Што значат броевите на радијаторот? Можете многу да заштедите


Малку луѓе знаат како правилно да ја постават температурата на радијаторите и што значат бројките на радијаторот или термостатот.

На вентилот има бројки, обично од нула до пет. Но, дали знаете точно што значи секој од тие броеви на вентилот и како можете да заштедите дополнително ако ги користите правилно?

Секој број означува одредена температура: водоводџија и мајстор Мартин Николс откри за The Sun дека бројките всушност покажуваат каква ќе биде температурата во просторијата, а не колку се „жешки“ радијаторите. Значи, секој број на вентилот одговара на собната температура што ќе ја достигне:

0 = 0°C (исклучено)

✱ = 7°C (попозната како снегулка) 1 = 10°C

2 = 15°C

3 = 20°C

4 = 25°C

5 = 30°C

Главната предност на ова е што ќе заштедите дополнителни пари само ако ги користите правилно, објасни мајсторот и ги советуваше луѓето да го постават радијаторот на подот на 2 или 3 во помалите простории во зимските месеци.

Ако влезете во просторија која е ладна и радијаторот работи, оставете ја на мира и не местете.

„Нека си ја заврши работата и нека ја загрее просторијата соодветно“, објасни тој.

Тој ги советуваше оние што се далеку од дома или одат на зимување, радијаторите да ги држат на најниска поставка, поточно на „снегулка“ (*) за да се вклучат на кратко, доколку температурата падне под седум степени целзиусови.

Конечно, неговиот совет е да не го поставувате вентилот на пет, бидејќи тоа значи дека радијаторот нема да престане да пумпа топла вода додека просторијата не достигне 30 степени.