ЕУ ќе и донира седум амбулантни возила на скопската Итна помош


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ. Делегацијата на ЕУ, како што соопшти, обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица […]

Пратениците ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија


Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на денешната нова 140. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно […]

Сончево и топло, до 20 степени


Утрово ќе има услови за појава на мaгла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 7 февруари 2024 година, 38-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 328 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минути, а ќе зајде во 16 часот и 56 минути. Денов трае 10 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Владиката Тимотеј: Разговорите со Вселенската Патријаршија не се прекратени, но се во стагнација


Преговори, договори и разговори не се прекратени со цариградскиот трон, со Вселенската Патријаршија, но има некои прашања коишто ние во овој момент не можеме да ги прифатиме од каноски аспект гледано, а тие пак инсистираат на нешто што е според нас и според канони неприфатливо во овој момент и затоа се можеби во една стагнација […]

Бајден го обвини Трамп за отпорот во Конгресот за донесување закон за границата и помошта за Украина


Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека бипартискиот нацрт закон за реформи на имиграцискиот систем се урива по политички притисок од Доналд Трамп. Во обраќање денеска до Конгресот Баден упати повик да се усвои нацрт законот за побезбедни граници и давање помош на Украина, претседателот изјави дека законодавците треба да покажат одлучност. – Сè укажува […]

Трамп: Одлуката на судот ја уништува американската нација, претседателот мора да има целосен имунитет


Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп денеска изјави дека пресудата на судот во Вашингтон, според која тој нема имунитет, „ја уништува американската нација“. – Претседателот на САД мора да има целосен имунитет за да може да го направи она што е добро за нашата земја. Не смее да се дозволи оваа пресуда […]

Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај, вели в.д. директорот на Фондот


В.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани вечерва, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. -Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 […]

Мајката на вооружениот напаѓач во училиште во Мичиген прогласена за виновна за убиство


Мајката на малолетник од Мичиген кој во 2021 година уби четворица ученици беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението за убиство од небрежност. Во САД ова е првпат родител на вооружен напаѓач во училиште да биде осуден за убиство. Според судското сослушување родителите на напаѓачот Итан Крумбли, Џенифер и Џејмс Крумбли, се товарат […]

Антони Пешев избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка – Битола


  Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, е избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка – Битола.  Предлогот за Пешев дојде уште лани во октомври кога Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДСМ, поднесе оставка на оваа функција. Според тогашните информации, Пешев за оваа функција го предложил Трајан Масалковски и компанијата […]

Алијансата до Касами: Ја подели сопствената партија, не се мешај во нашата!


  Алијансата на Албанците му порача на Билал Касами преку Фејсбук методите што ги примени во неговата партија да не ги применува сега кај нив. Според Алијансата, Касами само внесува раздор  на албанската политичка сцена и со своите потези веќе предизвикал создавање на седум нови партии, вклучувајќи ја и поделбата на неговата.  „Го повикуваме претседателот […]

„Греми“ не ја заборави Тина Тарнер


Лос Анџелес – Фантазија Барино ја маѓепса публиката со нејзината енергична изведба на „Proud Mary“ на Тина Тарнер, привлекувајќи го целото внимание на преполната арена. Академијата за снимање го одржа своето 66-то шоу на Греми наградите во Crypto.com арената во Лос Анџелес во неделата, собирајќи ги најистакнатите музичари во Холивуд за цела ноќ на прослави, […]

Нема ни тендери ни функции зa лицата од „црните листи“


Со предлог-законот за рестриктивни мерки на МНР, во изменета форма, што денеска министрите го одобрија на владина седница и го пратија на одлучување во парламентот, се предвидува лице што е на „црна листа“ на властите на САД и Обединетото Кралство да не може да се кандидира ниту да извршува јавна функција, а тоа или правното […]

Владата почна да ги разрешува кадрите на Таравари, Алиу и Меџити не сакаат да дадат оставка


  Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Според нив, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари. Изјавата ја дадоа откако стигна информацијата дека на […]

Кралски, ама удобен: Софија Вергара го покажа домот во Лос Анџелес


Лос Анџелес- Луксузниот дом на Софија Вергара во населбата Беверли Парк во Лос Анџелес преполна со ѕвезди, евоцира грандиозност од стариот свет, погодна за кралско семејство. Но, во дизајнирањето на просторот, актерката сакаше да се погрижи гостите да се чувствуваат удобно таму. „Не се плашам да трошам пари, но тоа мора да биде за нешто […]

Од Алијансата бараат разрешување на Меџити и Алиу


Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити. -Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа […]

Демант на Државна лотарија на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Од Државната лотарија се огласија со соопштение во кое ги демантираат изнесените обвинувања на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата. од таму ги негираат тврдењата на Стоилковски дека  се потрошени 12 милиони евра за купување апарати за коцкање. -Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека не е […]

Трамп нема имунитет за настаните од 6 јануари, пресуди апелацискиот суд


  Доналд Трамп не е имун од гонење за наводните злосторства што ги извршил за време на неговото претседателствување за да ги смени резултатите од изборите во 2020 година, соопшти во вторникот Федералниот апелационен суд. Пресудата е голем удар за досегашната клучна одбрана на Трамп во случајот за субверзија на федералните избори што против него […]

Ѓоко Таневски : „Пострашно нешто од жена што сама пие во кафеана нема“


Во новата емисија на „Нешто конкретно“ ни гостуваа девојките од групата „Фрајле“, а друштво им правеше нашиот пејач од Охрид Ѓоко Таневски. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери. Ѓоко […]

Една третина од децата и младите доживеале булинг преку интернет


На овогодинешниот меѓународен ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет. Повеќе од 400 деца и млади од Северна Македонија учествуваа […]