Промоција на „Девет насоки од Тим 40”


Стопанската комора на Северна Македонија следејќи го концептот на примена на нови алатки за успешни бизниси, денеска ќе промовира „Девет насоки од Тим 40”. Преку Асоцијацијата на млади претприемачи-ТИМ 40 при Комората, ќе бидат презентирани и образложени девет општи идеи за подобрување на моменталната состојба за компаниите и даночните обврзници и за подобрување на живеењето […]

Изложба на фотографии на Сашо Саракинов во Уметничкиот центар АРТ ХАБ


Изложба на фотографии на Сашо Саракинов ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ. Се работи за прва самостојна изложба на Саракинов на која ќе бидат претставени околу 30 фотографии. -На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите […]

Две седници на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска има закажано две седници. И тоа 13. седница на која на дневен ред е останат само избор на уставни судии и 41. седница со три точки на дневниот ред.  Пред да биде прекинато последното продолжение на 13. седница на Комисијата се одвиваше дебата за кандидатот за […]

Продолжува Годишната конференција „Година на европски можности“


Продолжува дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата. Ќе се одржат три панел сесии, на кои ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година. Како што информира владината прес-служба, првиот панел за […]

Анализа „Позицијата на младите во 2023 година – Каква е младинската перспектива за 2024“


Младинскиот сојуз денеска ќе ја презентира годишната анализа насловена „Позицијата на младите во 2023 година – Каква е младинската перспектива за 2024 година“. Годишната анализа, како што посочуваат од Младински сојуз, е изработена во рамките на три одделни истражувања спроведени во текот на 2023 година, а во реализацијата бие вклучени повеќе од 4.500 млади луѓе […]

Нови 12 милијарди долари буџетска помош од САД за Украина


Министерката за финансии на САД Џенет Јелен синоќа истакна дека администрацијата на Бајден има намера да обезбеди на Киев буџетска подршка од 11,8 милијарди долари, а во рамките на дополнителното финансирање.  Од Министерството изјавија дека лидерството на САД во доделување директна буџетска помош за Украина стимулира други донатори кои обезбедуваат отприлика три четвртини од потребите […]

Студено утро, а денот сончев со температура до 11 степени


Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР. Во Скопје сончево со […]

Бајден и Трамп убедливо победија на примарните избори во Њу Хемпшир


Доналд Трамп е победник на примарните републикански избори во Њу Хемпшир додека претседателот Џо Бајден е прв во таборот на демократите како кандидат кој беше впишан од избирачите.  Убедливата победа на поранешниот претседател го прави уште поверојатен повторниот дуел меѓу него и Бајден на претседателските избори во ноември.   Според речиси половина од преброените гласови […]

Лос Анџелес Тајмс отпушта повеќе од 20 проценти од редакцијата


Лос Анџелес Тајмс денеска објави дека отпушта најмалку 115 луѓе, или повеќе од 20 проценти од редакцијата, што претставува едно од најголемите намалувања на работната сила во историјата на 142 години старата институција. Како што пренесе ДПА, овој потег доаѓа во време на проекции за уште една година тешки загуби за весникот. Намалувањата се неопходни […]

Холандскиот парламент го одобри контроверзниот закон за баратели на азил


Законот за поправедна распределба на барателите на азил во Холандија ја надмина последната парламентарна пречка и покрај жестокото противење на радикалните десничарски партии, пренесе ДПА. Горниот дом, или Сенатот, денеска гласаше за законот со јасно мнозинство. Целта е да се осигура дека барателите на азил се порамномерно распоредени низ целата земја. Доколку е потребно, локалните […]

Наставник од Прилеп држи бесплатни онлајн-подготовки за 6-то одделение по математика


Бесплатни онлајн-подготовки за претстојниот општински напревар по математика за 6-то одделение организира наставникот по математика Игор Богданоски од основното училичте „Блаже Конески“ во Прилеп. Првиот час се одржа синоќа. Пред почетокот Богданоски на социјалните мрежи објави повик до колегите, родителите и учениците. – Со моите ученици почнувам онлајн-подготовка за општинските натпревари по математика за 6-то […]

Ја остваривме визијата, имаме Национален џез оркестар, вели Костадиновска- Стојчевска


На сцената на Националната опера и балет синоќа своj прв концерт насловен JAZZ NOVA одржа новоформираниот Национален џез oркестар  под диригентската палка на Џијан Емин, кој во изминатите седум години работеше како Здружение на џез музичари „БИГ БЕНД“, а  со одлука на Владата доби статус на Национален џез оркестар. На првиот концерт беа застапени аранжмани […]

Турција го одобри членството на Шведска во НАТО


  Турскиот парламент го даде своето долгоочекувано одобрение за членството на Шведска во НАТО, со што оваа нордиска земја значително поблиску до приклучување кон западната воена алијанса по неколку месеци во неизвесност. Три месеци откако Реџеп Тајип Ердоган поднесе предлог-закон за одобрување членство во парламентот, пратениците гласаа за негова ратификација доцна во вторникот навечер. Турскиот […]

Часовникот на апокалипсата и годинава покажува 90 секунди од „крајот на светот“


Часовникот на апокалипсата или судниот ден и годинава, како и минатата, е на 90 секунди од полноќ, што симболично го означува крајот на човештвото, објави непрофитната организација „Билтен на атомски научници“ која секоја година ги приспособува стрелките во согласност со случувањата во светот. Организацијата соопшти дека светот се наоѓа во момент на историска опасност и […]

Воја Брајовиќ бил најсиромашен во времето на неговата најголема слава: Немав за леб


Актерот Воислав Воја Брајовиќ се присети како во времето на неговата најголема слава имал најмалку пари. Тоа беше периодот на популарност што му ја донесе серијата „Отпишаните“. Имено, Драган Николиќ и тој,  или познатите Прле и Тихи, од првиот хонорар едвај секој ден можеле да купат леб. „Каскадерите заработуваа многу повеќе од нас. Тие наплаќаа […]

Француски енергетски гигант купи германска компанија за дизајн на батериски системи


  Францускиот производител на енергија Тотал енерџи (TotalEnergies) денеска објави дека постигнал договор за преземање на германската Kyon Energy, специјализирана за дизајн на батериски системи. Француската компанија на тројцата основачи на Kyon Energy ќе им плати 90 милиони евра, а ќе исплати и дел од идната добивка во зависност од остварувањето на развојните цели. Kyon […]

Европската инвестициска банка инвестира 49 милијарди евра во еколошки проекти


Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо. Во 2023 година, вкупно 49 милијарди евра се слеаа во проекти кои преземаат акција за климатските промени и одржливоста на животната средина. Во претходната […]

Како враќањето на Трамп ќе го промени светот


Доколку се исклучат некои непредвидени настани, претседателските избори во САД во 2024 година ќе бидат реванш меѓу сегашниот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Иако повеќето Американци би биле посреќни доколку ниту еден од нив не се кандидира, во ноември, најверојатно Американците ќе се соочат токму со нив на изборите. Изборите веќе се […]

ВМРО-ДПМНЕ утревечер ќе ги соопшти имињата на министрите и дополнителните заменици во техничката влада


ВМРО-ДПМНЕ утревечер по седницата на Извршниот комитет ќе ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ќе бидат дел од техничката влада, потврдија за МИА вечерва од опозициската партија.  Седницата […]

Двојно повеќе апарати за магнетна резонанца, а ист број на снимања


Државниот завод за ревизија во нивниот извештај објави дека иако бројот на апарати за магнетна резонанца е дуплиран од 7 на 14 сепак бројот на услуги останува просечно по 2800 снимања по апарат што е за речиси 3 пати помалку од европскиот просек Од државната ревизија исто така констарирале дека во Мој термин од 2017-2020 […]