Почина Луис Госет Џуниор, првиот црномурест актер кој доби Оскар за споредна машка улога


Почина Луис Госет Џуниор, првиот црномурест актер кој доби Оскар за споредна машка улога и добитник на Еми за неговата улога во семиналната ТВ мини-серија „Корени“. Тој имаше 87 години. Првиот братучед на Госет, Нил Л. Госет, изјави за Асошиетед прес дека актерот починал во Санта Моника, Калифорнија. Во соопштението на семејството се вели дека […]

Кражби во авионот на американскиот претседател


Вашингтон – Се чини дека сите крадат во авионот „Ер Форс 1“ на американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Политико пишувајќи за предупредувањето упатено до новинари кои патуваат во авионот заедно со Бајден. Како што пренесува Бета, истрагата на Политико почнала со имејл испратен до членовите на Здружението на дописници од Белата куќа на почетокот на […]

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96 илјади фалсификувани долари


Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што уапсила државјанин на Република Северна Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри, јави дописникот на […]

Скопје доби уште еден мол- на објектот Џевахир е поставен најголемиот мурал во Југоисточна Европа


Групата ДНК од и за населба Аеродром синоќа го отвори новиот трговски центар во Скопје- Џевахир мол Скопје.  Големиот број присутни гости ја следеа програмата подмотото „Аеродром пулсира“ каде освен ДНК, настапија  Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители се дружеа со Стела и Сани.Вечерта на отворањето променадата на комплексот беше преполна […]

Фредерико Педреира: „Лекцијата на месечарот“ е своевиден омаж кон Пруст, Џојс, Борхес и Песоа


Неколку дена по одбележувањето на Денот на европските автори, издавачката куќа „Арс Ламина“ го промовираше последниот роман од проектот „Порта Европа“ – „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира. Во едицијата „Порта Европа“ застапени се македонски преводи на шест наслови од млади, но веќе етаблирани европски писатели – добитници на Европската награда за книжевност. […]

Оваа холивудска легенда наполни 94 години и ретко се појавува во јавност


Холивудското кралско семејство мора да јаде. Актерот Џин Хекман беше виден во јавноста на вечера во Ново Мексико, користејќи бастун за да оди и држејќи ја за рака својата сопруга Бетси Аракава. Двојката вечераше во Pappadeaux’s Seafood Kitchen во Санта Фе, каде што легендарниот актер живее од 1980-тите. Претходно истиот ден, Хекман, кој наполни 94 […]

Левица, десница, централно


Веројатно се сеќавате на оној магичен стих од 1984 кога Дарко Рундек и „Хаустор“ пееја: „О-о-о ко ќе схватити то?/Левица, десница, централно“. Левица, десница во тогашна Југославија, четири години по смртта на Тито? Изгледаше како нестварно. Тие стихови со години подоцна по распадот на Југославија во различни средини на поранешната федерација беа користени како своевидни […]

Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални


Москва – Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми. Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени […]

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите


Во Народната банка се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, која опстојува и ја поддржува научно истражувачката дејност во земјава во изминатите 12 години. Во овој период презентирани се 85 научни труда, отворена е научна дискусија за голем број на актуелни и економски […]

Бугарски крузер удри во бетонски ѕид на Дунав во Австрија, 17 лица се повредени


Виена – Вкупно 17 лица се повредени кога бугарски брод за крстарење во текот на ноќта удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во градот Ашах, на северот на Австрија, соопшти денеска локалната полиција. Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија, Германија кон австрискиот град Линц, кога удрил во бетонски ѕид […]

Кралот Чарлс има рак на панкреасот, ова е прогнозата на докторите


Лондон- Кралот Чарлс III е монарх само 18 месеци, но плановите за погреб веќе се актуелизираат во време на неговата битка со ракот на панкреасот. Наречени „ “Operation London Bridge“, погребните поворки на монархот ќе изгледаат слично на церемониите на кралицата Елизабета Втора. Како што напредува неговиот рак, инсајдерите на кралското семејство кажуваат за In […]

Бербок: Путин не сака да преговара


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара. – Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара, […]

28. Моден викенд Скопје – спој на млада визија и одржливост (фото)


Претпоследниот ден на 28-то издание на Моден викенд Скопје, вчера, во Ист гејт мол, стоеше на раскрсницата на традицијата и иновациите, како одраз на еволуирачката природа на модната индустрија. Па така, денот обедини различна низа на млади визионери, сите селектирани со заедничка цел да ги поместат границите на она што модата може да го претстави […]

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот


Бангкок – Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок. Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу […]

Минималната плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра


Брисел – Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел.  Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за […]

Дебелината причина за хронични болести, во Центарот за менаџирање прегледани 730 пациенти


Обезноста е сериозна комплексна хронична болест и доколку не се препознае навреме, може да доведе до појава на околу 200 други хронични болести, предупредуваат експертите. Апелираат да се разбие стигмата околу обезноста, да се подигне свесноста дека секое обезно лице треба навреме да се јави на лекар од примарното здравство за навреме да се дијагностицира, […]

Сезонски и чартер летови од Скопје до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир


Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на […]

Продолжува потрагата по исчезнатaтa Данкa Илиќ – се уште нема траги


Петти ден продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Полициски патроли се уште го обезбедуваат дворот од кој исчезна девојчето. По четири дена потрага се уште нема траги од неа. Претходните денови беа претресени 10 квадратни километри околу куќата пред која исчезна девојчето, во потрагата учествуваат повеќе […]

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори


Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.  Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два – три часа […]

ФФМ: Целосно соработуваме со МВР


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР). Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат […]