Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“


Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило. – Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор […]

Легендарниот голман Леман казнет со 420.000 евра за оштетување туѓ имот


Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг. Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо […]

Моќни пораки од Конференцијата за женско лидерство на М6: Жените, мажите и младите треба заеднички да го трасираат патот до родова еднаквост


Да се скрши „стаклениот покрив“ што е синоним за родовата бариера во однос на женското лидерство и да се зголемат можностите жените да дојдат на позиции каде се носат одлуки, беше целта на одржаната Конференција на М6 Едукативниот центар. Конференцијата која е дел од програмата „Чекор Напред“ на М6 Едукативниот центар насловена како „Женско лидерство […]

Суарез им се придружи на Меси, Бускетс и Алба во Интер Мајами


Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (36) потпиша синоќа договор со американскиот прволигаш Интер Мајами, со што повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба со кои шест години ја делеше соблекувалната на „Камп Ноу“, освојувајќи притоа со Барселона четири титули во Лигата на шампиони. „Среќен сум и возбуден што ќе прифатам […]

МОН објави резултати од конкурс за стипендии за средношколци запишани во дуалните паралелки


 Министерството за образование и наука ги објави  резултатите од Конкурсот за стипендии за ученици кои се запишани во дуални паралелки во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година. Конкурсот на МОН е за доделување 1500 стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки  (паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен […]

Русија: Изборната комисија ја одби Екатерина Дунцова како претседателски кандидат


  Централната изборна комисија не ѝ дозволи на новинарката Екатерина Дунцова да учествува на претседателските избори во 2024 година. Независните руски медиуми јавуваат дека комисијата открила голем број сериозни грешки во документите доставени за номинација на кандидат. Според соопштението на комисијата, нотарот кој ги заверил документите направил грешки, вклучително и назначување на погрешен број на […]

Во автомобилот во кој било семејството на шефицата на албансиот специјален суд удрило друго возило


Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите. Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот […]

Силно невреме помина низ Северна Европа, во Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег


 Во некои региони на Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег откако бурата Золтан опустоши големи делови од северна Европа непосредно пред католички Божик, јави ДПА. Властите предупредуваат на големи поплави во делови од покраините Долна Саксонија, Хамбург, Саксонија-Анхалт и Баварија. Според податоците на германската метеоролошка служба, повторно се очекува да падне снег, […]

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија


Објавен е тендерот за избор на изведувач на третата делница  од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница.  Истовремено, во тек е и процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура). -Се очекува  во првиот квартал 2024 година да се избере консултант за техничка помош, во вториот […]

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет


Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг […]

Запленети 7.000 петарди и огномети во Битола


Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед […]

Даблин купи 22 возила за чистење од БРАКО


Градскиот совет на Даблин набави 22 возила од велешката фабрика БРАКО, кои ќе го чистат главниот град на Ирска. Шеснаесет од возилата се на класичен погон и шест возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот 400 ZE, машина со рачно управување, кој е еден од најпродаваните модели. Даблин ги избра возилата […]

Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество


Наместо да се истоштуваме во идеолошките и културни војни, да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество со јасни морални вертикали. На тој начин не само што ќе ја надминеме агонијата и ќе ја ублажиме кризата, туку и ќе ја вратиме надежта под македонското небо, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на […]

Буџетот за одбрана на САД за 2024 година изнесува рекордни 886 милијарди долари


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за одбранбениот буџет на САД за следната година во износ од 886 милијарди долари, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот минатата недела, соопшти Белата куќа. Буџетот за одбрана на САД за 2024 година е рекорд во историјата на земјата, кој вклучува и 800 милиони долари воена […]

Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола и стопанственик, почина на 78 години


  Во 78 година од животот почина Силјан Мицевски, македонски и битолски стопанственик, од областа на градежништвото, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Србија со седиште во Битола како и спортски работник. Мицевски долги години беше на чело на градежната фирма ГП „Пелистер“ во Битола, а воедно беше поддржувач на спортот во Битола. […]

Украинските специјални служби разбија корупциска шема за набавка на артилериски гранати за украинската војска


Службата за безбедност на Украина (ССУ) во соработка и со помош на Министерството за одбрана разби корупциска шема за набавка на артилериски гранати за украинската армија во вредност од речиси 1,5 милијарди гривни (близу 40 милиони долари). Прес-службата на ССУ објави дека како резултат на истражните дејствија во Киев, бил приведен шефот на една од […]

Годишен хороскоп за Стрелец: Во 2024 љубовта полна со подеми и падови, кариерата на тест


Прочитајте го годишниот хороскоп за Стрелец и дознајте што ви носи 2024 година кога се во прашање љубовта, здравјето и работата! Еве како ќе ви изгледа 2024 година! За Стрелците, 2024 година носи подеми и падови, авантуристички дух и зголемена грижа за себе. Ќе мора повеќе да балансирате помеѓу работата и личниот живот. Прочитајте го […]

Врховниот суд го одби барањето на обвинителот за брза одлука за имунитетот на Трамп


Врховниот суд на САД соопшти дека нема веднаш да го разгледа барањето на специјалниот советник Џек Смит да го забрза процесот на одлучување за тоа дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде кривично гонет за неговите постапки со намера поништување на резултатите од изборите во 2020 година. Одлуката на судот е победа за Трамп […]

Помалку договори и намален број на вработени: Како работеа текстилците во 2023


Намалување на договорите со странските партнери и намалување на бројот на вработени бележи текстилната индустрија. Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи и менаџер на познатата светиниколска конфекција „Мода“, годината што изминува е неповолна за текстилниот сектор. Димитров за МИА посочува дека причина за намалување на склучените договори со странските партнери е економската криза во […]

Најстудено во Берово, Битола и Попова Шапка


Во Берово, Битола и Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 Скопје-Петровец, Струмица и Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево и Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид и Дојран и 1 степен во Претор и Дебар. Снежна покривка од […]