Чествување на македонскиот јазик во Романија


Во Музејот на романската литература во Букурешт денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик. На иницијатива на Амбасадата на Северна Македонија во Романија, лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт, Елена Ѓорѓиовска и филологот по романски јазик и книжевност Теа Теохаревска-Иванова, годинава во фокусот на одбележувањето ќе биде 100-годишнината од […]

„Бесмртност“ – концерт во Филхармонија


 Во Филхармонија вечерва во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Бесмртност“, на кој ќе прозвучат дела од класичните мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер, овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола. Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски. Како што соопштија од Филхармонија, концертот претставува возбудлива музичка одисеја […]

„Кармина Бурана“ од Карл Орф вечер на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва во 20 часот концертно ќе биде изведена „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ. -Публиката […]

Тројца загинати во пукањето во кампусот во Лас Вегас, едно лице рането


По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен. – Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил. […]

Путин и саудискиот престолонаследник разговараа за односите меѓу двете земји и за ситуацијата во Појасот Газа


Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад разговараа за натамошниот развој на соработката меѓу двете земји и ситуацијата во Појасот Газа. Бин Салман ја пофали соработката меѓу Русија и Саудиска Арабија која помогна, како што наведе, „да се отстранат тензиите на Блискиот Исток“, објави саудиската […]

Постапката за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче во тек, останатите осомничени во 30-дневен притвор


Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе […]

Завршува скрининг процесот со ЕУ


 Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел ќе присуствуваат на билатералниот состанок со Европската комисија по „Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање земјава го завршува скрининг процес со Унијата. Завршниот […]

Тоалети кои ја одбележаа модата на аукција, од Сара Џесика Паркер до Елизабет Тејлор


Секој обожавател на „Сексот и градот“ веднаш ќе препознае два изгледи со висока моќност на продажба на најновата аулција од Julien’s Auctions – еден ансамбл што на екранот го носи ѕвездата на серијата и извршен продуцент Сара Џесика Паркер – бидејќи ја надминале функцијата на костими или мода и станале дел од трајната иконографија на […]

Г7 ја потврдија поддршката за создавање палестинска држава


Лидерите на земјите од Г7, на нивната синоќешна видеоконференциска средба, повикаа на „враќање на поширокиот мировен процес“ меѓу Израелците и Палестинците. Со тоа тие ја потврдија својата поддршка за создавање на палестинска држава. „Остануваме посветени на создавањето палестинска држава како дел од решението за две држави што им овозможува на Израелците и Палестинците да живеат […]

Бектеши и Шаќири на средба со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки


Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и  Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со  деветтиот пакет антикризни мерки. Со новиот пакет антикризни мерки, кој Владата го презентираше на 28 ноември, над 120 илјади ученици и студенти […]

Без електрична енергија делови од општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош. Како што соопшти РЦУК Скопје, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците „Индира Ганди“, „Хаџи Јован Шишов“ и „Тиквешка“,  Амбулантата и градинката „8-ми Април“ во општина Шуто Оризари. Во […]

„Еурактив“: Европската комисија подготвува „единствен пазар“ за одбранбената индустрија


Предлогот на Европската комисија за изработка на стратегија на ЕУ за одбранбената индустрија предвидува воспоставување и обезбедување на систем за снабдување со одбранбени производи, кој ќе опфати мапирање, следење, утврдување на приоритните нарачки и олеснет извоз во ЕУ, наведува „Еурактив“ повикувајќи се на содржината на нацрт-документот на ЕК во кој имал увид. – Стратегијата за […]

Почнува проектот за поддршка на АЦВ во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството


Конференција по повод започнувањето на новиот твининг лајт проект „Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството“, финансиран од ЕУ, а во реализација на Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата, како што е наведено […]

Сенатот не ја изгласа предложената помош за Украина и Израел


Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Израел и Украина за време на гласањето синоќа, во протест на, како што тие сметаат, разлабавената безбедносна политика на границите на САД.  Се гласаше по чисто партиска линија, со 49 против 51. За носење закон потребни се 60 гласови. При крајот на гласањето лидерот на мнозинството во Сенатот, […]

Европската автоидустрија бара намалување на „регулаторното цунами“ на ЕУ


Европската автомобилска индустрија бара обезбедување кохерентен законодавен пристап кон секторите од кои таа зависи, како што се рударството и производството на енергија и апелира за намалување на обврските што ги пропишува ЕУ врз основа на Зелениот договор, кои секторот ги доживува како „регулаторно цунами“ што ќе предизвика штети на неговата конкурентноста ако продолжи со сегашното […]

Петровска и Агелер во посета на учесниците на вежбата „Храбар партнер 23“ на Криволак


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер денеска на Криволак ќе ги посетат 180-те припадници на американската Армија за Европа и Африка, кои со поддршка на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ја реализираат вежбата „Храбар партнер 23“. Најавено е присуство и на бригадниот генерал Патрик Елис, […]

Облачно и студено со дожд, на планините снег


 Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе […]

Пукање во центарот Брисел, четири лица повредени


Четири лица се повредени вечерва при покотница на авенијата „Тоазон Д’Ор“, една од главните шопинг улици во центарот на Брисел. Според полицијата, најверојатно станува збор за криминална пресметка. – Добивме пријава за пукотница на „Тоазон Д’Ор“ околу 19:30 часот. Нашите полицајци веднаш излегоа на местото на настанот и го блокираа реонот, изјави портпаролката на бриселската […]

Космонаутите рачно го поврзаа леталото со МВС по проблеми со автоматското приклучување


Минатиот викенд, руското вселенско летало „Прогрес МС-26/86П“ доживеа проблем при приклучувањето на Меѓународната вселенска станица, поради што мораа да интервенираат руски космонаути. Леталото беше лансирано во петокот со помош на ракета „Сојуз 2.1“ од космодромот Бајконур во Казахстан, а подоцна имаше проблеми со усогласувањето што го изврши автоматскиот систем „рандеву“ за време на последното приближување. […]

Со новиот закон ќе има рокови за постапката на помилување


  Владата на денешната седница го разгледала и утврдила текстот на Предлог-законот за помилување предложен од Министерството за правда. Како што соопшти вечерва владината прес-служба, причините за донесување нов Закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и  99/16), од […]