Волстрит џурнал: Хамас е отворен за преговори за двомесечно примирје во замена за ослободување на заложниците


Палестинската милитантна група Хамас покажа отвореност за преговори за ослободување на некои од израелските заложници во Газа, пишува Волстрит џурнал.

Хамас им порачал на посредниците дека е подготвен да разговара за ослободување на жени цивили и деца во замена за „значаен“ прекин на огнот, објави синоќа Волстрит џурнал, цитирајќи египетски официјални претставници.

Хамас ослободи 105 заложници за време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година. За возврат, Израел ослободи 240 палестински затвореници од своите затвори.

Хамас претходно го поврзуваше натамошното ослободување на заложниците со крајот на војната. Според израелски владини извори, Хамас сè уште држи околу 130 лица кои ги киднапираа од Израел на 7 октомври.

Според Волстрит џурнал, меѓу нив има и израелскижени-војници. Израелската влада претпоставува дека 105 заложници се уште се живи и дека Хамас држи многу од нив во својата мрежа на подземни тунели.