворање на Национален музеј на холокаустот, а пред објектот беше пречекан од пропалестински демонстранти кои бараат итен прекин на огнот во Појасот Газа. Демонстрантите извикуваа „Никогаш повеќе е сега“ и „Прекин на огнот веднаш“, веејќи палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Евреи против геноцидот“ и „Внук […]

Јавното обвинителство прави увид во опожарениот објект на правобранителот Агрон Речи


Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид по пожарот во угостителски објект во Охрид.Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар. Јавниот обвинител […]

Мицкоски ветува учебници за секое дете во наредната учебна година


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, од дебатата во Куманово што ја организира неговата партија, најави реорганизација во владините ресори и реформи во образовниот процес. Рече дека ќе бидат вложени максимални напори за да се обезбедат учебници во претстојната школска 2024/2025 година, а го објасни и предлогот кој треба, како што напомена, да ги мотивира […]

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите


Во војната уништени се 80 проценти од зградите во градот Газа, а штетата се проценува на 30 милијарди американски долари, соопшти денеска Хамас. Сумата е за разурнатите станбени згради, стопански објекти и инфраструктурата, како улици, електричната мрежа и водоводот и канализацијата. Населението во Појасот Газа, од 7 октомври 2023 година, кога почна војната, секојдневно е […]

БиХ бара од Вархеји отворање на преговорите за членство во ЕУ


Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто, испрати писмо до европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, за клучните реформи што БиХ ги спроведе во минатата година, во врска со претстојната одлука на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со БиХ. Кришто го информирала Вархеји и за реформите кои се […]

Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи


Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата. Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале. Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи. 

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк


Министерот за одбрана во технички мандат Милош Вучевиќ денеска изјави дека властите во Приштина континуирано вршат притисок врз Србите кои живеат во Косово и дека тоа е најголемиот безбедносен ризик за Србија. Вучевиќ за телевизија Пинк изјави дека „етничкото чистење на Србите се случува де факто“ на Косово, поради што Србија има опција „да се […]

Уапсен мажот кој со автомобил влета во портата на Бакингемската палата


Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж откако автомобил влетал во влезната капија на Бакингемската палата во центарот на Лондон. Сликите на социјалните мрежи покажаа автомобил пред капијата на палатата, а британските медиуми цитираа сведок кој вели дека слушнал „гласен удар“. Полицијата соопшти дека тоа се случило вчера наутро. -Вооружените полицајци уапсија маж на местото […]

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа


Во попладневните часови се очекува од пристаништето во кипарскиот град Ларнака да тргне бродот со хуманитарна помош за Газа, во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за поморски коридор, во која се вклучени ЕК и Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, САД и Холандија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на кипарската […]

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години


Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкуреннто производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена. Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира […]

Постхумно промовирано делото „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“ од проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев


Во присуство на бројни експерти од историската и политичката наука, пријатели и љубители на македонската историја во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“. Се работи за капитално дело за македонската историографија, а автори се проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев. […]

Реакција на ТИРЗ: Ниту еден денар јавни пари не се исплатени на е.Го


Дирекцијата за ТИРЗ остро реагира на наводите за злоупотреба на јавни средства за проектот е.Го. -Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон оваа компанија. Покажавме дека имаме јасни процедури и капацитет да го заштитиме јавниот интерес и средства.Политичката партија ВМРО ДПМНЕ денес фрли јавен сомнеж врз процедурите и капацитетите за реализација на државната […]

Прашањето за „ново мнозинство“ во ЕП еднa од главните предизборни теми во ЕУ


Со приближувањето на терминот за одржување на изборите за членови на Европскиот парламент, така се разжестува реториката меѓу трите партии во актуелното мнозинство во ЕУ – десноцентристичката Европска народна партија, левоцентристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната групација Да ја обединиме Европа.   Како главна тема за меѓусебни препукување изминативе денови се […]

Израелската армија изгради пат низ Газа


Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си. ИДФ изјави за Би-Би-Си дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата. Некои експерти стравуваат дека ќе се користи […]