Се уште нема потврда за учеството на Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје


Можните кандидати за претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ за 2024 година ќе биде една од темите на Состанокот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи попладнево во Брисел со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел, изјави министерот за надворешни работи […]

Грковска – Агелер: Транспарентноста е клучот за кредибилни и ефикасни институции


Унапредувањето на транспарентноста е клучот за решавање на многу проблематични точки во системот, бидејќи на тој начин јакне кредибилитетот на институциите и истовремено се штитат вистинските професионалци кои се дел од нив, констатитале вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер на денешната работна средба. […]

Аспирацијата кон ЕУ да не ги засени развојот на вештините и стратегиите за развој, порачува советникот на Азески


Советникот во Стопанската комора на Македонија, Кристофер Сандерс денеска порача дека фокусот на државата и на луѓето во неа треба да биде развојот на вештини и на реализирање на стратегиите за развој, наместо единствената аспирација да е членството во ЕУ. „Како очекувате која било компанија да инвестира овде кога единствената аспирација на луѓето е да […]

На Исланд за неколку часа регистрирани околу 900 земјотреси


Околу 900 земјотреси денеска се регистрирани во јужниот дел на Исланд, покрај десетиците илјади потреси што го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција. Поради земјотресите во текот на викендот беа евакуирани речиси 4.000 луѓе. Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е […]

Бактеријата ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп


Бактеријата ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп, потврди за МИА доктор Аспазија Софијанова, шефа на неонаталната интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што почина бебето. Таа посочи дека бебето било донесено од Прилеп на Детската клиника во Скопје во тешка состојба со откажување на бубрезите и на белите […]

Џентилони: Новиот геополитички контекст е нов поттик во проширувањето, да се искористи оваа можност


Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на панел дискусијата  „Градење економска соработка во тешки времиња“ на 20-от Виенски економски форум, истакна дека новиот геополитички контекст е нов поттик во проширувањето. – Овој нов поттик е всушност можност за Западен Балкан и тоа е можност да се надминат тешкотиите, ветата, бавноста со која се соочувавме во изминативе […]

Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски


Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.  Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност. -Таа претставува надоврзување и надградување на […]

Ковачевски на Виенскиот економски форум: Клучниот збор е интеграцијата


  По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО. Затоа интеграцијата мора да се случува во политичкиот дел, но и во економскиот дел. И затоа ние цврсто го поддржавме и го побаравме Планот за раст на Западен Балкан од претседателката на […]

Големи еколошки проекти во Кавадарци спроведуваат општината и министерството


Министерката за животна средина Каја Шукова денеска беше во работна посета на Кавадарци. Во општинската зграда таа оствари средба со пратеничката Даниела Колева и градоначалникот Митко Јанчев, а подоцна со градоначалникот беше на терен во увид на работите на проектот за кој Општината аплицирала и добила финансиски средства од Министерството. – Се работи за завршување […]

Почнаа промените во Полска: кандидат на опозицијата избран за спикер на парламентот


  Еден месец по изборите во Полска почна процесот за симнување на владејачките популисти од Право и правда (ПиС) од власта. На денешната прва седница на новиот парламент (Сејм), кандидатот на опозцијата, Шимон Холовнија, лидер на партијата Полска 2050, беше избран за маршалек (спикер) на Сејмот со 265 гласа, а кандидатката на ПиС, Елжбиета Витек, […]

„Букинг“ се спогоди со Италија во спорот за даночен долг од повеќе од 150 милиони евра


Дигиталната брокерска платформа за сместување Booking.com се договори со италијанските даночни власти за да стави крај на долготрајниот спор околу даночниот долг од 153 милиони евра. Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот заврши, соопшти италијанското државно обвинителство. Многу сопственици рекламираат сместување на Booking.com […]

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола


Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.  Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.  – […]

Медицинските училишта го чекаат посебниот Kонкурс за стипендирање дуални паралелки


 Раководствата на средните медицински училишта и на  здравствените паралелки во Штип, Тетово и Гостивар најавуваат дека ако до крајот на месецот, Министерството за образование и наука не го распише конкурс за стипендирање на околу 600  средношколци од дуалните паралелки, училиштата ќе поднесат претставка за дискриминација до Народниот правобранител. Директорката на СОУ „Јане Сандански“ – Штип […]

Израелската војска пред портите на главната болница во Газа


  Израелските сили стигнаа до портите на најголемата болница во Газа, бидејќи стотици пациенти, вклучително и десетици бебиња, останаа заробени внатре. Илјадници луѓе ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа, но здравствените власти соопштија дека преостанатите пациенти умираат поради недостиг на енергија во услови на интензивни борби меѓу израелските војници и милитантите на Хамас. Опремата […]

Со факултетски дипломи 42 проценти од Европејците и 37,7 отсто од Македонците на возраст од 25 до 34 години


– Околу 42 проценти од жителите на ЕУ на возраст од 25 до 34 години во 2022 година имале завршено високо образование, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат објавени денеска.  Во Северна Македонија, како што јави дописникот на МИА од Брисел, според овие податоци на Евростат, 37,7 отсто од граѓаните на оваа возраст […]

Во Романија почнува обуката на украинските пилоти на ловците „Ф-16“


Во Романија почнува обуката на украинските пилоти за летање со американски борбени авиони „Ф-16“, соопштија романскиот министер за одбрана Ангел Талвар и неговиот холандски колега Каиса Олонгрен, јави ДПА. Двајцата го отворија Европскиот центар за обука на Ф-16 (ЕФТЦ) што се наоѓа во воздухопловната база Борча, во близина на Фетешти, на 150 километри источно од […]

Јанакиески повеќе нема да биде гонет за „Топлик“, застарува случајот


Јавниот обвинител се откажува од кривично гонење на обвинетите во случајот „Топлик“ поради застареност на делото кое настана како резултат на измените на Кривичниот законик. Од Кривичниот суд информираа дека јавниот обвинител извршил преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите: М.Ј., Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т. од член 353 […]

Седум бебиња и 27 пациенти починаа во болницата Ал Шифа


Заменик-министерот за здравство во Појасот Газам Јусеф Абу Рих денеска изјави дека од саботата до денеска во главната болница во енклавата, Ал Шифа поради недостаток на електрична енергија починале седум предвремено родени бебиња и 27 пациенти на интензивна нега. Болницата Ал Шифа на 11 ноември беше мета на вооружени судири помеѓу Израел И Хамас. Болницата […]

На нож со крвта на убиениот навивач на АЕК откриена ДНК на грчки навивач


На еден од ножевите што полицијата ги пронашла на местото каде што на средината на август беше убиен навивачот на АЕК Михалис Кацурис, била откриена ДНК на 35-годишен грчки навивач, пренесуваат медиумите во Грција, повикувајќи се на извори од полицијата. Според државната новинска агенција АНА-МПА, по направената анализа на генетскиот материјал бил идентификуван 35-годишен грчки […]

ОН им оддаде почит на 101 хуманитарен работник кои се убиени во Газа


Вработените во Обединетите нации денеска им оддадоа почит на нивните колеги- хуманитарни работници кои од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во последниот еден месец се убиени во Газа, спуштајќи ги знамиња на половина копје. Вработените во канцеларијата на ОН во Женева ги наведнаа главите додека се палеше свеќа во спомен на 101 вработен […]