Азербејџански трилер во срцето на демократијата во Европа


   Во вторникот голема публика се собра во германскиот Бундестаг за да ја гледа премиерата на трилерот – Am Abgrund (На работ). Филмот беше инспириран од неверојатната вистинска приказна за кавијар дипломатијата, деценискиот напор на Азербејџан да корумпира десетици парламентарци низ Европа, со посебен фокус на членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). […]

Постои глобална златна треска наречена водород


Геолошкиот водород, понекогаш наречен бел, златен или природен водород, се однесува на водороден гас кој се наоѓа во природна форма под површината на Земјата. Истражувачките напори за геолошки водород се во тек во земји како што се САД, Канада, Австралија, Франција, Шпанија, Колумбија, Јужна Кореја и други. Ристад Енерџи соопшти дека возбудата произлегува од надежта […]

До вторник сончево и топло до 29 степени


Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во понеделник максималната температура ќе достигне 29 степени, соопшти УХМР.  Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Еве ги цените


Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград. „Белград, отворени сме. Големи честитки за мојот тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд!“, напиша Џејми Оливер на својот Инстаграм профил […]

Осуден Грк за принудување на проституција 12-годишно девојче


Главниот осомничен во случајот од октомври 2022 година, за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на 12-годишно девојче од атинска населба, денеска беше прогласен за виновен од Мешовитиот поротен суд, додека пак казните ќе бидат соопштени дополнително, веројатно на ново рочиште, јави дописничката на МИА од Атина.  Првоосомничен во случајот, а сега веќе и прогласен […]

Нето надворешниот лани надмина 4,4 милијарди евра, за еден квартал се зголемил за 305 милиони евра


Нето надворешниот долг на крајот на минатата година изнесувал 4.458.000.000 евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави денеска Народната банка. Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти. – На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.463 милиони евра […]

Украле добиток, па го продале – уапсени петмина од Добридол


Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово. „Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост […]

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот „Глобал фајнанс“


За „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е прогласена Комерцијална банка. Угледниот магазин „Глобал фајнанс“ (Global Finance) по 13-ти пат ѝ го додели престижното признание на Комерцијална банка затоа што ја препозна како банка која им обезбедува на клиентите широка понуда на производи и услуги и иновации кои значат бенефит и задоволство за […]

Три млади кичевчани загинаа во стравична сообраќајка утрово


Утрово во 4.50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и […]

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години


Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 […]

28. Моден Викенд Скопје поставува нова парадигма за одржлив шик (галерија)


Во просторите на модерното здание на East Gate Mall, овој март е во знакот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Настан кој се ближи кон големото финале со уште една потврда дека секогаш има прецизно курирана програма, посветена и на амбициите на новите дизајнерски сили, но и на одржливите аспирации на модата и дизајнот, […]

Најголемите партии трујат со штетни наративи, албанските ги етнизираат државните функции


Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави третиот извештај  за штетните наративи  според кој политичките актери продолжуваат да бидат главен извор на оваа појава, при што зачестено користат остар јазик со емотивен набој во комуникацијата преку партиските веб-страници и фејсбук-профилите. -Се користат непроверени податоци, селективно се презентираат информации, со што се оневозможува јавноста да добие […]

Титули витез и дама за Кристофер Нолан и сопругата Ема Томас 


Лондон  – Оскаровецот, режисерот на „Опенхајмер“, Кристофер Нолан, и неговата сопруга и продуцентка Ема Томас, ќе добијат титули витез и дама за нивните заслуги во филмската индустрија, се вели во соопштението на британската Влада. Почестите доаѓаат откако нивниот биографски филм за Џ. Роберт Опенхајмер, „таткото на атомската бомба“,ги освои речиси сите награди во сезоната на […]

Туск: Почна нова ера на војни во Европа


Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред помалку од две години вовела нова ера на војни во Европа. – Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера: предвоената ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого […]

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром


Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот. Турскиот бренд […]

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара


Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.  Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.  – Јавен обвинител од скопското Основно јавно […]

Наскоро ќе можеме да видиме космичка експлозија со голо око. Ова се гледа еднаш во животот


Небесен танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со експлозија толку сјајна што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија денеска астрономите од Универзитетот Нотингем Трент. Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како нова ѕвезда која силно свети на ноќното небо […]

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира


Раскошниот автобиографски роман „Лекцијата на месечарот“, од португалскиот писател Фредерико Педреира, ќе биде претставен пред македонската публика со онлајн-промоција, која ќе се одржи в петок (29 март), во 19 часот. Во разговорот со авторот, кој ќе може да се проследи на  фејсбук-страницата на „Арс Ламина“, ќе се вклучат уредничката Бисера Бендевска и преведувачката од португалски […]

Судот донел одлука дека Ковачки неправедно ја клеветел Славјанка Петровска


Министерката за одбрана Славјанка Петровска ја објави штотуку донесената судска пресуда според која пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неоправдано ја клеветел во јавноста.  -Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене, сакам да ве известам дека Основниот граѓански суд во […]

Песните на „Металика“ со симфониски оркестар на концерт во Скопје


На 27 април од 20 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт на српскиот трибјут бенд „Блек симфони“, кој свири симфониски верзии на песни на „Металика“. Музичарите кои настапуваат секаде низ Европа ги свират најголемите хитови на легендарниот американски хеви метал бенд во аранжмани за симфониски оркестар. „На концертот ќе можете да слушнете […]