Ново откритие за аутофагија! Ако јадете 8 и постите 16 часа ја зголемувате шансата за кардиоваскуларни болести


Новата научна студија покажа дека наизменичното постење, популарно познато како автофагија, може да ја зголеми шансата за кардиоваскуларни болести. Ако јадете 8 часа и постите преостанатите 16, земете ја предвид новата научна студија која ги доведе во прашање здравствените придобивки од овој режим на исхрана. Инаку, таа е позната како високо пофалена, а ја поддржаа […]

Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд


За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор […]

Како капитализмот стана закана за демократијата


Дали капитализмот на слободниот пазар ја поддржува демократијата или ослободува антидемократски сили? Ова прашање првпат се појави во ерата на просветителството, кога на капитализмот се гледаше оптимистички и беше дочекан како средство за ослободување од крутиот феудален поредок. Многумина замислуваа општество со еднакви можности на мали производители и потрошувачи, каде што никој нема да има […]

САД до Украина: Престанете со нападите врз руските рафинерии, ќе предизвикате одмазда


Соединетите Држави ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Нападите помогнаа да се зголемат цените на нафтата, кои се зголемија за речиси […]

ЕУ: Проширувањето и внатрешните реформи да се спроведуваат паралелно


 Европскиот совет направи преглед на подготовките за проширувањето и внатрешните реформи врз основа на Декларацијата од Гранада, потсетувајќи дека работата на двата колосека треба да напредува паралелно за да се осигура дека и идните земји членки и ЕУ ќе бидат подготвени за членство во моментот на нивниот прием, се наведува во Заклучоците од дводневниот Самит […]

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор


Лекарската комора на Македонија преку социјалната мрежа Фејсбук го осуди убиството на матичниот лекар на паркингот на Поликлиниката Железара. Бараат од истражните органи да го расветлат случајот. -Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Истакнуваме дека никаков вид на […]

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тактиката „пари, пропаганда и пендрек“


ВМРО-ДПМНЕ продолжува во пракса да ги спроведува трите П: пари, пропаганда и пендрек, реагира политичката партија НСДП со соопштение. -Откако јавноста го виде вистинското лице на Мицковски преку пендрекот и насилието, сега е сведок на уште едно од трите П – пропагандата. Кандидатурата на Силјановска-Давкова е поднесена и потврдена од ДИК со повеќе од 40 […]

Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии


Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 2 јули ќе сведочи пред судот за случајот што го покрена против двајца мажи обвинети за создавање и објавување лажни порнографски фотографии користејќи го нејзиното лице на интернет, објавија италијанските медиуми. Мелони, која е оштетена во случајот, бара отштета од 100.000 евра. „Таа ќе ја донира сумата во фондот на […]

Лазаров: Имаме реални шанси за пласман на ЕУРО2026


Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата 1 заедно со Словенија, Литванија и Естонија. „Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме […]

САД се соочуваат со навала на мигранти, вчера стотина ја урнале жицата


ЕЛ ПАСО, ТЕКСАС – Група од над 100 мигранти се обидела вчера илегално да влезат во САД со уривање на граничниот ѕид во четвртокот, пробивајќи ја жицата и соборувајќи ги чуварите. The Post претходно беше сведок на околу 600 мигранти собрани на меѓународната граница, како дел од „пролетниот бран“ на мигранти кои пристигнуваат и се надеваат […]

Уапсен поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо, мора да отслужи затворска казна


Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување. Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос. Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан мора да отслужи затворска казна […]

„Вечерва сме горди што сме Македонци“- синоќа Прага живееше во духот на уникатната изложба на МСУ


  Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, која се отвори во Националната галерија, пред повеќе од 1000 посетители, кои дојдоа да ги погледнат делата од уникатната колекција на МСУ – Скопје.   Помеѓу бројните посетители имаше многу […]

Почна сезоната на лалиња во Холандија, на еколошките активисти и тие им сметаат


Кеукенхоф, најголемата градина со лалиња во светот во близина на Амстердам, ги отвори вратите на 75-годишнината и очекува стотици илјади посетители да им се восхитуваат на цвеќињата од седум милиони цветни светилки. Лоциран во Лисе на западот на Холандија, паркот од 32 хектари е засаден со милиони шарени лалиња и други цвеќиња и е популарна […]

Соработка на Народната банка со Банката на Италија за најдобри практики во развојот на интерни софтвери


Примената на новите технологии за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите е една од заложбите на Народната банка, а воедно и усогласувањето со високите стандарди коишто во оваа сфера ги применуваат централните банки во Евросистемот. За оваа цел е започната билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза […]

Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од Ресен по втор пат се национални победници на Европскиот квиз на парите


Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната […]

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа


  Русија и Кина во петокот ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД со која се повикува на „итен и одржлив прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони гладни Палестинци. Според Асошиејтед […]

Зеленски за масовниот руски напад: Руските ракети не доцнат (ВИДЕО)


Русија изминатата ноќ лансираше над 60 беспилотни летала „Шахед“ и речиси 90 проектили од различни типови кон Украина. Светот ги гледа целите на руските терористи што е можно појасно: електрани и линии за снабдување со енергија, хидроелектрична брана, обични станбени згради, па дури и тролејбус. Русија е во војна со секојдневниот живот на луѓето. Моето […]

Со будала среќата е и глупава: 25 кинески мудрости


Кинеката цивилизација е една од најстарите во светот. Самата пишана историја на Кина е стара повеќе од 3.500 години, а за тоа време вредно се собирале кинеската мудрост, изреки и набљудувања, а нивната мудрост се карактеризира со посебен поглед на светот и местото на човекот во него. Иако овие зборови се напишани пред стотици години, […]

Тошковски тврди дека Управниот суд ги поништил одлуките за кои спореше со Владата


  Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата, информира на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој објаснува дека станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР кои биле […]

Си точела гориво 510 пати без да плати


Во демо-режим, дозаторот работел без наплата. 45-годишна жена од Линколн, Небраска во САД открила дека може да добие бесплатно полнење доколку двапати по ред ја повлече својата картичка за лојалност на бензинската пумпа. Таа ја користела оваа грешка во системот речиси една година и наполнила 510 пати без да плати ништо, со штета од речиси […]