Вучиќ: Нема да дозволам да ја украдат волјата на народот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека не се плаши од заканите што му ги упатуваат претставниците на опозицијата и дека никогаш нема да се сокрие бидејќи, како што рече, е избран од народот. Вучиќ ова го кажа коментирајќи ја изјавата на Здравко Понош, кандидат од листата „Србија против насилството“ дека на „Вучиќ не […]

Европското учество во извозот на руската нафта и гориво падна на 5 отсто


Русија очекува дека извозот на нафта и нафтени деривати во Европа ќе сочинува најмногу четири до пет отсто од вкупните испораки во 2023 година, изјави вицепремиерот на руската влада Александар Новак. Претходно испорачавме 40 до 45 отсто од нафтата и нафтените деривати во Европа, а оваа година очекуваме таа бројка да не биде поголема од […]

Иран и Русија договорија трговија во риали и рубљи


 Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина во билатералната трговија наместо долари ќе користат рубљи и риали, објавија денеска иранските државни медиуми.  Договорот беше финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот. Британските медиуми потсетуваат дека и Иран и Русија […]

Собранието усвои повеќе законски решенија во рамки на 135. и 106. седница


Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница без расправа усвои повеќе законски решенија меѓу кои и Законот за дополнување на Законот за странци што беше донесен по скратена постапка и Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, во прво читање. Без расправа […]

МФ: Буџетот за 2024 носи инвестиции, развој и одржливост


Собранието на РС Македонија денеска го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2024 година, којшто ги таргетира приоритетите и соодветно ги распределува средствата за исполнување на  јавните потреби на граѓаните и фирмите. Вкупните приходи во Буџетот за 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 […]

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката на патот Неготино – Кавадарци


 Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци, потврдија за МИА од неготинскиот Здравствен дом. Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.  Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и […]

Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ


Брисел – Францускиот весник Монд денеска пишува дека „под закана да ги отстрани шансите на неговата земја за влез во Европската унија, претседателот Александар Вучиќ, кој победи на изборите со сериозни нерегуларности, одбива да ги поддржи санкциите против Русија, а не се ни откажа од амбицијата повторно да го стави Косово под контрола на Србија“. Монд […]

Почина поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор


Париз – Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри. -Почина утрово на сон во својот дом во Париз, изјавила Обри. Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за […]

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година


Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница со 63 гласови „за“, без гласови „против“ и со 25 гласови „воздржан“ го донесе Буџетот за 2024 година кој е во вкупен износ од 5,5 милијарди евра. Едногласно со 87 гласа „за“ Собранието го донесе и Законот за извршување на буџетот. Вкупните приходи во 2024 година […]

ЕУ подготвува резервен план за финансирање на Украина во вредност од 20 милијарди евра


Лондон – ЕУ подготвува резервен план вреден до 20 милијарди евра за Украина, користејќи структура на долгот што ги заобиколува приговорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за финансирање на земјата разурната од војна, објави „Фајненшл тајмс“. Откако лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за предложениот четиригодишен пакет од 50 милијарди евра за Украина […]

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива кандидатите за министри во техничката влада, ниту пак за претседател


ВМРО-ДПМНЕ се уште не открива кои ќе бидат нивните кандидати за техничката влада на министерските позиции на внатрешни работи и труд и социјална политика, и во дополнителните заменици министри. На денешниот брифинг со новинарите лидерот на партијата Христијан Мицкоски исто така не ги откри кандидатите за претседател и најави дека партијата официјално ќе го соопшти […]

Родилка од Делчево починала ноќеска на Карил, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје


Родилка од Делчево, ноќеска починала на КАРИЛ во Скопје, потврди за МИА директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска. Родителката е донесена во лоша здравствена состојба.   Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека вчера после 10 часот родилката од Делчево била донесена во штипската Болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен […]

Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година според „IFFHS“


Цирих – Членот на Манчестер сити, Ерлинх Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS). Според резултатите од гласањето, Норвежанецот освои 208 поени. Второто место му припадна на Килијан Мбапе од ПСЖ со 105 бода, додека трет е Лионел Меси од […]

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права


Вашингтон – Издаваштвото на весникот „ЊујоркТајмс“ денеска поднесе тужба против Мајкрософт и ОпенАИ за наводна повреда на авторските права на една од најстарите и најголеми медиумски компании во светот.   Претстојниот судски процес, во кој весникот побара да одлучува порота во јужниот округ на Њујорк, отвара далекусежни последици за иднината на издаваштвото на вести во ерата […]

Во декември наредната година ќе почне испораката на оклопните возила „Страјкер“ за Армијата


Во декември 2024 година треба да започне испораката за 42 лесни оклопни возила „Страјкер“, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на брифингот со новинарите. Појасни дека тие ќе бидат испорачани во неколку последователни тури. -Согласно договорот во шест наврати треба да бидат испорачани, што значи не само што ќе бидат испорачани, туку ќе следи […]

Досега нема дополнителна информација за екстрадицијата на Љупчо Палевски


Министерот за правда, Кренар Лога денеска во изјава за медиумите прашан до каде е процесот за екстрадицијата на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, рече дека нема нова информација околу тоа и дека ако има нова информација таа ќе биде навремено споделена со јавноста. -Досега немаме никаква информација дополнително да […]

Зачувување и промоција на македонскиот јазик


Денес, на 27.12.2023 година, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“ потпишаа Меморандум за соработка која ќе се фокусира на подготовка и реализација на проекти во област на македонскиот јазик. Согласно Меморандумот, тие се согласија да соработуваат заедно на развој и имплементација на проекти од заеднички интерес, кои вклучуваат реализација на курсеви за македонски […]

Гази Баба го донесе Буџетот за 2024, Стефковски најавува силен развој


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека Советот на општина Гази Баба го усвоил буџетот за 2024 година.   Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:   ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА! Почитувани граѓани, Со особено задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница на […]

Трансплантирани срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.   „Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија […]

Нова донација за затворот Идризово, Лога најавува подобрување на условите во затворот


Министерот за правда Кренар Лога заедно со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу и директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски денеска присуствуваа на предавање донација за затворот.  Министерот рече дека ова е прва пратка и најави дополнителни донации по Нова година. – Агенцијата има добиено насоки, за сите количини што ќе […]