Месец: м.г
Финални подготовки за ЕКО маскенбалот во Рамстор Мол
Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО маски! Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2024, […]
Епидемик – Еден од најдобрите трибјут бендови на Перл Џем денеска во Скопје
Вечерва, во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а […]
Толпа во Мексико, до смрт, ја претепа жената киднаперка на убиеното девојче, на улица
Во мексиканскиот туристички град Такско, вчера, толпа гневни граѓани брутално претепаа жена осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче. Луѓето до смрт ја претепале жената неколку часа пред познатата градска поворка на Светата недела, пишува АП. Толпата настана откако во средата исчезна 8-годишно девојче. Нејзиното тело било пронајдено вчера рано наутро на пат на […]
„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе
Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година. Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос […]
Без вода дел од Ѓорче Петров
Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ѓорче Петров“, „Борис Сарафов“ и населбата Јурија, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина. Засега нема информации […]
Заканите растат, а војници сè помалку
Секое утро на носачот на авиони УСС Двајт Д. Ајзенхауер се повикува еден од членовите на екипажот да дојде до командниот мост, каде добива колач и каде го замолуваат да седне на капетанското место. Под услов да се согласи, неговите фотографии потоа се споделуваат на социјалните мрежи додека капетанот Крис Чауда Хил ги фали своите […]
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров – 0:2 (2:6, 4:6). И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не […]
Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон за „брзо усвојување“ на огромната „витална“ воена помош. – Го информирав Џонсон за ситуацијата на бојното поле, посебно за драматичниот пораст на рускиот воздушен терор, истакна Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот висок претставник Зеленски истакна дека американската воена помош […]
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод. Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“. Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите […]
Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања
Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД. Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) […]
Голем руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Руски сили рано утринава ја нападнаа инфраструктурата во областа Камјанск, во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки. „Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места […]
Продолжуваат предизборните коалицирања, ПССЕ очекува избори според демократските стандарди
Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава продолжуваат со предизборните коалицирања. Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на крајот од неколкудневната посета на Северна Македонија оцени дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди. Претседателката на Унија на Ромите, Фатима […]
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР. Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата […]
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија. Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија. Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност. Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако […]
Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија
Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и […]
Потпишување договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец, ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо, соопштија од Министерството за одбрана. На потпишувањето на Техничкиот договор со кој […]
Без вода корисниците на ул. „Букурешка“
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради промена на вентил од 1 во шахта на ул. „Букурешка“ бр. 31, без вода ќе останат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Марш за видливост на трансродовите лица
Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во пресрет на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица соопшти дека ќе организира марш за видливост на трансродовите лица, што ќе се одржи денеска пред Владата на Република Северна Македонија. „TрансФормА“ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи, […]