Веднаш проверете на која температура работи вашиот фрижидер! Ако ви е погрешно поставена лошо влијае на храната


Погрешната температура во фрижидерот го зголемува ризикот од формирање на бактерии на храната и расипувањето на храната. Докторката Бавна Мидха, која истражуваше дали луѓето правилно ја прилагодуваат температурата на фрижидерот, предупреди на важноста на овој проблем. Ако фрижидерот е поставен на оптимална температура, храната може да остане во него со денови без да се развијат […]

Скопскиот аеродором петти најпрометен во регионот во 2023 година


Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, […]

Панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ (во живо)


Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе се обрати на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“.  

Дали е поевтино да се вози на бензин, дизел или електричен автомобил?


Кога првпат се купува автомобил, електричните автомобили се генерално поскапи од автомобилите на бензин и дизел, иако со субвенции оваа разлика може да се намали. Сепак, се поставува прашањето кога ќе се земат вкупните трошоци, кој тип на автомобил е најевтино да се вози? Компаниите Leaseplan и ALD Automotive се обидоа да дадат одговор на […]

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес


 Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомните лица за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна. Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа. […]

Голем пожар во Белград – гори Кинескиот трговски центар


Пожар изби утрово во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, јавија локалните медиуми. Во гаснењето на пожарот се вклучени 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила. Во тој трговски центар голем пожар избувна и пред повеќе од две години. „Блиц“ пишува дека причината за пожарот се уште не е позната, а како што може да се види на […]

Единаесет задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози… АЦВ подготви прелиминален извештај


Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни  мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе […]

Словенија предлага законски измени со кои се олеснува вработувањето странски работници


Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Поради недостиг на работна сила, со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа […]

Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа


Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си. Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во […]

Студија: Се очекува евроскептичните десничарски партии во земјите членки на ЕУ да забележат пораст на европските избори во јуни


Популистичките и евроскептичните десничарски партии во земјите-членки на ЕУ се очекува да забележат силен пораст на претстојните европски избори во јуни, јавија француските медиуми цитирајќи нова студија објавена денеска од Европскиот центар за надворешни односи. Според него, партиите што ја претставуваат популистичката и антиевропска десница ќе излезат на врвот на евро-гласањето во најмалку девет земји-членки, […]

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк досега


На повик на Германскиот синдикат на машиновозачи (ГДЛ) синоќа започна нов повеќедневен штрајк на вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ). Штрајкот започна синоќа во 18 часот (17 часот по Гринич) во товарниот превоз, а рано изутринава, во 02 часот се прошири и на превозот на патници. Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот […]

Најстудено во Битола -11, најмногу снег во Маврово 18 сантиметри


Најстудено утрово е во Битола со -11 степени, во Тетово и Дебар се измерени -8, во Прилеп-7, Струмица -6, Берово, Штип и Демир Капија -5, Охрид -3. Над нулате е во Скопје и Куманово со три степени, Велес и Дојран четири и Гевгелија со седум степени, соопшти УХМР. Најмногу снег, пак, има во Маврово 18 […]

Џафери ќе ги соопшти датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада


Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и […]

Регионалниот пат Велес-Градско затворен од 09 до 16 часот


Делницата Велес – Градско на Регионален пат Р1102, поради поставување заштитна мрежа, ќе биде завторена за сообраќај денеска од 09:00 до 16:00 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска […]

ЕК истражува дали влезот на „Луфтханза“ во „ИТА Ервејс“ ќе ја намали конкуренцијата на пазарот


Европската комисија започна истрага за проверка на усогласеноста со Регулативата за здружување на ЕУ на најавената заедничка сопственост на италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ од страна на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија, јави дописникот на МИА од Брисел.  Еврокомисијата соопшти дека истрагата е покрената поради нејзината „прелиминарна загриженост“ дека трансакцијата […]

ЕК: ЕУ останува посветена на зајакнување на образовните системи на Западниот Балкан


Образованието е клучно за економскиот и социјалниот развој на земјите партнери кои граничат со ЕУ и за зајакнување на нивните врски со Унијата, пред се на државите кои се дел од процесот на проширување на блокот, посочува Европската комисија по повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари.  – Затоа, ЕУ ќе продолжи да се […]

„Лидл“ ќе ја претстави неговата најголема инвестиција во земјава- изградба на логистички и диструбутивен центар


Во индустриската зона „Речица“ кај Куманово денеска ќе биде претставена најголемата инвестиција на меѓународниот малопродажен синџир „Лидл“ во Северна Македонија.  Станува збор за подготвителни активности за изградба на логистички и диструбутивен центар на „Лидл“. Според најавите на компанијата, логистичкиот и диструбутивен центар ќе се простира на околу 200.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна околу 80 […]

Жастин Трие е 8-та жена номинирана за Оскар за режија


Лос Анџелес- Повеќето прогнозери за Оскар се кладеа дека Грета Гервиг  ќе ја добие втората номинација за Оскар за најдобар режисер. Таа го режираше „Барби“, најголемиот филм на годината – и еден од најдобро рецензираните. Но, на крајот, тоа не се случи. Наместо тоа, Жастин Трие беше номинирана за „Анатомија на падот“, широко пофален филм […]

Волстрит џурнал: Хамас е отворен за преговори за двомесечно примирје во замена за ослободување на заложниците


Палестинската милитантна група Хамас покажа отвореност за преговори за ослободување на некои од израелските заложници во Газа, пишува Волстрит џурнал. Хамас им порачал на посредниците дека е подготвен да разговара за ослободување на жени цивили и деца во замена за „значаен“ прекин на огнот, објави синоќа Волстрит џурнал, цитирајќи египетски официјални претставници. Хамас ослободи 105 […]

Регионална конференција во рамки на проектот „Шанса за тебе“


Центарот за развој на Скопскиот плански регион организира дводневна заедничка прекугранична Конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор во областа на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничата област на Србија и Северна Македонија. Конференцијата во Скопје, како што посочуваат организаторите, е значаен чекор во насока на подобрување на прекуграничната соработка […]