Голем пожар во Белград – гори Кинескиот трговски центар


Пожар изби утрово во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, јавија локалните медиуми.

Во гаснењето на пожарот се вклучени 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила.

Во тој трговски центар голем пожар избувна и пред повеќе од две години.

„Блиц“ пишува дека причината за пожарот се уште не е позната, а како што може да се види на фотографиите и видеата од местото на настанот, од центарот на трговскиот центар дивеат огромен црн чад и пламени јазици.

Според „Новости“, пред пожарот се слушнала експлозија.

Густ чад го покри целиот блок, а многумина излегоа на улиците да видат што се случува.

Во српското МВР дојава за пожар добиле во 06.57 часот.

Зголемен е бројот на пожарникари, па на терен се 51 пожарникар и 15 возила на Секторот за вонредни состојби.

Како што јави репортерот на „Блиц“, покрај пожарникарите во дуќаните има и лица кои се обидуваат да си ја спасат робата.

Од толпата се слушаат извици „Ајде, да излеземе одовде“, а пожарот среде трговскиот центар се прошири на сите страни.

Екипите на итната помош на терен за „Блиц“ потврдија дека нема повредени.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SERBIA LIVE – BEOGRAD (@serbialive_beograd)