Грчката полиција уапси навивач на АЕК, осомничен дека го убил младиот Кацурис


Полицијата уапси маж, навивач на АЕК и ја продолжува истрагата за неговата можна вмешаност во смртта на фудбалскиот навивач Михалис Кацурис во август, јавуваат грчките медиуми. Кацурис (29) бил смртно избоден со нож од непознати лица при конфликт меѓу ривалски фудбалски хулигани. Според Екатимерини, снимката од безбедносната камера покажува како осомничениот трча покрај Кацурис и […]

Tри болници погодени од израелски напади, тврдат властите во Газа


 Претставници на властите во Газа денеска соопштија дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници, нагласувајќи ја критичната состојба на здравствениот систем во палестинската енклава додека се обидува да се справи со илјадници повредени или раселени луѓе во Газа. – Израелските окупациски сили изведоа симултани напади врз неколку болници во […]

Пауел: ФЕД не се убедени дека направи доволно за да ја намали инфлацијата


Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во четвртокот дека тој и неговите колеги креатори на политика се охрабрени од забавеното темпо на инфлацијата, но не се сигурни дали направиле доволно за да го одржат моментумот. Зборувајќи нешто повеќе од една недела откако централната банка гласаше за задржување на референтните каматни стапки стабилни, Пауел изјави […]

Вашингтон одобри продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари


САД синоќа одобрија продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари, објави официјалната агенција на Пентагон. Романија е сојузник на НАТО и сосед на Украина, која е во војна. -Овој договор ќе ги поддржи целите на националната надворешна и безбедносна политика на САД со тоа што ќе овозможи подобрување на безбедноста на земја […]

Десет кубански спортисти побарале азил во Чиле


 Чилеанската Влада соопшти дека примила 10 барања за заштита на бегалци од спортисти кои неодамна учествувале на Панамериканските игри во Сантијаго. Вкупно 12 од 412 членови на кубанската делегација се уште се во јужноамериканската земја, соопшти портпаролката на чилеанската влада Камила Ваљехо. Од 20 октомври до 5 ноември во Сантијаго се одржаа натпреварите за спортисти […]

„Денови на Јустинијан I“ – 11. Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии


 Во Музејот на македонската борба денска свечено ќе биде отворен 11-oт Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја – Универзитет Св. Кирил и Методиј и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. На свеченото отворање обраќања ќе имаат проф. д-р […]

Бројот на загинати градежни работници во несреќата на градилиште во Хамбург се зголеми на пет


Полицијата во Хамбург доцна синоќа ја потврди смртта на петиот градежен работник кој загина во тешката несреќа на големо градилиште во Хамбург. Работникот беше пренесен во болница со повреди опасни по живот по уривањето на скеле на 30 октомври. Четворица градежни работници загинаа на самото место. Според претходните сознанија, скеле се урна и падна во […]

Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа


 Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека досега не нашол докази за израелски воени злосторства во Газа. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави дека во моментов нема докази за тврдењата на претставниците на Обединетите нации дека Израел извршил воени злосторства во војната против Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“. -Тоа се […]

Исчезна авион со тројца патници во Чукотка, на рускиот Далечен Исток


Авион „Ан-2“ со три лица, управуван од авиокомпанијата „Стриж Авија“, исчезна во Чукотка на рускиот Далечен Исток, соопшти претставник за вонредни состојби, пренесе Тасс. -Авионот полетал од Певек за Пољарна, но во закажаното време на слетување не бил контактиран. Во авионот има двајца членови на екипажот и еден патник, рече официјалниот претставник. Иако е утврдена […]

Израел нападна цел во Сирија како одговор на напад со дрон


Израелската војска денеска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно. – Пред кратко време, ИДФ ја нападнаа организацијата во Сирија која изврши лансирање на беспилотно летало кон Еилат вчера (четврток), кој погоди училиште во градот, соопштија израелските одбранбени […]

ЕУ треба да се подготви за проширување на 30, 33 или 35 земји


Во текот на натамошниот процес на проширување, Европската унија мора да биде подготвена за тоа дека правилата што важат за нејзините 27 членки нема да функционираат за 30, па дури и за 35 земји, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во Берлин на конференција „Состојбата во Европа 2023“ спонзорирана од фондацијата Конрад Аденауер. -Историјата […]

ЕК: Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување


Генерално, нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството и подобрување на правната рамка за заштита на основните права, оценува Европската комисија во Извештајот за 2023 година. Политичките актери, се вели во Извештајот, треба да се воздржат од јавно коментирање на судските постапки, додека Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување, а […]

„Шемов и јас“ – годишна изложба на основните училишта


Во Националната галерија, објект Даут пашин амам денеска во13 часот ќе биде отворена годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На изложбата ќе бидат изложени дела на учениците изработени под менторство на соработниците во проектот, професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот […]

УКИМ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе го одбележи  Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, кој е прогласен од Обединетите нации. На најдобрите научници и на најдобриот уметник од факултетите на Скопскиот универзитет ќе им бидат доделени награди кои ќе им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. […]

„Секвенци на рефлексијата” – изложба на Слободан Милошески


Изложба „Секвенци на рефлексијата“ од авторот Слободан Милошески ќе биде отворена денеска во Скопје, во просторите на Младински културен центар. Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс, а изложбата ќе биде отворена до 20 ноември. Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. […]

Изложба на досега неизложени дела на Борко Лазески


Изложбата „Во сеќавање на Борко Лазески“, на негови досега неизложени дела, ќе биде отворена денеска, во 19 часот, во неговата семејна куќа на улица „Отон Жупанчиќ“ 15, во скопско Дебар маало, по повод 30 годинината од неговата смрт. Делата се изработени во период од 1937 до 1950 година. – Неизложувани дела на Борко Лазески, зачетник […]

ЕК бара податоци од ТикТок и Јутјуб за мерките за заштита на малолетници


Европската комисија испрати официјално барање до ТикТок и Јутјуб да и достават информации за мерките што ги презеле за усогласување со нивните обврски поврзани со заштитата на малолетниците согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара ТикТок и Јутјуб да и достават податоци за исполнување на […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер […]

Не треба да сме изненадени од лошите оцени на меѓународната заедница, вели претседателката на ДКСК


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, вели дека многупати досега сме прочитале дека нема напредок во извештајот и не треба да сме изненадени од лошите оцени на меѓународната заедница. – Прашувам зошто сите се изненадуваме кога меѓународната заедница ќе ни даде лоши оценки дотолку повеќе што ние постојано укажуваме на тоа. […]

ЗНАМ одржа основачко собрание, за претседател избран Максим Димитриевски


Политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија денеска во Куманово одржа основачко собрание. На собранието, како што соопшти партијата, присуствуваа поддржувачи од целата држава. За претседател е избран Максим Димитриевски, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина Тодороска и Емил Јанески. Димитриевски е избран на предлог на Жанета Делова, претседателка на Здружението […]