ЕУ воведува забрана за пломби за заби
Советот на Европската унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.
со децении тие беа основни во лекувањето на кариес, пренесува Juro Vikli News (Euroweekly news) и додава дека за нивно производство биле користени метали како сребро, калај, бакар и жива.
Стоматологот Лорена Тринидад од Мадрид, вели дека живата е главната состојка во пломбите што предизвикува загриженост, бидејќи иако е во мали количини, со текот на времето се акумулира во телото, особено во ткивата како мозокот и бубрезите.
Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.
Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачуваат побезбедни алтернативи.