Израел нападна цел во Сирија како одговор на напад со дрон


Израелската војска денеска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно.

– Пред кратко време, ИДФ ја нападнаа организацијата во Сирија која изврши лансирање на беспилотно летало кон Еилат вчера (четврток), кој погоди училиште во градот, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово.

– ИДФ го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од негова територија. ИДФ строго ќе одговори на секоја агресија врз израелска територија, се вели во соопштението.

Училиште во приморскиот туристички град Еилат вчера беше оштетено од дрон од непознато потекло. Вчера попладне ИДФ соопштија дека ги разгледува деталите за инцидентот. Нема извештаи за жртви.