Во Монтреал пукаа во еврејски училишта


Две еврејски училишта синоќа биле мета на пукање, соопшти денеска полицијата во Монтреал. Припадниците на училишниот персонал откриле дупки од куршуми на фасадите на училиштата, но во текот на ноќта, во моментот на нападот, во нив немало никој, пренесува АП. Канадскиот премиер Џастин Трудо одговори на пукањето, велејќи дека Канаѓаните мора најостро да го осудат […]

Банкари очекуваат ЕЦБ да ги остави каматните стапки непроменети за некое време


Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно уште некое време нема да ги менува клучните каматни стапки, сметаат членовите на раководството на ЕЦБ. ЕЦБ ги зголеми каматните стапки 10 пати од минатото лето во обид да ја залади инфлацијата. „Прерано е за секој разговор за намалување на каматните стапки“, изјави во четвртокот заменик-претседателот на ЕЦБ Луис де […]

Истрага за синот кој го избодел таткото до смрт во Скопје – и откако паднал продолжил да го боде


за убиство при семејно насилство во Скопје 09/11/2023 21:15 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, при вршење семејно насилство, на 7 ноември го лишил […]

Колумбиските герилци го ослободија таткото на Дијаз


Таткото на фудбалерот на Ливерпул, Рубен Дијаз, е ослободен по 13-дневно заложништво од бунтовниците на левичарската колумбиска Национална ослободителна армија (ЕЛН), јавија вечерва локалните медиуми. Непознати лица ги киднапираа родителите на Дијаз минатата сабота во родниот град на колумбискиот фудбалер, Баранкас. Неговата мајка набрзо беше ослободена од војската, но по неговиот татко се трагаше со […]

Затруената вода во Хрватска имала рН 13,6, нормално водата има pH вредност 7


Раководителката на Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“, Андреа Ледиќ, за централниот Дневник на ХРТ изјави дека во шишето со минерална вода, кое им било доставено по труењето во Риека, пронашле хемиски состав што укажува дека е средство за чистење и одмастување. Таа откри дека останатите шишиња со пијалоци кои дошле на […]

(Фото) Авион од Лондон полета со четири скршени стакла, два немаа стакло


 Авион на Ербас А321 полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“ минатиот месец со оштетени два прозорци, додека другите два се водат за исчезнати, според британските истражители на воздушни несреќи. Девет патници и 11 членови на екипажот се наоѓале во авионот кој летал за меѓународниот аеродром „Орландо“ во Флорида на 4 октомври, со штета предизвикана од осветлувањето […]

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена. Во меѓувреме, Русија изврши два ракетни напади врз украински цивилни цели. Законите што вчера ги усвои украинскиот Парламент ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 14 февруари 2024 година. Воена состојба беше воведена во Украина […]

Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди


Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи. Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив […]

Евростат: Во ЕУ во 2021 година работеле 31 милион компании со 156 милиони вработени


Вкупно 31 милион компании работеле во ЕУ во 2021 година. Тие вработувале 156 милиони луѓе, соопшти денеска Евростат. Микропретпријатијата и малите фирми со до 49 вработени имале 98 отсто учество во овој број фирми. Овие компании вработувале вкупно 75,8 милиони луѓе или 49 отсто од сите вработени, а произвеле стоки или услуги за 3,3 милијарди […]

Германскиот министер за одбрана презентира план за зајакнување на армијата


 Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека реформите во воената бирократија на земјата ќе бидат забрзани како дел од тековните промени кои имаат за цел да ги направат силите поспособни да ја бранат Германија и нејзините сојузници, јави ДПА. „Бавните програми за купување опрема треба да се забрзаат“, рече Писториус на претставувањето на […]

Бредли Купер е најдобриот татко, вели Ирина Шајк


Бредли Купер и Ирина Шајк можеби ја прекинаа својата романтична врска во 2019 година, но нивната врска со родителството на нивната 6-годишна ќерка Леа де Сеин сè уште трае. Шајк имаше блескави работи да каже за Купер како родител во нејзиното интервју за насловната страница на ELLE. И двајцата потекнуваат од „нормално потекло“, рече таа, […]

Почина момчето кое беше застрелано на училиште во Германија


Во Офенбург на југоистокот на Германија, 15-годишен ученик застрелал врсник кој починал во болница денеска среде настава во училиште, соопшти полицијата. „Повредениот ученик во меѓувреме починал во болница“, се вели во соопштението на полицијата. Според полицијата, во четвртокот околу пладне 15-годишно момче влегло во училница во училиште во Офенбург во сојузната покраина Баден-Виртемберг и тешко […]

Жена нападната од нејзиното момче во Чаир


Жена на возраст од 32 години пријавила дека на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиното момче М.Ш.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Се заканувал преку телефон на вработените во амбасадата на Косово


Засега неименуван маж стана предмет на обработка од Основното јавно обвинителство Скопје, поради закани што преку телефон ги упатил до вработените во амбасадата на Косово во Скопје. Станува збор за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, […]

Пленковиќ очекува ослободување на навивачите од Хрватска уапсени во Грција поради смртоносна тепачка


Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека „очекува позитивен“ исход во случајот со навивачите на Динамо од Загреб, кои беа уапсени во Атина во август по тепачка и убиство на грчки навивач и ги замоли нивните семејства за трпение. Во Грција со недели нема нови вести за тој случај. Пленковиќ рече дека државата е […]

Вкупно 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје


 Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди  примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје – Скопје. – Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи […]

Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“


 Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“, добавувачот им соопштил дека нема да има испорака, оваа информација попладнево ја потврдија за МИА од синдикалната организација. Оттаму нагласија дека сите вработени, преку закачено соопштение како интерен документ, биле информирани дека добавувачот на храна од утре нема да испорачува храна. МИА вчера информираше дека Синдикатот […]

Сијарто: Приемот на нови членки во ЕУ треба да започне со Западен Балкан


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, оцени дека приемот на нови членки во Европската Унија ќе го направи европскиот блок посилен, дека ЕУ треба да започне со приемот на Западен Балкан и дека Србија е клучна земја во регионот. Сијарто рече дека Европската комисија правилно утврдила оти Србија постигнала значителен напредок на патот […]

Битиќи вели дека има добри оценки за економијата од ЕК


  Според извештајот на Европската комисија во Кластерот 2 имаме добра стартна позиција, но ни треба последниот момент, а тоа е општествен консензус за да ги почнеме преговорите со Европската унија, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Слободен печат“. Вицепремиерот Битиќи истакна дека во вториот кластер, кој се однесува на […]

Владо Јаневски кај Жаре во „Еден на еден“ в недела на Канал 5 (видео)


На 12 ноември, в недела, во 18, 30 часот, на Канал 5, ќе се емитува втората емисија од сезона 15 на „Еден на еден“ , а гостин на Жарко Димитриоски- Жаре е поп-ѕвездата Владо Јаневски. Гостувањето е во пресрет  на трите распродадени концерти на Јаневски во Филхармонија, на 16,  25 и 26 ноември, насловени  ,,Златни […]