Џафери: Не би му посакал никому да се судри со закон


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е предложен за иден премиер во техничката влада, што треба да се избере на 28 јануари, на прашањето какви гаранции ќе и даде на опозицијата дека нема да дозволи да дојде до изборни манипулации и нерегуларности, изјави дека законската обврска за спроведување на изборите ја има Државната изборна комисија […]

Денарските депозити со раст од 11 отсто, девизните три отсто


Довербата на нашите граѓани во денарот се огледа преку последните податоци за депозитите, според кои штедењето во домашна валута бележи раст од 11%, додека во девизи од 3%. Стабилноста на курсот на денарот, којшто претставува столб на макроекономската стабилност, се гледа преку сите показатели, од кои најважни се девизните резерви коишто се повисоки во однос […]

Богоев: Граѓаните се незадоволни од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ


Граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ДПМНЕ, тоа го покажуваат истражувањата, истакна потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за „Слободен печат“. Богоев ги повика ДПМНЕ да си ги видат анкетите за задоволството од нивната градоначалничка во Скопје, од нивниот градоначалник во Битола, во Велес, Штип, Аеродром и нивните рејтинзи, кои покажуваат крајно разочарување […]

Поскапе струјата за третиот и четвртиот блок, првиот поевини, по 200 денари за пристап на мрежа


  Оние кои што штедат електрична енергија од Нова година ќе добијат „бонус“ со поевтинување на цената на електричната енергија за првиот блок, кој е за потрошувачка до 210 киловат часови месечно. Оние, пак, кои  трошат најмногу, од 631 киловатчас месечно или повеќе, ќе треба дополнително да го одврзат ќесето, бидејќи за нив Регулаторната комисија […]

Две возила ќе патролираат во потрага по возачи што ги прекршуваат правилата


Денеска,  во кругот на Министерството за внатрешни работи, претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска, на министерот Оливер Спасовски му предаде две возила, опремени со системот PolCam, внатрешен уред дизајниран за контрола и мониторирање на сообраќај и прекршоци на возила во движење. Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот […]

Спасовски: МВР ќе постапи ако има нови барања од ОЈО за двојното убиство


 Случајот со двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен, изјави министерот, Оливер Спасовски кој по презентацијата на проектот „Петарди не-безбедност пред се“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дека уште вечерта кога беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски случајот […]

СДСМ: БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка


СДСМ бара од коалицијата БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка. -Прво, затоа што на Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир, а не објект.Второ, затоа што било какви провокации и дејствија може да предизвикаат тензии […]

Со едукација на основците за рециклирање на создадениот отпад, „Макстил“ инвестира во екосвеста кај најмладите


Како дел од проектот на „Макстил“ „Инвестираме во нашата планета“ се спроведе едукација на основците на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“. Вкупно 870 ученици од 8 основни училишта од Општина Аеродром, од технолозите и инженерите од Макстил учеа за опасностите од создадениот […]

Невладина од с.Слатино со 65 жители добила грант за намалување на невработеноста


Слатино, село со 65 жители во Македонија од Министерството за политички систем на Артан Груби добило грант од 600.000 денари за ИТ Академија за намалување на невработеноста. Ова е само еден од 33 грантови, од кои патем сите со иста максимална сума од околу 10.000 евра, што се доделени на невладини организации од кои за […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски и директорот на Развојната банка, Наумов


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, ќе се обратат на прес-конференција за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник […]

Украинците уништија голем руски воен брод на Крим (Видео)


  Украинските вооружени сили го нападнаа и уништија рускиот десантен брод „Новочеркаск“ во пристаништето Феодосија на Крим, изјави командантот на воздухопловните сили на земјата, генерал-полковник Николај Олешчук. „Овој пат, предводникот на руската Црноморска флота, крстосувачот ‘Москва’, го следи големиот десантен брод ‘Новочеркаск’“, напиша Олешчук на својот канал на Телеграм. Тој не прецизираше како е извршен […]

Во МАНУ научен собир „80 години од холокаустот на македонските Евреи“


Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“ посветен на академик Иван Дејанов, предлагач на изградбата на првиот европски музеј на холокауст во Скопје. Организатори на научниот собир се Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките […]

Стојанче Ангелов: Крстот на Попова Шапка нема да падне


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил порача дека крстот на Попова Шапка нема да падне. „Првиот човек на Општинскиот инспекторат во Тетово Садат Сулејмани изјавил дека е донесена одлука за уривање на крстот во дворот на црквата на Попова Шапка но веднаш дополнил дека во Тетово има над […]

„Турското“ кафе станува „израелско“


Израелскиот производител на кафе „Strauss Coffee Israel“ најави нова линија на пакување за еден од своите најпознати производи, елитното турско кафе. Тој се одлучи на тој потег поради незадоволството на јавноста кон Турција по поддршката на Истанбул за Хамас во конфликтот во Газа. Компанијата објави дека новото привремено пакување ќе го задржи својот препознатлив изглед, […]

Данскиот бродски гигант „Маерск“ ќе го продолжи транспортот во Црвеното Море


Глобалниот бродски гигант „Маерск“ ќе ги рестартира операциите во Црвеното Море откако ги прекина активностите таму по нападите на бунтовниците Хути, поддржани од Иран, врз комерцијални бродови. Данската компанија во неделата објави дека ќе продолжи со испораките во Црвеното Море и Аденскиот Залив по воспоставувањето на новата безбедносна операција предводена од САД за заштита на […]

Со завршни зборови продолжува судењето за „Ласкарци“


Со завршни зборови на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени. На денешната расправа, како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски […]

Инстант лоз „7 х 7“ донесе „Hyndai bayon“ како роденденски подарок на Сања од Пробиштип


Државна лотарија ја привршува 2023 година како што и ја започна −бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања. Сања Симоновска од Пробиштип, среќата ја чекала во Делчево. Таа си доби роденденски, а воедно и новогодишен подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon. На 21 декември, на денот […]

Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава


Фондацијата за меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS) и официјално ја одобри македонската верзија на меѓународните сметководствени стандарди. Со ова, ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители успешно го заокружи процесот на превод на меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС), од англиски […]