Сателитот ЕРС-2 согоре во атмосферата над Пацификот – не ја допре Земјата


Европскиот сателит кој беше пионер на многу од технологиите што се користат за следење на планетата и нејзината клима падна на Земјата. Сателитот ЕРС-2 тежок два тона изгоре во атмосферата над Пацификот. Досега нема извештаи од очевидци за смртта на сателитот или за какви било остатоци кои стигнале до површината на Земјата. ERS-2 беше една […]

Кралот Чарлс се врати на должностите – првата средба беше со премиерот


  Лондон- Кралот Чарлс Трети е виден повторно на работа за прв пат откако ја откри дијагнозата за рак. Монархот беше снимен како се ракува со британскиот премиер Риши Сунак при пристигнувањето во Бакингемската палата во средата попладне. Нивниот состанок го означи продолжувањето на нивните неделни средби за да разговараат за владините прашања. Иако кралот […]

Бојмацалиев: „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин


Во разговор за ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за гужвите кои се создаваа во целиот процес на вадење лични документи, закажување, сликање и земање, објасни дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен функционираше. „Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто […]

Совет на Европа ја осуди „репресијата“ врз невладините организации кои им помагаат на мигрантите


Комесарката за човекови права при Советот на Европа Дуња Мијатовиќ ги повика земјите-членки да ја запрат „репресијата“ врз невладините организации и луѓето кои ги штитат правата на мигрантите. Во извештајот со препораки објавен денеска, Мијатовиќ истакна дека има „растечки тренд на притисок, заплашување и криминализирање на луѓето и организациите кои им помагаат на бегалците, барателите […]

„Хотел Калифорнија“: Од топ-листи до суд


Њујорк – Речиси половина век откако „Hotel California“ стана хит, тројца луѓе се обвинети на Суд во Њујорк поради спор околу тоа кој поседува околу 100 листови различни верзии на песната. Клучен сведок во постапката треба да биде еден од основачите на бендот „Иглс“, Дон Хенли, кој сака да ги врати тие ракописи, додека тројцата […]

(Видео) Тројца Палестинци пукаа на автопат во Израел – убија еден, а ранија осум Израелци


Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот 1 кај Мале Адумим во централниот дел на земјата. – Вооружени цивили убиле тројца терористи на лице место – соопшти полицијата. Jerusalem Post јавува дека според првичните информации терористите го искористиле сообраќајниот метеж на автопатот. […]

Кучето на Бајден, Командант, дури 24 пати каснало агенти на тајната служба


Нови документи покажуваат дека кучето на американскиот претседател Бајден, Командант, каснало агенти на американската тајна служба 24 пати. Досиејата покажуваат дека германскиот овчар им направил многу проблеми на телохранителите на претседателот, јавува Би-би-си. Документите опишуваат најмалку 24 инциденти помеѓу октомври 2022 и јули 2023 година во кои кучето Командант каснало телохранител за рака, подлактица, лактот, […]

Четири земјотреси не поголеми од 4 степени утрово во Хрватска


Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија. Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска. Околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум. […]

Внимателно: Овие неколку работи мора да ги направите пред утринското кафе


Еве што треба да правите пред да го испиете пијалокот за будење Големи се шансите секое утро да се тркалате од кревет директно во кујната за првата шолја топло кафе. Сепак, експертите велат дека може да имате корист од одложувањето на ова утринско задоволство, особено ако ги правите овие пет работи пред вашето кафе. Изедете […]

Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово


Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина. На вчерашната тркалезна маса […]

Пепе стана најстариот учесник во плејофот на Лигата на шампионите


Дефанзивецот на Порто, Пепе, стана најстариот фудбалер кој играл во плејоф натпревар од Лигата на шампионите. Португалецот го одигра целиот натпревар синоќа против Арсенал (1:0) во 1/8-финалето на турнирот. Во моментот на рекордот, Пепе имаше 40 години и 360 дена. Претходно, крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал со 16 години и 223 дена стана најмладиот […]

Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓа картичка и со неа си извршил трансакции


Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана. Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР. Два […]

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за Лео


Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.  Од денеска се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување […]

Администрацијата на Бајден најави автоматско отпишување на студентски долгови за 153 илјади луѓе


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави автоматско отпишување на федералните студентски заеми во вредност од 1,2 милијарди долари за речиси 153.000 кредитокорисници кои се подобни според програмата што се користи за исполнување на неговите ветувања за зголемување на простувањето на студентските заеми. Бајден, кој се очекува во ноември да се бори за нов претседателски мандат, […]

Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово


Приштина – Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Северна Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина. Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка […]

Без вода поголем дел од скопската Стара чаршија


ЈП Водоводо и канализација – Скопје информира дека поради уличен дефект на ул. „Салих Асим“ бр. 43 без вода од 6:30 часот е поголем дел од Стара Чаршија. Снабдувањето со вода ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. Од ЈП информираат исто така е одложено работењето на дефектот на затворач ф-80 мм на ул. Самоилова […]

„Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер, во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела/Шпанија. Како што информираат од Македонската  филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, […]

Јапонски грантови за пет проекти, вредни 300 илјади евра


Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра. На церемонијата што ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, како што најавуваат од Јапонската амбасада, ќе се […]

Пендаровски, Силјановска Давкова, Таравари, Јакимовски, Ванковска, кандидати за претседател на државата


На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март. Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од највисокото раководство на владејачката СДСМ за втор мандат, […]

Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен […]