Обилни дождови во Индија, пет лица загинаа, а 500 се заглавени на железничка станица


Најмалку пет лица загинаа, додека околу 500 луѓе се блокирани на железничка станица откако силен дожд парализира неколку делови на јужната индиска држава Тамил Наду, поплавувајќи ги патиштата и нарушувајќи го одвивањето на железничкиот сообраќај. Во Тамил Наду ноќта меѓу завчера и вчера наврнале речиси 50 милиметри дожд, а во овој период од годината вообичаено […]

АД ЕСМ тврди дека се намалил бројот на вработени, затоа вработувале


 Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1.190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, бил по […]

Најскапиот фустан на принцезата Дијана продаден на аукција достигна цена од милион долари


  Фустанот што го носеше Дијана, принцезата од Велс во 1985 година, е продаден на аукција за 11 пати поголема од проценетата цена. Црниот вечерен фустан од кадифе беше продаден во аукциската куќа „Џулиенс“ во Холивуд за вкупно 1.148.080 долари и постави нов моден рекорд како најскапиот фустан што го носела Дијана, продаден на аукција. […]

Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар


Штрајкот во Државниот испитен центар за измени на Колективниот договор и зголемување на платите на вработените продолжува. Околу 700 кандидати чекаат да полагаат за лиценца што ја издава ДИЦ, но поради штрајкот тоа нема да се случи во оваа сесија, информираа денеска на прес-конференција раководството на Синдикатот во ДИЦ и на Сојузот на синдикати на […]

„Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на публиката – ноќ за паметење во Филхармонија


Македонска Филхармонија синоќа блесна во полн сјај, преполна сала со громогласни аплаузи за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“. Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола на посетителите им приредија ноќ за паметење и вистинско празнично задоволство за сите сетила. Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова […]

Што значат броевите на радијаторот? Можете многу да заштедите


Малку луѓе знаат како правилно да ја постават температурата на радијаторите и што значат бројките на радијаторот или термостатот. На вентилот има бројки, обично од нула до пет. Но, дали знаете точно што значи секој од тие броеви на вентилот и како можете да заштедите дополнително ако ги користите правилно? Секој број означува одредена температура: […]

Пендаровски: Патриоти се тие што не ги злоупотребуваат функциите


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во своето обраќање во Собранието, говорејќи за уставните промени порача дека поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. „Со одлагање на уставните промени, ќе пропуштиме уште една прилика која може да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи, […]

Бислимоски во Атина го заокружува двојниот мандат на претседател на Бордот на регулатори на Енергетска Заедница и претседател на РКЕ


Двојниот мандат на претседателот на Бордот на регулатори на Енергетска Заедница и претседател на РКЕ, Марко Бислимоски го заокружува со состанок во Атина, Грција, во полн состав на сите регулатори членки на Енергетската заедница, како и со присуство на директорот на Енергетска заедница Артур Лорковски и поранешниот директор Јанез Копач, соопштија денеска од Регулаторната комисија […]

Ковачевски: На „Архиродон“ е да одлучи дали ќе ја продолжи постапката за хидроцентралата „Чебрен“


На грчката компанија „Архиродон“, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Јас, како што кажа, не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање, ниту за оваа, ниту, пак, за било која друга која […]

Тројца избодени во прифатилиште за бездомници во Вараждин


Утрово околу 10 часот и 10 минути во прифатилиште за бездомници во Вараждин, Хрватска, во просторот на кујната, 37-годишна жена со нож повредила три лица на возраст од 31, 42 и 52 години, нанесувајќи им убодни рани, соопшти Полициската управа. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Вараждин, а нивните повреди […]

Проверете кои средношколци добија стипендија


Министерството за образование и наука соопшти дека дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2023-2024 година. Учениците кои се стекнаа со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од […]

Пет дена доцнат платите на вработените во основните училишта во Тетово


Доцни исплатата на платите во основните училишта кои се под надлежноста на Општина Тетово, алармираат од синдикатот на вработените во образовните установи. Според нив, со доцнење на платите наставниот кадар и другите вработени се соочуваат само во оваа општина, додека училиштата во останатите општини во регионот веќе ги зеле личните доходи. – Петти ден како […]

Што мисли светот за рејтингот на Зеленски?


Украинскиот претседател Володомир Зеленски според последната анкета има 62% поддршка од народот, наспроти 84 отсто во декември 2022 година. Тоа беше околу 10-тиот месец од целосната инвазија на Русија, кога јавниот морал беше многу висок. Многумина побрзаа да оценат дека Зеленски ја губи популарноста во земјата, уште повеќе што Валериј Залужни, главниот командант на украинската […]

Разбојници упаднале во куќата на голманот на ПСЖ, се заканувале дека ќе ја убијат неговата сопруга


Голманот на Пари Сен Жермен, Александре Летелие (33) бил цел на вооружени разбојници заедно со неговото семејство, а трагедијата била спречена со брзата реакција на полицијата. Четворица разбојници упаднале во куќата на Летелие во Хардрикорт околу 2 часот по полноќ ноќта помеѓу понеделникот кон вторникот. Голманот на ПСЖ ги разбудил сопругата Клои и двете деца […]

Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба


По сите барања постапуваме веднаш и е одговорено. Процесот на екстрадиција е во тек и сѐ е како што треба, изјави министерот за правда Кренар Лога, во врска со екстрадицијата на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција. Во изјава за медиуми по завршувањето на […]

За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава


 Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“. Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 […]

АХВ ги проверува новогодишните пакетчиња


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за […]

Уран на новата фотографија на телескопот „Џејмс Веб“ изгледа како портал во друга димензија


Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ направи неверојатна нова фотографија пред втората годишнина од неговото лансирање. Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА, кои управуваат со телескопот заедно со Канадската вселенска агенција CSA, споделија фотографија од ледената планета Уран. Оваа фотографија покажува нешто што изгледа како светкав син мермер кој плови во црн океан, а […]