„Кармина Бурана“ од Карл Орф вечер на сцената на Националната опера и балет


Фото: Б. Грданоски

На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва во 20 часот концертно ќе биде изведена „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ.

-Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар, велат од НОБ.