Германија одобри извоз на противвоздушни ракети во Саудиска Арабија


Германската влада денеска одобри извоз на противвоздушни ракети во Саудиска Арабија, ублажувајќи го нејзиниот досега цврст став за извоз на оружје во таа земја. Владиниот портпарол Штефен Хебестрајт во денешното соопштение го потврди извештајот на неделникот Шпигел дека германскиот Совет за безбедност составен од германскиот канцелар Олаф Шолц и други министри на крајот од минатата […]

Комеморацијата за Бекенбауер на 19 јануари на Алијанц Арена


 Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска дека комеморацијата за најголемиот германски фудбалер во историјата Франц Бекенбауер, кој почина во неделата на 79-годишна возраст, ќе се одржи на 19 јануари на стадионот „Алијанц Арена“. „ФК Баерн ќе одржи голема комеморација за Франц Бекенбауер на Алијанц Арена на 19 јануари. Ги повикуваме сите пријатели и партнери како од […]

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина


 Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина. Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре […]

Македонските ракометари поразени од Франција на отворањето на ЕП


Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва во Дизелдорф од Франција со 39:29 на отворањето на 16. Европско првенство чиј домаќин до 28 јануари ќе биде Германија.   Пред рекордна бројка од над 53.000 навивачи на стадионот „Меркур Шпил Арена“, избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го отворија натпреварот против актуелниот олимписки првак и по девет […]

Белорусија испрати деца од окупирана Украина на обука со белоруската армија


 Белоруската државна телевизија денеска јави дека властите во земјата испратиле неодамна пристигната група деца од окупираните делови на Украина на заедничка обука со белоруската армија. Официјална Украина, како и белоруската опозиција, тврдат дека Белорусија, која е сојузник на Москва, е вмешана во нелегалното префрлање на голем број украински деца во Белорусија, нешто што критичарите на […]

Став на Министерството за одбрана за Ревизорскиот извештај за 2022 година


Министерката за одбрана уште на 30 септември 2022 година од Државниот завод за ревизија побара да се изврши ревизија во Министерството за одбрана заради зголемување на транспарентноста, отчетноста во користењето на јавните средства и во одговорноста во извршувањето на законските надлежности, токму за да се согледа ситуацијата и да се утврдат евентуалните неусогласености за да […]

Магла од 100 – 150 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, видливоста намалена


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги […]

Белгискиот еврокомесар Дидие Рејндерс ќе биде номиниран за генерален секретар на Советот на Европа


Белгискиот еврокомесар Дидие Рејндерс ќе биде номиниран за генерален секретар на Советот на Европа, изјави денеска портпаролот на белгиската Влада, цитиран од британските медиуми. Советот на Европа е паневропска група која од своето создавање по Втората светска војна има задача да ги поддржува човековите права и владеењето на правото.  Седиштето на Советот на Европа се […]

Истражување на Светскиот економски форум: Само 16 отсто испитаници очекуваат стабилна или мирна ситуација


Резултатите од новото истражување на Светскиот економски форум укажуваат на главно негативни изгледи за светот на краток рок и очекување за влошување на долг рок. Мнозинството од испитаниците (54 отсто) предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи, 27 отсто сметаат на поголеми турбуленции, додека три отсто очекуваат глобалните ризици од катастрофи да се […]

Протест во кумановски Средорек, ЕВН вели по плаќањето на сметките исклучените ќе добијат струја


По протестот во кумановската населба Средорек, од ЕВН велат дека дел од жителите се исклучени поради неплатен долг, како и дека штом ги платат сметките ќе имаат електрична енергија. -Дел од корисниците од населбата Средорек имаат долг за електрична енергија, со што ги исполнуваат условите за исклучување согласно законската регулатива која важи низ целата држава. […]

Ограничувањето на висината на казнената камата до износот на главнината не е спротивно на Уставот, оцени Уставен суд


Уставниот суд на првата седница за 2024 година, која се одржа денеска, одлучи да не поведе постапка во врска со предметот во кој се оспорени законските измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување и утврди повреда на слободата на изразување на мислата и јавното изразување на мислата во врска со барањето за […]

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец


Во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.Ш. (49) од скопското село Кучевиште, информира МВР.  Случајот бил пријавен доцна синоќа, во 23:40 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а бил извршен и увид од екипа на СВР Скопје. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот […]

Пратениците усвоија 27 амандмани за Предлог-законот за македонски јазик


Пратениците денеска на седницата на Комисијата за култура усвоија вкупно 27 од 65 поднесени амандмани за Предлог законот за македонски јазик. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафимовска, како еден од предлагачите на амандманите, посочи дека во член 4 став 1, точка 6 треба да стои дека е потребно задолжително изучување на македонскиот јазик и неговото кирилско […]

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина


Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига А серија, а на него ќе учествуваат и членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Најквалитетните светски каратисти ја отвораат сезоната во лигата на турнири организирани од Светската карате федерација. Пријавени се делегации од 81 држави, со 1094 спортисти, кои […]

Нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести околу големата кашлица, се апелира на вакцинација


Засега нема информација дали и кога Комисијата за заразни болести ќе заседава по најновите случаи на голема кашлица регистрирани во земјава. Од почетокот на годинава, според информациите на Институтот за јавно здравје, евидентирани се два случаја на персутис или попознати во јавноста како магарешка кашлица. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава […]

До крајот на минатата година извадени 1.169.463 пасоши со Северна Македонија


Од вчера почна „лицитацијата“ кој прв ќе побара да се продолжи рокот за замена на личните документи бидејќи пред пунктот без закажување на Министерството за внатрешни работи граѓаните чекаат со саати во редици – и не се гледа крајот на овој процес. Претседателот Стево Пендаровски побара рокот за вадење документи со новото име на државата […]

Долгот за даночни обврски зголемен за 17 милиони евра, вкупниот нето долг достигна 164 милиони евра


Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица. Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 […]

Африканска чума не е заразна за луѓето, потребни се мерки за контрола на болеста


Болеста африканска чума кај свињите не е пренослива на луѓето и кај другите животни, таа се пренесува од диви на домашните свињи и се шири само кај овие животни, велат ветеринарите од Куманово. Станува збор за инфективно заболување. За ветеринарите многу е важно да се едуцираат фармерите, невреме да се преземат мерки и да се […]

„Личниот геронтолог“ на Путин, кој планираше да живее 100 години, умре на 77


  На 77-годишна возраст почина еден од водечките руски геронтолози, основач на Институтот за биорегулација и геронтологија, академик на Руската академија на науките Владимир Кавинсон. Ова го соопшти вицегувернерот на Санкт Петербург Олег Ергашев. Научникот, кого медиумите го нарекоа „личен геронтолог“ на претседателот Владимир Путин, работеше на проблемите со стареењето и продолжувањето на активниот живот […]

Протест против измените на Законот за игри на среќа: Пратениците да размислат што ќе изгласаат


Неколку стотини вработени и припадници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), денеска протестираа пред Собранието и ја блокираа улицата „11-ти Октомври” против носењето на новиот предлог Закон за игри на среќа. На протестот тие апелира до пратениците добро да размислат […]