Антони Пешев избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка – Битола


 

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, е избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка – Битола.  Предлогот за Пешев дојде уште лани во октомври кога Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДСМ, поднесе оставка на оваа функција.

Според тогашните информации, Пешев за оваа функција го предложил Трајан Масалковски и компанијата „Форми Јорго“ од Битола.

Народна банка дала согласност за овој предлог на 22 јануари.