Банкари очекуваат ЕЦБ да ги остави каматните стапки непроменети за некое време


Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно уште некое време нема да ги менува клучните каматни стапки, сметаат членовите на раководството на ЕЦБ. ЕЦБ ги зголеми каматните стапки 10 пати од минатото лето во обид да ја залади инфлацијата.

„Прерано е за секој разговор за намалување на каматните стапки“, изјави во четвртокот заменик-претседателот на ЕЦБ Луис де Гуиндос за словенечкиот деловен дневен весник „Финанце“.

„Од месец во месец ќе следиме како се развиваат работите, но во моментов нашиот план е да ги задржиме каматните стапки стабилни додека не ја исполниме целта“, рече Де Гиндос.

Централните банки ја користат каматата за ладење на економијата, а со тоа и индиректно инфлацијата. Тие имаат за цел да постигнат рамнотежа помеѓу силната побарувачка, која повторно ги зголемува цените, и економскиот раст, кој страда поради поскапото финансирање и послабата побарувачка.

И претседателот на француската централна банка, Франсоа Вилерој Галхау, во радио интервју ја отфрли идејата за предвремено намалување на референтната каматна стапка.

Истовремено, тој оцени дека каматите повторно ќе растат само во случај на „нов шок“.

Инфлацијата минатата година првенствено беше поттикната од зголемувањето на цените на енергенсите по рускиот напад на Украина.