Франција ја затвори вратата за Зинедин Зидан


Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало му ја затвори вратата на Зинедин Зидан. Селекторот нема да ја води репрезентацијата најмалку до 2026 година. Ова станува јасно од изјавата на фудбалскиот функционер. Во интервју за локалното издание Le Figaro, Филип Диало гарантира дека без разлика на настапот на „петлите“ на Европското првенство во Германија летово, […]

Се очекува утре да заседава Комисијата за заразни болести за состојбата со големата кашлица


Се очекува утре да заседава Комисијата за заразни болести за состојбата со болеста пертусис (голема кашлица) во државава. Од 15 до 21 март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, со 67 отсто зголемување споредено со претходниот седмодневен период, покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вчера. – Во […]

Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија


 Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија. „Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко, според соопштението за печатот од белоруското претседателство. Рускиот претседател Владимир Путин […]

Луксембург и Ирска со најголем, а Бугарија и Грција со најмал БДП по жител во ЕУ според куповната моќ


Луксембург и Ирска беа на чело на ЕУ и во минатата 2023 година во однос на висината на домашниот бруто-производ (БДП) по жител, изразен според куповната моќ, а од земјите во регионот, Словенија е на чекор до европскиот просек, Хрватска е веднаш до Унгарија, со малку намалено заостанување зад просекот на Унијата, додека на опашката […]

Владата на Мицотакис на удар за фалсификување на фактите за железничката несреќа


  Грчката централно-десничарска влада на Нова демократија во вторник ќе се соочи со гласање за недоверба што го поттикнаа опозициските партии по извештајот во печатот кој сугерира дека разговорите меѓу работниците во возот ноќта на несреќата во која загинаа 57 лица биле фалсификувани. Иницијативата за гласање недоверба дојде од опозицискиот Пасок и беше поддржана од […]

Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина


 Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну изјави денеска дека е подготвен да ги искористи своите овластувања за да наметне конкретни барања за производниот капацитет на производителите на оружје или да постави приоритетни цели за нивното производство за да се забрза производството на оружје и муниција за Украина, како и како и за другите места во […]

Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија


 Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија, соопшти денеска министерот за рударство на западноафриканската земја, Вилмот Пеј. Тој посочи дека точниот број на жртвите ќе биде познат кога спасувачкиот тим ќе стигне до локалитетот на несреќата во областа на реката Цес во централна Либерија. „Ми кажаа дека седум лица настрадале, […]

Путин одлучил да оди на Киев и да го заземе Харков


  Рускиот претседател Владимир Путин, по неуспехот на украинската контраофанзива, ја „почувствува слабоста“ на Украина и е „подготвен да оди до победа“, вклучително и повторно обид да го заземе Киев и да го заземе Харков, изјавија извори блиски до претседателската администрација за независниот руски медиум „Медуза“. „Доколку е потребна мобилизација, тој ќе ја објави. Ако […]

ДУИ возврати: Меџити призна дека тој одлучувал за легализациите во Чаир, а не законот


Демократската унија за интеграција реагира кон  ставовите на поранешниот прв човек на општина Чаир, Изет Меџити, искажани во емисијата “Клик плус” на ТВ21 и најостро го осудува неговиот обид да избега од одговорноста за сторениот криминал со легализацијата на објектите и зградите во Чаир, префрлувајќи ја вината на апсурден начин и без правна основа врз […]

Отворено писмо од претставничката на УНИЦЕФ до сите политички партии


Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата, се вели во отворено писмо од претставничката […]

Украина погоди уште еден голем брод на руската Црноморска флота


  Украина онеспособи уште еден од десантните бродови на Црноморската флота на Русија, откако украинските сили уништија два големи десантни брода и еден клучен руски извидувачки брод. Десантниот брод „Константин Олшански“ „не е борбено способен“ по нападот, изјави портпаролот на украинската морнарица капетан Дмитро Плетенчук за украинските медиуми. Украинската морнарица во соопштение објавено во вторникот […]

26 март во историјата – Египет и Израел го потпишаа мировниот договор


  На церемонија во Белата куќа, Вашингтон, египетскиот претседател Анвар ел-Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин потпишаа историски мировен договор, ставајќи крај на тридецениските непријателства меѓу Египет и Израел и воспоставувајќи дипломатски и трговски врски. Тоа се случи на 26 март 1979 година. Помалку од две години претходно, во невиден потег за еден арапски лидер, […]

Шефот на руската ФСБ: Зад нападот во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина


  Шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, денеска соопшти дека, покрај приведените единаесет лица осомничени за директна вмешаност и соучесништво во нападот во регионот на Москва на 22 март, има и други инволвирани, чиј број ќе продолжи да расте, објавија британските медиуми, цитирајќи руски новински агенции. Според последните податоци, најмалку 139 […]

Ивон Величковски договори соработка на изборите со СДСМ


Денес претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните. Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со Движењето за Нова […]

Бугарска политичка сапуница: Влада не смее да се формира


  Бугарија е на патот кон нови избори, а клучните партии прават десетици варијанти да се обидат вината да им ја префрлат на ривалите. Собранието на вонредна седница во вторникот го прогласи за неуспешен мандатот на Марија Габриел поставена од ГЕРБ за премиер. Претходно лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, најави дека неговата партија нема да […]

Белгиската полиција со солзавец и водени топови ги растера земјоделците во Брисел


Бриселската полиција употреби солзавец за ги спречи незадоволните земјоделци да ги пробијат полициските барикади и да се упатат кон плоштадот „Шуман“ во Брисел, каде што се наоѓаат зградите повеќе институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ. Според полицијата, до инцидентот дошло кога неколку трактори се обиделе да ги пробијат […]

Почина Слаѓана Милошевиќ, икона на новиот бран во Југославија


Авангардната уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 69-годишна возраст, потврди за ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Милошевиќ почина во Земунската болница по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна. Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот […]

Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра


Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија […]

Какаото поскапо од бакарот, цената надмина 9.000 долари за тон, поскапеа и велигденските чоколада


Какаото на њујоршката берза за еден ден поскапе за повеќе од 700 долари за тон и неговата цена надмина 9.000 долари за тон, па беше поскапо од бакарот. Како што пренесува Блумберг, фјучерсите на какаото во Њујорк дополнително се зголемија по веста за финансиски проблеми во Гана, вториот најголем светски производител на оваа суровина. Какаото […]

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“


Учениците од Општина Дојран ќе имаат можност да се стекнат со знаења за врсничко насилство преку работилници овозможени од „Макпетрол“. Како и во претходните 17 општини, со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка, и во Дојран ќе се одржат едукативни средби предводени од психолог. Споделувајќи искуства здобиени преку практична работа на оваа тема, како и […]