Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС


Аргентинецот Лео Меси постигна само еден гол, и тоа од пенал, на петте претсезонски пријателски натпревари на Интер Мајами. На натпреварот против Њуелс Олд Бојс (1:1), напаѓачот се најде во стартниот состав, одигра 60 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Меси постигна гол само против Ал-Хилал (3:4). На мечот со […]

ОДИХР бара покренување истрага за околностите на смртта на Навални


 Смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални додека отслужуваше долга затворска казна е трагедија што следува по годините неправедно затворање и негирање на човековите права, соопшти денеска Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и побара истрага за околностите на неговата смрт. -Длабоко сум тажен поради веста за смртта на Алексеј Навални. […]

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица


Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). Од ИЈЗ информираат дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група […]

Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили


Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани  17.738 заразени случаи, јави Топ чанел. – По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените […]

ЦУК: Шумски пожар над село Палиград на планината Китка


Преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 доцна попладнето е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ над село Палиград на планинатата Китка,  информира Регионалниот Центар за управување со кризи Скопје.  Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“ и оти […]

Куп на Македонија: МЗТ го победи Работнички во „вечното дерби“


Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа градскиот ривал Работнички со 81:76 (43:38) и се пласираа во финалето, 17-то за нив откако постои клубот. „Штрковите“ на тој начин ќе имаат можност да дојдат до својата 12-та титула во ова натпреварување. Тимот од Аеродром ќе го […]

Бред Пит прогласен за мнозински сопственик на имотот Миравал додека трае битката со рускиот олигарх


Два месеци пред да се ожени со Анџелина Џоли, Бред Пит најде нова страст. „Во добро или во лошо, со оглед на мојата компулсивна природа, ако сакаме да бидеме во бизнисот со вино, ајде да го направиме најдоброто вино што можеме“, рече тој не долго откако тој и актерката го купија Шато Миравал, имот од […]

Стотици Срби се собраа пред руската амбасада да жалат за Навални (ВИДЕО)


Стотици луѓе се собраа попладнево  пред руската амбасада во Белград да изразат  жалост по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во  затвор. Луѓето полагаат цвеќе и плачат, а се слуша и руска музика. Меѓу граѓаните пред амбасадата има и оние кои побегнаа од Русија. Учесниците  велат дека Навални бил „последната надеж дека Русија може да […]

Економско-социјалниот совет расправаше и за состојбата со зградата на Работничкиот дом


Информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом, предложена од Сојузот на синдикатите на Македонија, била меѓу точките на дневен ред денеска на првата седница на Економско-социјалниот совет со којa претседавал техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.    Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на седницата биле разгледани Годишниот […]

Сите жртви на Путин


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина денеска во арктички затвор, каде што одлежуваше затвор, е последниот критичар што се соочи со претседателот Владимир Путин. Други, вклучувајќи го и Јевгени Пригожин, се убиени, за „влакно“ избегнале смрт или биле протерани. Еве ги најпознатите критичари на Путин и каде се тие сега: Навални (47), најистакнатиот руски […]

Пендаровски за Навални: Ова е тажен ден за демократијата


Македонскиот претседател Стево Пендаровски од Минхенската безбедносна конфереција изрази жалење за смртта на Алексеј Навални. Ужаснат сум од смртта на рускиот политичар Алексеј Навални. Тажен ден за демократијата, човештвото изгуби цврст активист за човекови права. Срдечно сочувство до неговата сопруга Јулија и неговите деца, напиша Пендаровски на „Х“.

Де Кро: Ако престанеме да го почитуваме правото, ќе го изгубиме моралниот глас


Премиерот на Белгија, Александар Де Кро рече дека кога ќе престанеме да ги почитуваме демократијата, владеењето на правото, меѓународното хуманитарно право, ќе го изгубиме моралниот глас. Тој на панелот за заштита на меѓународното хуманитарно право на Безбедносниот форум во Минхен рече дека е важно да има прекин на огнот во Израел, да се ослободат заложниците […]

Вистинскиот пат за Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина


Извршниот директор во Одборот на Групацијата Светска банка – Холандска Конституенца, Јуџин Ругенат вели дека вистинскиот пат за Северна Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина. Во интервју за „Гласот на Америка“, Ругенат вели дека Светска банка преку новата Рамка за партнерство ја продолжува 30-годишната поддршка на земјата, која е на вистински пат да спроведе […]

„Најк“ ќе врачи речиси 2.000 откази


Американскиот производител на спортска облека „Најк“ соопшти дека ќе намали околу два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка. Поради високите трошоци за живот, граѓаните купуваат помалку спортска опрема, а трговците ги намалија нарачките, па „Најк“ одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари со прилагодување […]

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални умре во затвор


  Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти тамошната затворска служба, во она што веројатно ќе се смета како политичко убиство кое му се припишува на Владимир Путин. Навални (47), еден од највидливите и најупорните критичари на Путин, беше држен во затвор на околу 70 километри северно од Арктичкиот круг каде што беше […]

Сопругот ја тепал сопругата во Кисела Вода


Вчера вечер, во 19.44 часот во СВР Скопје, 60-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачје на Кисела Вода, нејзината 27-годишна ќерка физички била нападната од сопругот, 30-годишниот Д.Ј. од Скопје, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија


Двајца државјани на Северна Македонија, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина. Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што […]

Затворот каде што умре Навални е познат по својата суровост


  На 16 февруари, затворските власти за автономниот регион Јамало-Ненец ја објави смртта на политичарот Алексеј Навални. Тој ја отслужуваше својата казна во локалната поправна колонија (ИК) бр. 3 „Поларен волк“ и „по прошетката се чувствуваше лошо, речиси веднаш ја изгуби свеста“. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на итна медицинска […]

Сивата екомонија ја подмачкува корупцијата: Стопанската комора со предлог мерки против даночно затајување


Да се воведе давачка од 0,5 отсто при подигање готовина од банка и тие средства да одат за државата, а парите кои наскоро ќе треба да се означат со „Северна Македонија“ воедно да се номинираат, за да се знае на кого од каде му се и дали се легални. Ова се двете клучни мерки што […]

Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот


 Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јасмина Лескаровска, на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на Советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на Советот на Агенцијата и Роберт Блажевски од Хотелската […]