Трамп нема имунитет за настаните од 6 јануари, пресуди апелацискиот суд


 

Доналд Трамп не е имун од гонење за наводните злосторства што ги извршил за време на неговото претседателствување за да ги смени резултатите од изборите во 2020 година, соопшти во вторникот Федералниот апелационен суд.

Пресудата е голем удар за досегашната клучна одбрана на Трамп во случајот за субверзија на федералните избори што против него го покрена специјалниот советник Џек Смит. Поранешниот претседател тврдеше дека однесувањето за кое Смит го обвини е дел од неговите службени должности како претседател и затоа го штити од кривична одговорност.

„За целите на овој кривичен случај, поранешниот претседател Трамп стана граѓанин Трамп, со сите одбрани на кој било друг кривично обвинет. Но, секој имунитет што можеби го штител додека бил претседател, повеќе не го штити од оваа истрага “, напиша судот.

Одлуката од тричлениот совет беше едногласна. Тричлениот совет кој ја донесе пресудата во вторник вклучува двајца судии, Џеј Мишел Чајлдс и Флоренс Пан, кои беа назначени од Џо Бајден, и Карен Лекрафт Хендерсон, која беше назначена од Џорџ Х.В. Буш.

Тимот на Трамп би можел да ја обжали пресудата директно до Врховниот суд, или прво да побара ревизија во апелациониот суд, што значи дека случајот повторно ќе биде разгледан, но овој пат до целосниот сосатв на судот во Вашингтон.

Трамп се соочува со четири точки од обвиненијата од Смит за субверзија на изборите, вклучително и заговор за измама на Соединетите држави и за попречување на официјалната постапка. Поранешниот претседател се изјасни за невин.

Трамп тврди дека работел на „обезбедување изборен интегритет“ како дел од неговиот официјален капацитет како претседател, и затоа тој е имун од кривично гонење за обид да ги поништи изборните резултати. Неговите адвокати, исто така, тврдат дека бидејќи Трамп беше ослободен од Сенатот за време на постапката за импичмент, тој е заштитен и не може да биде обвинет од Министерството за правда за истото однесување.

Прашањето за имунитетот на крајот се очекува да заврши пред Врховниот суд, еден од неколкуте последователни случаи што високиот суд ќе ги преземе во врска со Трамп оваа година.

Окружниот судија што го надгледуваше кривичното дело на Трамп во ДЦ ги отфрли аргументите за имунитет на Трамп во декември, пишувајќи дека да се биде претседател не „додава доживотна пропусница ‘за излегување слободно од затвор’“.