(Видео) Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во верижен судар во Турција


Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а […]

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната


 Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада. „После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук. Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека […]

Елмас: Благодарам Наполи, нашата врска ќе биде вечна


Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас со емотивна порака се збогуваше од својот досегашен клуб Наполи.  – Драги фанови, ме дочекавте како дете, ме разгалувавте, ме заштитивте, ми помогнавте да израснам во маж. Заедно доживеавме убави моменти, поминавме незаборавни ноќи и доживеавме неописливи радости. Да се ​​биде дел од наполитанското семејство беше привилегија. Тука […]

Оваа година светот беше сведок на најсмртоносните земјотреси и поплави во поновата историја


Додека илјадници луѓе ги загубија животите во многу катастрофи предизвикани од климатските промени во 2023 година, многу земји ги доживеаја „најсмртоносните“ земјотреси и поплави во својата понова историја. Во продолжение преглед на најразорните земјотреси и поплави во светот оваа година. Иако годинава немаше земјотреси со јачина поголема од осум, имаше 18 земјотреси со јачина поголема […]

Најважните настани во регионот во 2023 година


ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ НА МИЛО ЃУКАНОВИЌ И ДЕМОКРАТСКАТА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА – Мило Ѓукановиќ (61), кој доминираше на политичката сцена во Црна Гора повеќе од три децении, беше поразен во април во вториот круг од претседателските избори од Јаков Милатовиќ (37), млад економист од политичката група во подем, Движење Европа сега (ПЕС). На изборите, целата опозиција беше […]

МОН ќе промовира дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение


Министерството за образование и наука (МОН) денеска во Скопје ќе промовира дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение, изработени во рамки на првата фаза од процесот на дигитализација на учебниците во основното образование. На настанот предвидено е воведно обраќање на министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Од САД за Украина 250 милиони долари – последна транша достапна без гласање во Конгресот


Вашингтон  – САД соопштија дека и доделиле на Украина 250 милиони долари помош за одбрана. Тоа е последната транша од помошта достапна без ново гласање во американскиот Конгрес. „Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси помагајќи и на Украина да се одбрани“, напиша државниот секретар Ентони […]

Белград, Истанбул, Париз и Рим – најактуелни дестинации за дочек на Нова година


Белград е најактуелен кај младите за дочек на Нова година, а од понудите со вклучен авионски билет најбарани се оние за Париз и Рим, додека од аранжманите со автобуски превоз најпродавани се оние за Истанбул и Италија. Агенциите што ги контактираше МИА велат дека и покрај поскапувањето на цените на понудите за патување во однос […]

Последна собраниска седница годинава посветена на пратенички прашања


Собранието денеска треба да ја одржи 137-та седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Ваква пленарна седница се одржува секој последен четврток во месецот. Ова е последна седница годинава за поставување пратенички прашања. Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратениците од опозицијата. 

Магла на патиштата во Струмица и Тетово


Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 80 метри има на патиштата во Струмица, а до 100 метри во Тетово, информира Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните […]

Возач на 53 години почина во синоќешната сообраќајка во неготинско


 Возач на 53 години почина, а уште еден е повреден во сообраќајката што се случи вчера попладне во неготинско, кога се судрија три патнички моторни возила. Од СВР Велес информираат за МИА дека сообраќајката се случила на регионалниот пат  Неготино-Кавадарци  кај местото викано ,,Антени” меѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки управувано од […]

Мојот изглед сега е пософистициран: Викторија Лоба открива зошто италијанскиот накит е идеален за секоја дама


Русокоса, синоока, со ангелска убавина, среќно омажена, секогаш насмеана и културна, поп-пејачката Викторија Лоба, препознатлива по дип хаус музиката,  се враќа на голема врата, онаа модната, како заштитно лице на новиот префинет и луксузен накит Rebecca, Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni, заедно со Кики Мукаетова. Македонската стилска приказна која веќе шеста година се […]

Сончево и релативно топло


Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло, а по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и […]

Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе


Прага – Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице. -При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши […]

Акиевска и Илиевски најдобри македонски спортисти во 2023


Македонската бодибилдерка Мери Акиевска во женска и кикбоксерот Бобан Илиевски во машка конкуренција ги освоија признанијата на традиционалниот, 69. по ред, „Избор на спортисти на годината“ што синоќа заеднички го организираа Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации. Наградата за најдобар македонски спортист во годината која изминува Илиевски ја заслужи со […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 28  декември  2023 година, 364-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 4 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Се создава држава во држава среде Германија. Екстремистите купуваат земја, имаат и „крал“


Десничарските екстремисти стратешки купуваат рурално земјиште низ Германија. Нивната цел е да создадат заедници кои се независни од државата, велат од германската разузнавачка агенција и владините министерства, а пренесува британски Гардијан. Властите и невладините организации кои ги следат екстремно десничарските групи велат дека членовите на движењето Рајхсбиргер, кое ја отфрла германската држава како што е […]

Земјотрес со јачина 3,8 во близина на Трогир


Посилен земјотрес вечерва ја погоди Хрватска, односно епицентарот бил на пет километри од Трогир. Според првите податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала и бил на длабочина од 11 километри. Епицентарот на земјотресот бил на пет километри од Трогир со 10.900 жители и 17 километри […]

Цените на нафтата над 80 долари, во фокус Црвеното Море


Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 80 долари на меѓународните пазари во средата, додека трговците се обидоа да го измерат ризикот од нови напади во Црвеното Море по најавата за зголемени меѓународни патроли во регионот. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 54 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и […]

Дел од општина Центар утре без вода


Без вода утре од 8:30 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улицата „Стив Наумов“, поранешна „Ленинградска“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Пролет“ 11.  Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.