Јапонската влада одобри 16 отсто поголем воен буџет


Јапонската влада одобри зголемување на воениот буџет за 16 отсто за следната година и го олесни законот за забрана за извоз на оружје. Јапонија го забрзува распоредувањето на крстаречки ракети со долг дострел кои можат да погодат цели во Кина или Северна Кореја, додека јапонските трупи сè повеќе соработуваат со сојузниците и преземаат сè поофанзивни […]

МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот


Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, […]

Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје


Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје. Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив, што се гледа и од фотографиите што ги направивме. […]

Партијата „Праведна Русија – за вистината“ ја поддржа кандидатурата на Путин за претседателските избори


Конгресот на партијата „Праведна Русија – за вистината“ (СРЗП) го поддржа номинирањето на актуелниот шеф на државата Владимир Путин за кандидат за претседателските избори во Русија во 2024 година. Одлуката беше донесена едногласно, а „за“ гласаа вкупно 192 делегати. СРЗП од почетокот не планираше да постави кандидат за претседателските избори. Таква одлука партијата донесе на […]

Музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“


На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ – Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“. Здружението „Трисомија 21“ соопшти дека во претставата, реализирана во соработка со „Колектив Ветерница“, биле изведени македонски народни и забавни мелодии. -Со музичкиот  аранжман се експериментираше и беше успешно прилагоден на можностите […]

МЗД ќе поднесе претставка до Уставниот суд за начинот на избор на членови во КСЗД


Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД) на денешната прес-конференција упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) тоа да биде непристрасно и во корист на граѓаните заради кои и постои оваа институција. Тие велат дека во изборот на кандидатите за КСЗД, пратениците не […]

Полските земјоделци го завршуваат протестот на границата со Украина, камионџиите остануваат


Полските земјоделци од утре ќе го завршат протестот на граничниот премин Медика со Украина, но возачите на камиони ќе ги продолжат блокадите на три други премини за Божик и ќе дозволат уште помалку камиони од порано да ја преминат границата. Полските возачи блокираа неколку премини со Украина од 6 ноември, барајќи од Европската унија да […]

Кој ќе го купи „Фени“?


  Кој ќе го купи македонскиот металуршки гигант „Еуроникел“ е прашање кое што и натаму си го поставуваат околи илјада лица кои работеа во компанијата која кај нас најмногу е позната по изворниот назив „Фени“ од Кавадарци. Судбината на комбинатот не е важна само за вработените, туку и за земјата во целина бидејќи станува збор […]

Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности


ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности. -Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.  ЈП „Улици и патишта“ […]

ФК Тетекс се жали до ФФМ, велат дека постојано се соочуваат со судиски неправди


Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово упати отворено писмо до Фудбалската федерација и до пошироката јавност реагирајќи на одлуките на судиите во текот на полусезоната. Револтирани се што нема анализа на работата на судиите, која ја оценуваат како неправедна.  -Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал […]

На Анчелоти му се допаѓа идејата за Суперлига


Шпанските фудбалски гиганти Реал и Барселона,, засега се единствените доследни на планот за формирање европската Суперлига, а тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти ја оцени идејата како добра. Реакцијата на стратегот на Реал уследи откако Судот на правата на Европската унија во средата соопшти дека УЕФА и ФИФА ја злоупотребиле доминантната положба, блокирајќи го со […]

Акропол ќе може да се посети и по работното време, но по цена од 5.000 евра


Грција планира да понуди ексклузивни тури до познатиот Акропол за помал број богати посетители надвор од работното време, почнувајќи од 1 април следната година, но по цена од 5.000 евра. Оваа мерка е дел од ревизијата на политиката за посети на археолошки локалитети и музеи, која ќе се прошири и на други места од април […]

Ниту густата магла не го спречи армискиот Дедо Мраз да слета од хеликоптер на аеродромот во Скопје


Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ. Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од  аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан. -По краткиот прелет со […]

Шестмина загинати и еден ранет во напад на турска воена база во северен Ирак


Шест турски војници загинаа, а еден е ранет во напад на турска воена база во северен Ирак. Турското Министерство за одбрана додаде дека најмалку седум „терористи“ се неутрализирани во областа. Под „неутрализирани“ турските власти подразбираат предадени, убиени или заробени луѓе. Во информациите од турското Министерство за одбрана не е прецизирано на која терористичка организација припаѓаат […]

Апасиев ќе се кандидира во првата изборна единица


Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица. -Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот, се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица. Претходно, претседателот на […]

Халанд најдобар фудбалер во светот во 2023 во избор на Гардијан


Британскиот весник Гардијан објави денеска листа со 100 најдобри фудбалери во светот во 2023 година на чие чело се најде норвешкиот репрезентативец и напаѓач на европскиот и светски првак Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Зад него е англискиот репрезентативец Џад Белингем од Реал Мадрид и Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ. Во топ 5 изборот на Гардијан […]

Муцунски се пофали со „новогодишна магија“ во Аеродром


Општина Аеродром го заврши со украсувањето за новогодишните празници, спроведено со сопствени средства. -Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации. Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук […]

Десеткратно зголемени случаи на денга треска за 20 години


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна […]

Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 50 метри во Демир Капија, информира АМСМ, во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, […]

Пратеничката Лидија Тасевска одликувана со орденот Витез на Националниот ред за заслуги


Амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер ја одликуваше пратеничката во Собранието, Лидија Тасевска од Куманово со орденот витез на Националниот ред за заслуги, за нејзиниот значаен придонес во развојот на односите помеѓу двете земји. – Овој ден засекогаш ќе биде врежан длабоко во моите најубави сеќавања затоа што имав огромна чест и задоволство да бидам одликувана […]