Забележа и 25 скока: Еве каков рекорд постави Ентони Дејвис во НБА


Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис постигна 27 поени, а забележа и 25 скока, 5 асистенции и 7 украдени топки на натпреварот со Минесота тимбервулвс одигран ноќеска.

Лејкерс победија со 120:109, а 31-годишниот Американец постави единствен рекорд во историјата на НБА-лигата. Тој стана првиот кој постигнал најмалку 25 поени, како и најмалку 25 скока, 5 асистенции и 5 украдени топки на еден натпревар.

Дејвис за Лејкерс игра од 2019 година, а во сезоната 2019/20 стана шампион во НБА со тимот од Лос Анџелес.

Во тековната сезона, Дејвис има просек од 24,7 поени, 12,3 скока и 3,6 асистенции по натпревар.