Шолц: Берлин нема да испраќа војници и оружје во Украина


 Германскиот канцелар Олаф Шолц повлече линија која рече дека нема да ја премине, велејќи дека „Берлин нема да испраќа војници во Украина и нема да испраќа оружје со долг дострел на режимот во Киев“. Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, германскиот канцелар ја отфрли можноста германски војници да учествуваат во изборот на цели за украинските напади […]

Вархеи: БиХ го постигна потребното ниво за да ги започне пристапните преговори со ЕУ


Европската комисија даде предлог Советот на ЕУ да донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Босна Херцеговина и се надевам дека лидерите ќе донесат позитивно решение на Самитот следната недела, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи во интервју за Европската новинска мрежа (ЕНР). – Сметаме дека условите се исполнети. Предлогот се […]

Корепер го усогласи ставот за новите правила на ЕУ за суспензија на безвизниот режим со трети земји


Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер) денеска го усогласи ставот за Предлог-регулатива за измена на механизмот за суспензија на безвизниот режим со трети земји, што треба да и овозможи на Унијата да се справи со ситуации на злоупотреба на можноста за патување во Шенген зоната без визи или ако таквиот режим е […]

Петличковски и Стевановиќ сведочеа во случајот „Жан Митрев“, судењето продолжува на 1 април


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев каде сведочеа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и поранешната директорка на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ. Петличковски посочи дека Комисијата за заразни болести во ниту еден момент не дала препорака за примена на хемофилтрацијата како рутински метод за лекување на […]

ЕУ договори пакет од 5 милијарди евра за финансирање оружје за Украина


 Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да додадат пет милијарди евра во централниот фонд за плаќање на оружје испратено во Украина, соопштија официјални лица. Белгија, која претседава со ЕУ, нагласи дека амбасадорите од 27-те земји од блокот „начелно се согласиле“ за планот за поддршка на испораките на оружје за Киев во 2024 година. Во ЕУ […]

Без струја утре делови од Центар, Петровец, Аеродром и Чучер Сандево, без вода улицата „Прашка“ во Карпош


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Петровец, Чучер Сандево и Аеродром. Според Регионалниот центар за управување со кризи, кој се повикува на информација од ЕВН, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Рилски Конгрес“, „Кајларска“, „Банско“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“ […]

УНИЦЕФ со поддршка за имунизација кај децата


Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска остварил прва официјална средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани. Како што соопшти Министерството за здравство, на средбата се разговарало за заедничките активности за зголемување на ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги. Демири ги информирал претставниците од УНИЦЕФ за моменталната состојба со епидемијата на […]

Маск ја посети фабриката на „Тесла“ во Германија каде што беше подметнат пожар


Шефот на „Тесла“, Илон Маск, пристигна во Германија денеска за да ја посети единствената европска фабрика на производителот на електрични автомобили, непосредно пред Берлин, околу една недела откако нападот врз снабдувањето со електрична енергија ја прекина неговата работа. Производството во таканаречената „Гига-фабрика“ на „Тесла“ во градот Грунхајде беше запрено на неколку дена поради пренасочување што […]

13 март во историјата – Во Петроград убиен е рускиот цар Александар II


  Царот Александар II, владетел на Русија од 1855 година, е убиен на улиците на Петроград од бомба фрлена од член на револуционерната група наречена „Народна волја“. „Народната волја“, организирана во 1879 година, употреби тероризам и атентат во нивниот обид да ја собори руската царска автократија. Тие убија функционери и имаа неколку обиди да го […]

Македонците најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“: Географска карта со најпосакуваните работни места


Порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker) објави мапа којашто покажува во кои држави ширум светот – кои работни места се најбарани и најпребарувани за оваа 2024 година. Македонците, се чини, заедно со Малтежаните, единствени во Европа најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“. Судејќи според картата, пак, воопшто, најпосакувана работа на планетава е пилот. Прашањето „Како да се […]

Американска компанија ја презела фирмата на Дрин Ахмеди, ги крие ли трагите од работењето на ДУИ?


Компанијата на Дрин Ахмеди, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Thor Industries LLC, објави дека тој  ќе се повлече од функцијата до крајот на оваа година а таа ќе биде преземена од  компанијата Тexas American International Holdings Inc. Практично се најавува менаџерска и сопственичка транзиција, што според Texas American International Holdings Inc. е  „значаен […]

Агресивен малолетник со тврд предмет ги нападнал мајка си, сестрата и братот


Малолетник од Скопје ги нападнал членовите на семејството, а случајот во полицијата го пријавила мајката.  – На 12.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека околу 12.30 часот во домот во скопско нејзиниот малолетен син со тврд предмет ја нападнал неа, нејзината 20 годишна ќерка и другиот малолетен син, соопштија од полицијата.  […]

Разузнувачите на САД гледаат зголемен ризик од мултиетничко насилство во Западен Балкан


  Во годишната процена на американската разузнавачка заедница за глобалните закани, објавена денеска од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ОДНИ), пишува дека „Западен Балкан во текот на 2024 година најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство“. Во три кратки пасуси за Западен Балкан, документот вели дека „националистичките лидери веројатно ќе […]

ТикТок на чекор пред забрана во САД. Конгресот усвои закон


  Претставничкиот дом на САД во средата усвои закон што ќе доведе до забрана на популарната видео апликација ТикТок на национално ниво доколку нејзиниот сопственик со седиште во Кина не ја продаде, а законодавците се одлучија на таков чекор поради загриженоста дека сегашната сопственичка структура на компанијата е закана за националната безбедност. Предлог-законот, усвоен со […]

Османи предлага САД, ЕУ и НАТО да даваат „сертификати“ кој може да биде функционер во Македонија


  Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, како еден од столбовите на неговата програма за изборите, ќе предложи меѓународен брод кој же дава „сертификати“ кој може а кој не да биде јавен функционер во Македонија.   По големата идеја за Албанец претседател ова е втора ваква идеја од политичките лаборатории […]

Бреговиќ со порака до македонската публика: На 23 март кој нема да полуди, тој не е нормален!


„Здраво на сите во Македонија, јас сум Горан Бреговиќ. На 23 март во СЦ „Јане Сандански“ ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби. Ќе биде забавно, ќе свирам сешто – и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’“, вели славниот музичар во својата […]

Избоден 37-годишен маж кај Бит Пазар


Вчера во 17,20 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани. Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од […]

ЕУ воведува забрана за пломби за заби


Советот на Европската унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. со децении тие беа основни во лекувањето на кариес, пренесува Juro Vikli News (Euroweekly news) и додава дека за нивно производство биле користени метали како сребро, […]

Меган Маркл победи во случајот за клевета на полусестра ѝ која бараше оштета од 75.000 долари


Меган Маркл извојува  судска победа во вторникот во случајот за клевета поднесена од нејзината полусестра Саманта Маркл. Во судската одлука на 58 страници во понеделникот, судијката на окружниот обвинител на САД, Шарлин Ханивел го отфрли случајот откако Саманта тврдеше дека Маркл ја клеветела во интервјуа, вклучително и она што го направи со Опра во 2021 […]

Таткото на Вања останува во притвор


Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот Александар Ѓорчевски изјавена против решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска”. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на […]