Поплавите и свлечиштата во Индонезија однесоа 26 животи, најмалку 11 се водат како исчезнати


Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби. „Единаесет лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, соопшти портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари. Привремено засолниште мораа да бараат 75.000 луѓе, повеќе од 20 луѓе […]

Невладините реагираат: Партиите изгласаа блокада на независните на сите избори


  Повеќе невладини организации реагираа на информацијата дека, по скратена постапка и без никаква најава или дебата, заедно со измените за документите за гласање беше протната и одлуката да се зголеми бројот на потписи за независните кандидати – за да учествуваат во изборите. Ваков обид еднаш им пропадна, но сега сите партии сложно го изгласаа […]

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи, по шестиот се трага


Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат. Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС. Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на […]

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР


 Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот. Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март, пренесува Гласот на […]

Ватикан: Не, папата Франциск не ја повика Украина да се предаде


Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, изјави вчера директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста […]

Забележа и 25 скока: Еве каков рекорд постави Ентони Дејвис во НБА


Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис постигна 27 поени, а забележа и 25 скока, 5 асистенции и 7 украдени топки на натпреварот со Минесота тимбервулвс одигран ноќеска. Лејкерс победија со 120:109, а 31-годишниот Американец постави единствен рекорд во историјата на НБА-лигата. Тој стана првиот кој постигнал најмалку 25 поени, како и најмалку 25 скока, […]

Макрон го поддржа предлог законот за евтаназија


Францускиот претседател Емануел Макрон првпат изјави дека го поддржува новиот закон за евтаназија кој ќе овозможи „помош да се стави крај на животот“ и сака неговата влада да го достави до Парламентот во мај. Соседите на Франција, Швајцарија и Белгија, како и Холандија, донесоа закони со кои се дозволува медицинска помош на умирање во одредени […]

Победа на конзервативците на изборите во Португалија


Португалската централнодесничарска партија Демократски сојуз (АД) победи на парламентарните избори, изјави нејзиниот лидер Луис Монтенегро, иако не е јасно дали ќе може да формира мнозинство без поддршката на екстремно десничарската Чега, со која одби да преговараат. АД и нејзините конзервативни сојузници од островот Мадеира вчера освоија 29,49 отсто на предвремените парламентарни избори или најмалку 79 […]

Француската екстремна десница води во анкетите на три месеци пред изборите за Европскиот парламент


 Француската екстремно десничарска партија Национален собир води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција на „Ренесанса“, покажува анкетата што вчера ја објави интернет телевизијата BFMTV . Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција „Ренесанса“ […]

Доделени Оскарите, седум статуетки за „Опенхајмер“, меѓу кои за најдобар филм


  Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени награди, од вкупно 13 номинации. Водител на најважната филмска ноќ беше комичарот Џими Кимел. Can’t stop smiling at these #Oscars red carpet pics! pic.twitter.com/vEimfe8krb — […]

Во градинките само деца со вакцина за ДТП


Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа […]

Почнува Рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 […]

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со дожд и силен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде […]

ЕУ го одбележува Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот


На Европскиот ден за сеќавање на жртвите на тероризмот им оддаваме помен на сите жртви на терористички напади, без разлика дали се на територијата на ЕУ или надвор од европските граници, соопшти Европската комисија по повод Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот – 11 март.  – Оваа година овој ден има посебно значење […]

Метео предупредување: Пообилни врнежи со локално невреме


Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд ( над 20 l/m2), проследени со силен ветер ( над 70 km/h) и појава на […]

Истражување: Третина од Германците велат дека имаат некаква ментална болест


Менталните болести како депресија или фобии мачат сè поголем број луѓе во светот. Во Германија е погодена третина од населението, во САД, Турција или Мексико уште повеќе. А таа бројка се зголемува, стои во Извештајот за ментално здравје. Во моментов, 31 процент од населението во Германија е погодено од ментална болест. Има толку многу погодени […]

Сменет началникот на руската морнарица, адмирал Евменов


Командантот на руската морнарица, адмирал Николај Евменов е пензиониран, објави рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на неименувани извори. Евменов е заменет со адмирал Александар Мојсеев, претходниот командант на Северната флота. „Известија“ не наведе причина за кадровската промена. Промената доаѓа откако руската Црноморска флота неодамна претрпе значителни загуби на борбени бродови и војници при украинските ракетни […]

Сикорски: Во Украина веќе се присутни трупи на некои земји-членки на НАТО


Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски денеска изјави дека НАТО трупите се присутни во Украина. – Војници од земји-членки на НАТО веќе се во Украина. Сакам да им се заблагодарам на земјите кои преземаат таков ризик. Ќе се препознаат, изјави Сикорски. Тој одби да ги именува државите, посочувајќи дека „за разлика од некои европски политичари, […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ предлага да не правиме ништо и да се откажеме од европската иднина


ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме во место, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица на отворањето промотивен штаб на СДСМ. -Гледам дека кога ќе почнам да зборувам за ЕУ, некои луѓе негодуваат.  Верувајте ми, јас ги почувствував  неправдите од […]

На Италија ѝ се заканува целосен хаос: Лавини, одрони, поплави


Италија и денеска е под силно невреме, по силните ветрови и обилните врнежи од саботата што предизвикаа големи прекини во сообраќајот. Ројтерс јавува дека ситуацијата била особено критична во крајбрежниот северозападен регион Лигурија, каде на бројни места се забележани свлечишта и поплави. Во Џенова десет лица се евакуирани од старечки дом и превентивно однесени во […]